Секој има различна толеранција на болка, уште малце и ќе ти се среди повеќе и уплашена си се си мислиш да не ти пукнат конци или ако одиш исправено дека ќе те боли повеќе и згрчена си. Ослободи се прашај за мидер дали смееш да носиш али памучен заради раната и тој доста помага.
@Iva Mitrevski , и јас никакви болки немав, освен во болница што ме боцкаа. Опушти се, и слободно оди, не се плаши. И јас првите денови дома ептен бев претпазлива се правев како успорена снимка, ама тоа повеќе од страв и претпазливост.
Deneska se slusnav so maticnata, i prativ i slika. Rece deka nema sansi posle 3 nedeli da se pojavi nekoj problem, deka toa bilo zavrsetokot, deka tamu e siena fascijata i deka sega stvara fibroza zatoa ima reakcija. Mi rece da stavam oblogi od acidi borici i da go susam mestoto posle oblogi, a konecot ke padne sam. Sega ke teram vaka 2-3 dena pa ke vidam kako ke bide, samo sto osekjam malku peckanje
Индивидуално е кај секого. 10-от ден прв пат излегов до продавница, се движев многу бавно ама добро ми дојде, веќе од 20-от ден се чуствував понормално. Точно на месец направив генералка на цел стан (лоша идеја не пробувај, 3 дена ме болеше ужасно раната). Долго време пиев апчиња за болка, не се сеќавам точно, може околу месец до 40-от ден.
Исто и јас, ништо не се напив дома а неам ич толеранција за болки, дури чудно ми падна дека ништо не ме боли воопшто
Дечки претпоставувам милион пати е прашано ова ама од паника о збунка вртам ама не најдов колку време сум во болница со царски рез после колку дена ме пуштаат дома. Претпоставувам дека е различно ама пак иде од толку до толку. И некој хинт или тип да ми кажете што посебно да обрнам внимание. Во Чаир ќе се породувам
Јас се породив со царски во Чаир пред 2 месеци, 3 дена си таму на 4тиот те пуштаат освен ако немаш некоја компликација или треба да се прават дополнителни анализи на бебето. Најубаво да си земеш од вир влошките, постелнини пижами папучи не даваат да носиш твои се е нивно, вака нешто посебно нема освен што јас сум премногу задоволна од целиот персонал. Ако те интересира нешто дополнително пиши
Ти пишав ЛП за да не правиме тука редови. Јас спремив вир влошки, подлоги за под мене, гаќи за една употреба(не знам колку да земам 5-6), за гради влошки и маст, за лична хигиена несесер(гел, шампон, паста за заби), влажни марамици ама читам тие не давале, пешкири за лице и тело...за бебето памперс, крема и облека. Облека за мене предходно или после ми носат. И ова сакав да прашам да прашам за апартман или?
Штом те пуштат од болница ти носат облека за тебе и бебето, мислам дека таму не ти треба. Вака беше пред 2 год кога се пораѓав ако има некоја измена нека кажат други членови.
Пишувам за да ги охрабрам сите идни мамички кои поради некоја причина или сопствена желба ги чека царски рез. Јас бев тргната да се породам природно но ситусцијата бидна како што бидна и завршив царски. Лежејки на бокс докторката ми кажа дека ќе мораме да одиме на итен царски, цтг не било во ред. Се преплашив, не бев спремна ниту имав размислувано за царски рез. Но, се помина толку брзо и лесно, целата операција трае околу 20,30мин потоа ме однесоа во соба за будење каде што останав два часа. Болка никаква, нозе кревав и спуштав уште од одма. После тие два часа ме однесоа во соба, во полу легната положба ја поминав првата ноќ. Имав и катетер кој ми го ставија пред да почне интервенцијата. Сабајлето ме разбудија сестрите околу 6, станав со нивна помош, отидов до вц се измив и продолжив да се движам низ соба, имав чуство како раната да ме влече надоле (нормално чуство). Тој ден потешко функционирав но не се трудев, ми извадија катетер па постојано бев во вц. Сама си го кревав бебе и си го пресоблакав. Наредниот ден де осеќав уште поубаво, чуството на влечење надоле беше за нијанса помало но веќе почнав и со храна и тоа ми даде сила уште повеќе. По правило се седи 4 дена но јас си заминав со ден порано бидејки бев супер и сакав што побрзо да си дојдам дома со бебе. За дома си купив кетонслче и се напив неколку пати навечер зстос што ми беше тешко вртењето во кревет и помалку болно. После недела дена ми ги извадија и конците, и сега сум како нова, помалку изморена од неспиење навечер ама нели сега сум мама и се ќе направам за тие две мали очиња. Значи идни мами што ве чека царски, само позитивно, не е ништо страшно, и мој совет не залегнувајте во кревет, ќе биде потешко напочеток и станување и седнување и туширање и све, но све се издржува. Пс. јас имав уплав од вадење конци но не се осеќа ништо, местото е уште туѓо и осетив само како нежно чешкање. За следен пораѓај да знам дека ќе треба истото да го поминам и со болки и со се, директива би одела царски, премногу се измачувме и јас и бебче. Поздрав мамички
@Iva Mitrevski по царски, најбитно е да не залегнеш во кревет. Секое станување е полесно, поточно додека да ае иаправиш е тешко а потоа немаш мака. Мене уморот ме држеше 1 месец.
Носевте ли мидер после царскиот? Поминаа 20 дена од пораѓајот, мешето ми е спласнато ама има уште, сакам да почнам да носам ама да не е рано уште
Јас прашав кога ми вадеа конци, ми рече за еден месец, рано е уште. Следно ќе прашам на прва контрола кај гунеколог кога ќеодам дали смеам.
Мене кога ми ги вадеа конците прашав ми рекоа после 6 месеци ради раната. Иначе едвај чекам и јас да почнам да носам, 2ипол месеци поминаа уште имам стомак
Jas uste vo tek na operacijata prasav mi rekoa deka smeam, samo vezbi ne smeam da pravam 6 meseci. Posle 2 nedeli pocnav da nosam mider
Дечки мене ме испуштија денес ама сега ми текна дека не ми кажаа ништо за вадење конци ни како ни што? Па ни кога можам да почнам да се бањам денес ептен така од ведро небо ме пуштија во 2min се случи
За конци јас бев после недела дена, се бањав уште нсредниот ден во болница, па оттогаш навака секој ден туш, со сапун и вода и раната да се тапка убаво да се исуши
Како треба да изгледа раната после 10месеци? Ме буни што кај мене на некои места е испакната линијата, а на некои мазна. На гиниколог немам одено, освен на 40дена. Мислев да одам кога ќе добијам ама се развлече некако и уште немам добиено. Ама секако ќе одам овој месец