Тешко е да се свртиш боли првите денови ама јас се вртев на страна зашто грбот не си го осеќав. На стомак можеш откако ќе се осеќаш спремна, нема правило. И јас спијам само на стомак и ова голем проблем ми беше цела бременост, па и после тоа. Некаде третата недела почнав да спијам на стомак ама градите преполни со млеко ми сметаа Плус се плашев некој канал да не ми се запуши со млеко, а и душекот лом го правев дека само ми течеше на почеток. Совет што знам, јас не бев на договорен царски, во последен момент така одлучи докторот, но би рекла со убава мисла да одиш и без страв. Само опуштено
Совет, само не читај лоши искуства, секој е прича за себе. На страна се свртев дури после 4 ден, и тогаш и седнав како што треба во тоалет. На стомак негде после 10 ден од прилика си легнав. Заздравувањето зависи од тебе, што повеќе се движиш ќе бидеш супер. Додека си во болница гледај да шпарташ по ходници.
Мене на почеток ми беше тешко на страна..ама за една недела,ако не и порано веќе можев.за на стомак ,се плашев некако поради раната,ама док.ми кажа дека веќе можам,еве 4та недела сум и можам без проблем и на меше. Со убаво и со лесно нека мине и кај тебе
@Jana06 @monik55 @DELFINA81 Благодарам мами за советите, лошо е поставена беба за сега 90% ми викаат царски би било... Па си викам да се спремам однапред барем кога веќе ќе знам дека е царски.
Како што кажа членката погоре,само не читај лоши искуства. Мисли си позитивно,знај дека секој чекор во текот на припремата за операцијата во болницат,е чекор поблизу до бебчето.
Ќе мора да бидам похрабра, се надевам. А после колку време ги даваат бебињата со царски за на гак конкретно? Читам некои викаат еден ден само на интензивна се седело, само тој момент мислам ќе ми фали сакам одма да ја видам беба. Ама само се да е добро ќе имаме цел живот пред нас после тоа за гледање, мазење.
Нема да ја видиш одма, ама ќе се стрпиш. Ќе те симнат на оделение за неколку часа, они практикуваат додека имаш катетар да не ги носат бебињата ама ќе инсистираш и ќе ти го донесат на кратко. Сабајлето ќе те станат ќе се истушираш, ќе извадат катетарот и ќе ти го донесат бебе.
Јас во чаир бев.Само првот ден бев на интензивна.Сабајле во 7.30 не префрлија кај бебињата.Во меѓувреме ќе мораш што побргу да пробаш да станеш,за тебе е подобро.Јас после 5ч станав.Потоа исто низ ходник шетав.Мисли позитивно.Ќе биде се во ред.Не е толку страшно.
5 часа е многу брзо, уклучуваат инфузии терапии, јас првиот ден незнам колку шишиња инфузија испримив, доаѓа докторот што те породил да те провери. Има време за станување, тука е телефонот ќе се занимаваш еден друг ќе ти се јави.
На Гак ќе бидам јас здравје, ако по некоја случајност ми се посреќи и бидам природно океј ако не баш ќе пишам како сум поминала. Се надевам ќе биде се добро, верувам после неколку месеци ќе се заборави болката ваљда. Едит: додека си на интензивна имаш телефон со тебе? Еее супер инфо е ова нема да се мрднам од досада. Ќе ги замарам сите по дома и фемина.
Уште ова да ти кажам, откако прв пат ќе станеш, после за да ти е полесно станувањето, ќе го кренеш скроз креветот на далечинското како во седечка положба и ќе си станеш полесно.
Јас два месеци по операција почнав да зборам за второ дете Брзо се заборава стварно немаш никаква потреба да се секираш. За 5 мин го вадат бебето од тебе, додека да го видиш, да поплачеш од среќа тие веќе те затвориле. Целата процедура трае околу пола саат што нема да го осетиш. После треба пазење да не креваш тешко и да пазиш малку на исхраната додека се вратат цревата во нормала ама таман да симнеш некое кило
@Jana06 незнам јас како ќе размислувам после царски за 2 бебе, ќе видиме здравје. Ама како што бев уплашена и за првово дека со пцос знаеш те читав многу и тебе по темиве, па колку брзо и лесно се фати уште се чудам, ама џабе мислам дека и за второ ептен ќе ми е страв што како ќе биде и ќе сакам порано да почнам со обиди. Ама за тоа тогаш ќе мислиме, да дојде прво мојава инает кукла жива и здрава на свет.
Знаааам, се читавме во оние лошите теми Јас па дека ептен лесно бидна првиот пат, сега не се плашам ич, а ептен сакам ќерка овој пат Која недела си? Со лесно како и да се пораѓаш.
Дајбоже на сите со лесно да им оди забременувањето. Инаку 36+4 стигнавме сеуште не ми е верно. Како вчера да беше кога ги демнеев тие теми и се прашував кога ќе бидам и јас трудна а еве ме веќе пред пораѓај. Дајбоже Јана се да биде како што ќе си замислиш или слично барем, и повторно да те читаме во трудничи.