1. Да , се носи катетер после царскиот рез, два дена ако добро се секавам , односно кога ќе те префрлат во соба ќе ти го извадат. 2.Син ми беше со мене после околу еден -два часа откако се разбудив и подоцна истиот ден ми кажаат како да го дојам и се разбира започнав со доење истиот ден (јас сеуште немав млеко ама ми викаа со време ќе дојде, но кај мене не дојде ама тоа е иднивидуално). 3. Доколку се е во ред на петиот ден ве испуштаат од болница.
Катетарот го носев два дена , после немав осет за тоалет Бебето после раѓање си беше со мене цело време освен ако не им го дадев на сестрите за да одморам , значи од одма си го доев мене 4от ден ме пуштија дома , пошто се беше во ред ! Можев уште еден ден да останам ама доброволно си потпишав да ме пуштат , дома си е дома
значи секаде е различно јас се породив во битола во државна болница царскиот ми го направија во 13-30 часот ме сместија на интензивна носев секако катетер кој не боли бебето ми го донесоја околу 18 часот само да го видам неколку минутки не и да го дојам другиот ден околу пладне 11 часот ме префрлија во соба ми го извадоја катетерот и ми го донесоја бебчо со мене беше негде до 22 часот вечерта и сестрите го зедоја рекоја за да се наспијам добро сабајлето ми го вратија во 6 часот и беше со мене цело време се породив во вторник а во петокот на пладне ме пуштија дома
Ги пораѓаат царски веројатно затоа што многу скоро го имале претходниот царски рез. Инаку се препорачува после 4 год. од царскиот рез да остане бремена и да се породе природно. За тоа време матката ќе си дојде во нормала, ќе се опораве од операцијата и шансите за некаква компликација се намалени.
I jas se porodiv carski, a katetar nosev 3 dena i bas me nervirase Bev na intenzivna okolu 20casa,a otkako me prefrlija na oddelenie mi go donesoa bebus.Iako bev carski mleko odma mi dojde,pa taka go doev bebus,a navecer go nosea za da se naspijam i odmoram.Tretiot den,otkako mi go izvadija katetarot i infuzijata se preporodiv mislam.Stanav(so teski maki), se istusirav (konecno voda) a potoa se mazevme so bebus
..јас исто се породив со царски...додуша ова ми е второ породување и со двата сум со царски...за првото мораше а за второво нејќеше ни докторот да ризикува а да бидам искрена и јас не инсистирав многу-многу...инаку поминав одлично..уште на интензивна станав...немав ама баш никакви болки и беше многу чудно со оглед на тоа што со мене во соба имаше уште две мајки кој цело време офкаа...ваљда е индивидуално...само ми препорачаа да чекам најмалку 2 години за трето..
Ај да не ја натрупуваме Труднички муабети овде да прашам поискусни... Значи, терминот надминат 1 недела, цтг супер, плодова вода си има доволно, постелката е во ред,само бебуш не сака да излезе. понудено ми е да останам(оваа недела и ќе морам,7дена биле дозволени да се надмине терминот) и да се породам со индукција,еднаш одбив. нареден пат, за два-три дена ќе морам да одлучам, бебуш мора да излезе, само ме интересира ваше мислење, да одам со индукција, или да прифатам царски, ако не бидне природно?Веќе не знам што да мислам, само психички сум подготвена на се, вака-така мора да се роди, но што е подобро според вас?
Пробај со индукција па ако и тоа ме оди секако ќе завршиш царски, вака барем ќе се обидеш по природен пат.
Искрено, душо моја јас се породив со Царски на двете деца и тоа по моја воља. Ни еден единствен момент не зажалив за царскиот и уште 10 би ги родила така (ако смеам ) Баш е „Царски“. Си се будиш и оп ни мака ни ништо бебушот до тебе. Ок нема да можеш да станиш 3-4 дена ама и тие кои се породиле природно а се шиени, исто така не можат. Многу е одвратно ако ги истрпиш сите болки и на крај да те прават Царски. Ова е моето мислење!
Lady jas bi carski iskreno.Od pricina sto so indukcija moze ke se otvoris brgu a moze i ne,a bolki ke si trpis .Plus bebeto moze da se izmaci a na kraj pak da zavrsis na carski.ovaka barem ke zakazes ke znaes koga,odis i zavrsuvas.razmisli si ti najubavo si znaes.znam za carskiot se zboruva deka potrebno e podolg period na oporavuvanje i sl no toa e individualno i zavisi pred se od psihickata sostojba na majkata sto i da bide srekno
за тоа дека сите што се породени природно не можат да станат си грешка и тоа гоооооолема. и за двете деца сум природно породена и шиена и тоа за ова второво до кичмата испукав назад.па по 2 часа откако ме однесоа во соба станав и си се истуширав.нема споредба за брзината на опоравуванје-да не се лажеме. лејди ,сум пишувала во труднички муабети дека се породив лани со индукција.не ми беше надносен плодот имав уште два дена до термин ама сакав одреден доктор да ме породи па се договоривме да одам кога ке е дежурен. се породив за 4 часа,експресно се отворив ама контракциите се понеправилни за разлика од спонтаниот порогај.побрзо оди се ,болките се тие се трпи и заборава се.ако имаш некое прашанје слободно контактирај ме.со лесно.
Да не се лажиме, јас појма немам како изгледаат породилни болки или напон и сл. Јас тоа што сум го видела го кажувам. Е сега кога се породив имаше жени кои чекаа цел ден со болки и се породија тек 12 саати после мене. Едната сечена, другата пукнала, третата со огромни хемороиди и сите викаа и кукаа исто како мене кога станував . Секој со ссвоето искуство. Еве на пример јас сум со Царски а 3 ден се туширав на интимните делови без мака, и дете преслекував и се. 5 ден си отидов дома и смукав Зависи кој како се опоравува. Има жени со Царски кои не можат децата да си ги кренат од креветче. Јас секогаш се шегувам дека два пати ми го распараа стомакот и не видов толку мака колку што видов со градите.
Jas se porodiv carski 13 dena posle terminot.Nitu bev otvorena,nitu bolki imav,niti nisto.Probaa prvin so indukcija,ama nisto,ne reagirav na nea.Samo go voznemirivme bebus,na koj mu bese ubavko vnatre.Pukna vodenjakot,a plodovata voda bese zamatena,gadna.I odma na iten carski. I pak koga bi ragala bi sakala carski.Eve zosto;edna zenicka sto bese so mene v soba,se macese 2 dena so provokacija,pa bolki dobi a ne se otvarase,pa se macese so saati na box,bebeto visoko,pa ja gmecea,ja secea,pa se okrena bebeto,se zaglavi...strasno bese,i ispukaa kapilari po vratot i dekolteto.Zenickata molese da ja pravat carski,ama gin.insistirase prirodno da ja porodi.Na kraj koga zenickata pocna da se gubi od istostenost,ja odnesoa vo operaciona sala.Nemozese so denovi da se svesti...secena dole,secena gore,a cinam imase nesto problem i so bebceto.
Зошто бе мајки царски да се оди , зошто ако се може природно? И не секоја родилка испукува или ја сечат на природен пораѓај Јас со првото сум природно породена , го надносев 9 дена . Добив провокација и си се породив не ме сечеа нит ништо , болки мора да има нормално е , како го замислувате тоа . Ама се истрпува се . Плус не трае вечно Со второто сум царски не по своја воља . Голем плод , заглавен во родилен канал , главчето не убаво наместено и ред ред други работи . И не се осетив ни во еден момент како царица , породена ... шала Боли повеќе од природен пораѓај 100% јас неможев како нормален човек да станам до тоалет да се измијам без помош на мед.сестра , деновите без таблетки за смирување болки неможев да ги замислам 3от ден како малце живнав , станував се истуширав се средив се осетив ко човек. Раната боли секако , се учев да станувам од кревет . А тогаш му бев најпотребна на бебето . СО првото станав 5мин, од кога се породив . Чудно да ама вистинито . Станав од кревет со цел памет несвесна дека сум поврзана уште со триста инфузии , и од притисокот ке треснев и на земја ама сепак станав. Со царскиот станав после 12 часа одприлика ама два чекори од што ме натера сестрата , да беше до мене ќе лежев и недела дена така во кревет LaDyDoLl ти препорачувам да си одиш природно ! Сепак изборот е твој, Со лесно
Еве го и моето искуство со царскиот:Се породив царски не дека сакав туку морав бидејки сум многу ниска а бебето беше големо и сите доктори се сложија дека нема шанси да излезе природно.Секој организам е различен ама еве јас имав огромни болки после порагајот и воопшто не се осекав како царица.Најтешко ми беше легнување и станување од кревет и не бев способна бебето да си го држам.Иако бев психички спремна за царскиот и воопшто немав страв јас имав болно искуство.После 2 недели почнав да се движам колку толку и да се грижам за бебето.Се надевам дека второто ке биде природно иако мали се шансите за тоа Значи ако сте со царски ќе ви треба помош од блиските а ако немате кој како мене, ке се снаогате како знаете.
Јас сум за пρиρоден поρаѓај κај мене не биваше пρиρодно моρаше цаρсκи,не се отваρав болκи немав ни со пρовоκација надминат теρмин 10дена, еве 3недели сκоρо поминаа дуρи сега можам убаво сама да се гρижам, за бебчето болκи имав многу пρвата недела,едвај станував од κρевет сама и едвај го доев сепаκ е опеρација и си баρа вρеме и внимание за заκρепнување
Јас два пати природно се породив а па 2 пат толку брзо и лесно што после 3 саати се туширав, одев. За царскиот немам лично искуство ама тие што ги гледав околу мене беа во потешка ситуација од мене.
Женски јас имам една дилема... 32ра недела сум, и размислувам за порагај веќе. Од искуства на блиски гледам дека за природно треба бааги мака, и се мислам да си закажам царски. Ама од друга страна може кај мене природно ќе е лесно, активна сум физички, поправена сум само 6-7 кила и сите ми велат дека е попаметно природно да пробам... Знам дека треба сама да одлучам но ве молам за совет, позитивни и негативни страни на царски наспроти природен ако може?
Позитивната страна на природниот е што ќе те боли за време на породување ама и после тоа малку ( би требало). Негативната е што ќе те сецнат малце ако не си отворена доволно за да се породиш. И после ќе те шијат. А за царски рез позитивната страна е што ќе те успијат и ќе те сечат доле кај стомакот за да ги извадат бебето, ти тоа не го чувствуваш бидејќи си под анестезија. Но, негативната страна на царскиот рез е што после тој зафат боли највеќе и опорувањето е многу тешко. Кога ќе се завртиш на лево или десно мислиш сите црева ти се превртуваат. Подобро речено многу боли. Башка може и лузна да ти остане. Бидејќи ќе те шијат. Е сега незнам може има понов напредок во царскиот рез, порано било вака. Јас сум повеќе за природно породување бидејќи тие 2-3 часа болка што ќе ги осетиш се многу малку од болките после царскиот рез. Спојлер П.С. Не сум родилка, но ова ми го кажуваат родилки кои се породиле природно и со царски.