Јас не мачкам ништо, ништо не ми кажаа да ставам еве еден медец помина малку се гледа ммг сум задоволна
Мила со лесно нека е заздравувањето,честиткиии бебчето живо здраво да е.. можеш да ми кажеш кај кој доктор правеше царски во Чаир, јас вадев канали лапаро и хистеро кај Зоран Илиевски и сум ногу задоволна сега сум на 6 месец здравје имам време но инвитро сум и одам за се во систина но веке многу трошок имав 6 инвитра и здравје мислам во Чаир кај Зоран за пораѓај само бог да не чува до крај но здравје ти како помина?
Јас се извинувам што упаѓам вака во муабетот. Сакам да кажам дека пред 3месеца се породив царски кај Илиевски и супер поминав.Докторот е крајно профи.,се грижи за пациентите.,претходно почнав од 36та недела кај него,баш од тие причини како и ти @Luni .бев во Ремедика ,цела бременост,па после во Чаир.И за време на прегледите кај др.Зоран исто бев задоволна.Така да топло ти го препорачувам,мада таму има и други стручни и одлични доктори. Кога поминаа бе 6 месеци.. Како вчера да беше.Со лесно до крај
Дали некоја мајка би сакала да сподели како ви беше опоравувањето после втор царски во споредба со првиот? Дали ве сечат пак на истата рана и колку време чекавте пред пак да почнете бременост? Јас одсекогаш сум сакала две дечиња со мала разлика и одвај чекам пак да имам бебушче, само страшно ме мачи помислата како би било пак да минувам низ сето тоа
Колку што имам читано, препорачливо е после 1 г. и 8 мес. до 2 г. Јас останав бремена на второ после година и пол, и многу полесно поминав. Резот е на истото место. Наредниот ден без проблем станав, и опоравувањето беше побрзо од првиот пат.
Мила фала на инфо и на убавите зборови.. Ете и јас се чудам кога летнаа месеците 25+ недела бебе си расте мрдка едвај чекам во раце да го земам вас ве гушкам вие сигурно си пораснавте..
Јас се породив во Ре-Медика супер задоволна сум и од медицинскиот кадар и од останатиот кадар на болницата со две се породив машко и женско.Еве сега за 9 месеци сум повторно на пораѓај повторно сум бремена и досега и гинеколог и све сум задоволна.
Втор царски. Пред три месеци ми беше првиот со близнаци (машко и женско)сега за девет месеци ќе имам втор царски дај боже.
Аха, не те сфатив. Мислев која е процедурата со трет царски, дали ги подврзуваат јајниците. За природно си прашала дали се нафаќаат после царски или пак сакаш царски да одиш?
И по втор ги подврзуваат ако сакаш. Не може да ти ги подврзат без твоја согласност дури ни по трет. Или и јас тебе лошо те разбрав?
Па јас како да прочитав некаде дека обавезно ги подврзуваат по трет царски. Ако најдам каде, ќе пишам.