Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Дали по 2 царски има шаанси за пририроден пораѓај или се оди пак на царски директив
     
  2. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Mamicki sto mislite dali nedela dena posle pominat termin da pobaras da te porodat carski ke go storat toa doktorite ili ne? Za na GAK me interesira.Ve molam za iskustvo ili mislenje.

    Se izvinuvam za lat od mob sum.
    pozdrav :)
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас тука во темата гак или чаир ,по два пораѓаи сватив дека во чсир било подобро...
    Те советувам таму да одиш,зошто во гак маста ќе ти ја извадат па дури тогаш на царски ќе те пратат
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    И за во Чаир ако сакаш да се пораѓаш со царски, ќе ти требаат врски или пари. Знам неколку такви примери. Истото е и на ГАК.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Каква ви беше кожата на стомакот после царски?сега баш се зачитав на таа тема по др форуми и исчитав грозни искуства.По првиот порагјај(природно) немав никакви проблеми со збрчкана кожа и сл,не носев ни мидер се се врати во нормала мн бргу па ова што го прочитав ме зачуди.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    И јас и брат ми сме родени со царски рез ама како што вели мајка ми не било ептен страшно и нема никакви лузни од пораѓањето.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Зависи од докторот. Јас познавам жена која третиот пат се породи природно ама имаше поминато 5 години од последниот царски. Претежно пак ги порагаат царски.
     
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    SimonaTino се спремаш за трето :lol: ?
    Секако дека може и подобро би било да е природен ,нормално ако бебето си е нормално поставено.
     
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Не дека се спремам,некако ме фаќа криза за женско :$
    Па си реков млада сум...што ако се решам ?
    Зошто некаде читав дека по првиот царски ,вториот не е задолжителен но третиот да,се извршувало и + хируршка интервенција (врзување на јајниците)за да не останеме по 4-ти пат бремени бидејќи ризикот за компликации бил 90%...
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Мајки породени со царски, после колку време останавте повторно бремени? Маж ми да прочита ќе ме утепа, ама што ми фали бре тоа живото меше, уште утре би останала бремена. :$ Ме советуваа најмалку две години да чекам, поарно три бокса да ми акнеа. :rofl: Секако одма не сум во можност ( а и да ме чува Господ да не ги тргам маките за да останам бремена со години), ама сакам да си имам како опција. Еднаш мајка, уште сто пати мајка, значи. Никаква траума немам, и после се што поминав. :inlove:
     
    На LaDyDoLl и SimonaTino им се допаѓа ова.
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Браво!!!Баш ми е мило што вака размислуваш
    По царскиот (на 2от роденден на синчето )бев во 2от месец бремена :inlove:
    Можеш по една година да раб на случајот(јас раб 11 месеци |( )се скапавме работејќи :lol: не одеше од прва
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Имам пријателка докторка на Гак и баш неодамна дискутиравме за врзување на јајниците си е желба на родилката нема врска кој пораѓај по ред е. Можеш и после 5-то да ги подврзеш.
    А за желбава секоја чест,дај Боже да ти се оствари побргу. Популацијава ни е опадната во последно време доста,треба да ја покачиме. А во суштина што е животот без поколение?

    Исто и на elena.mak и посакувам уште едно ангелче во блиска иднина. Јас со второто останав после 2,5 години. И второво го родив царски,комплкикации никакви немам.
     
    На SimonaTino и Serafima им се допаѓа ова.
  13. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    Мешковции да ве прашам нешто! :)
    Првиот пораѓај поминав многу тешко,сега сум на почеток на 7ми месец (7 месеци и 3дена) и се мислам да закажам за царски затоа што имам сеуште трауми од првиот иако беше пред скоро 4години.
    Што мислите,дали повторно да одам природно или не,кажете ми некое мислење и искуство ако можете. :)
     
  14. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    198
    Драга,јас имам едно породување и тоа царски рез ама на сите им викам ако можете природно немојте на царски. Е сега точно незнам какви се болките на природно породување но колку и да се страшни траат неколку саати и следниот ден можеш на нозе да стоиш.
    Јас не можев да станам 3-4 дена од кревет после царскиот а на нормално одење и функционирање да не ти кажувам.
    Е сеа дај боже се да е во ред па како и да се породуваме се поминува и се заборава. Битно бебушките да се живи и здрави, :D
    Генерално мое мислење е дека треба да се послуша совет од докторот. Ако е се ок, да се оди на природно, ако има било каков ризик да се оди на царски,
    Ти посакувам лесно породување и живо и здраво бебенце,
     
    На Serafima и maweja им се допаѓа ова.
  15. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    325
    Фала ти многу што одвои време. :)
    И ти спомна ако е се во ред да се оди природно,значи се беше во ред и со ќеркичката ама не сакаше да излези и се уарни во мешето на мама :lol: па потоа ја влечеја со вакум. Па затоа се мислам,те ќе се решам за царски одма некој ќе ме предомисли,во збунка сум. А за болки по природен пат... :x
     
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ќерка ми ја правевме 100 години, првите две-три теми од бременост ми беа матични доооолго време! Пуста надеж дека второто ќе бидне полесно, инаку ќе се фрлам во Вардар ако треба пак истото да го поминувам, тие ужасни стравови, и разочарувања, и бројни болни тестови, и се. Лажам уствари, би го поминала тоа уште 100 пати, само да родам пак. Најмалку уште еднаш! Па може и ќе ми се оствари желбата да родам природно, кој знае?! :rofl: Уживам во мајчинството до степен да неможам со зборови да објаснам, верувам дека сите сме така. Преживеав и рај и пекол за време на бременоста и пороѓајот, ама сакам бре пак! Одма! :rofl:
     
    На SimonaTino, Serafima и pinklove88 им се допаѓа ова.
  17. pinklove88

    pinklove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Ќерка ми ја правевме 100 години, првите две-три теми од бременост ми беа матични доооолго време! Пуста надеж дека второто ќе бидне полесно, инаку ќе се фрлам во Вардар ако треба пак истото да го поминувам, тие ужасни стравови, и разочарувања, и бројни болни тестови, и се. Лажам уствари, би го поминала тоа уште 100 пати, само да родам пак. Најмалку уште еднаш! Па може и ќе ми се оствари желбата да родам природно, кој знае?! :rofl: Уживам во мајчинството до степен да неможам со зборови да објаснам, верувам дека сите сме така. Преживеав и рај и пекол за време на бременоста и пороѓајот, ама сакам бре пак! Одма! :rofl:[/quote]

    Браво ти се дивам!!!
    Јас сум 33 та недела и умирам од страв од царски и природно а ништо сеуште не сум ни искусила
    неможам да ви опишам колку се плашам

    Поздравче до сите :inlove:
     
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.122
    Пол:
    Женски
    Елена.мак,да даде Господ, не едно, туку близнаци да родиш и тоа што поскоро, кога имаш толку голема желба... Браво, ова е жена за пример, само храбро, мора да постои оптимизам, не сме ни први ни последни што го поминале ова, децата се дар од Бога и сите маки и стравови се забораваат кога ќе ги земеме во раце.
    На прагот пред пораѓај сум, едвај чекам да излезе ова човече, и не можам да речам дека не се плашам, прв пат ми е, но целиот страв се поттиснува со огромна желба и храброст дека се ќе биде во ред, едвај го чекам денот да го видам моето бебе. Мислете позитивно девојки, дали царски или природно, тоа мора да излезе,само да биде здраво и право и се во ред. Уживајте во бременоста, ова се најубавите мигови во животот, во ниту еден момент не почувствував загриженост, не се пожалив, едноставно препуштив се да се одвива како што е пишано и верувајте, овие 9месеци мене животот ми го направија убавина, ме променија за 360степени.
     
    На elena.mak и SimonaTino им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    elena.mak, SimonaTino ме утешивте душички, јас па мислев дека од хормониве ми е :D . Истиот случај сум и јас. Не знам кој крај да го фатам по дома, а повторно размислувам за бебе :wasntme: .
    И покрај тоа што поминав низ слични компликации, но ќе издржам и повторно, и повторно, па и повторно ако треба. Сеуште не сум целосно закрепната, факт е дека има по некоја последица (сеуште не си го чувствувам делот на стомакот од операцијата до папокот, како да не е мој), ама тоа е, мајка.
    Туку, како што ми доаѓаше на шест месеци, сега како што е и малиов шест месеци, треба да си ја фатиме работичкава со време. Тамам до година додека направи малечково, да стигне по Нова Година друг подарок. Важно на крштевката кумовите благословија до 5 да крштеваат, па мора да се испочитува благословот :lol: .
    Божја промисла. Си знае Бог, па и да не биде по втор пат, повторно ќе биде на друг начин. Нашата стара желба, ќе си посвоиме друго, па и трето, па.... Мама и тато сакаат многу деца, а големиот батко ќе си има и сестричиња и братчиња, многу, многуууу :inlove: .

    Настрана моето размислување, совет до другите мамички. Ако можете природно да се породувате, да не му се мислите. Никогаш не знаете каква последица ќе имате од царскиот. Навистина не сме ни први ни последни, ама од природното нема поубаво. Ако даде Бог и сите наредни ќе ги родам природно, само да е се во ред со нив и мене :) .
     
    На elena.mak и SimonaTino им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Девојки информативно ме занимаат неколку ствари
    1.дали носевте катетар за мокрење после царскиот?
    2.после колку време ви дозволиа да го доите бебето?
    3.и ако е се во ред и со бебето и мајката после колку време ве пуштаат од болница?
    :)