Ова мене се ме прашуваа на прием уште, и запишуваа во историјата. Само не за царски дека беше итен прием. Анестезиологот на царскиот ме праша само кога последно сум примила клексан, се другото гледаше од историјата.
Не знам како им е редот и како работат.Мене ме примија во недела сабајле доле.А разговорот со анестезиологот беше поручек исто недела во собата кај што бев сместена на патолошка Утрото беше царскиот.
Да пишам и јас тука На 22 се породив царски. Од толку страв заради повреда мислев страшни болки ќе имам. Болки само менструални на операција единствено само повраќање. Морфиум ми дадоја по потреба да си пуштам не го искористив. Ова е само да ви кажам дека не значи дека ќе имате страшни болки дека нема од кревет да станете. Јас истата вечер и сменив памперс бебе 24 часа со мене од сам пораѓај и нареден ден ме станаа и се туширав. Со лесно да ви е на сите
Ne znam.... Ete taka bese so mene. Vlegov vo sala mi ja zemala papkata i anesteziolog kaza deka ke odi so celosna radi kleksanot, a mi bese kazano deka ke bidam svesna. Dali e kaj site taka ne znam
Зависи од времето кога е примена последната доза, и растојанието до операцијата, не едека сите што се со Клексан се со општа и обратно..
Денес бев на прв гинеколошки преглед после царски, матичната ми кажа дека внатрешната рана уште не ми е убаво зарасната а надворешната е се ок. Поминаа скоро два месеца од царски? Добив впечаток дека до сега би требало и внатрешната да е зарасната, а кајмене не е. Има некој со ваква ситуација?
Да не си отишла рано на преглед, обично после 6ти месец после пораѓај прават редовни гиниколошки прегледи, ако не го рачунаме само ехото што се прави после 2 недели од пораѓај
Сите што примале терапија со клексани мора да бидат царски ? Кај мене трансфузиолог навел во извештајот денот кога ќе се пораѓам да се прескокне терапија а потоа уште 20 дена да ги боцкам.
Внатрешната рана заздравува 3 месеци. Затоа се препорачува да се почне со вежби после 3 месеци. А тоа што си отишла на преглед порано е ок. Мене ми рекоа после 6 недели на контрола.
Во глобала колку време после царски ви требаше да закрепнете онака скроз да се вратите на старите вие? Сакам да прашам и за односи после колку време може да се има?
Јас сум буквално вратена на старата јас 15 дена после царски. Искрено од 3 ден шпартав нагоре на долу немав болки ептеен некогаш при станување од кревет. Ама затоа сега исто како да не сум породена царски. За односи незнам никој ништо не ми рече ама сепак ќе почекам 2 месеци барем немам ни некоја желба искрено цел ден со бебе не сум спијана како што треба па користам таа кога спија и јас да спијам