Колку време после царскиот ви даваат храна? И сега најново у Чаир после колку дена од царски ако е све океј пуштаат дома?
А дали за време на царскиот рез прават подврзување на јајници? Мене ми е втор пораѓај и не сакам повеќе да раѓам. Ќе се породам со царски за десетина дена, па да си знам ако може така да се направи.
Потпис мислам бараат од мајка и татко за подврзување ама најдобро да си разговараш со докторот што ке те пораѓа
Да прават подврзување по твоја желба. Се потпишуваат некои документи само. Другарка скоро направи после трет царски.
Јас бев со целосна анестезија, не ми дадоа 3 дена ни вода ни храна. После 3 дена бистар сок и 2 парчиња двопек. Предходниот царски бев со спинал, веднаш ми рекоа да пијам течности, следен ден ми дадоа доручек. Две различни болници, два различни пристапи. Во секо случај прегладнев, три дена пекав за голтка вода, четвртиот ден му се јавив на мм и му плачев 10 мин дека немав млеко затоа што бев гладна, дури после 6 дена ми дојде млеко.. Јас не бев во чаир ама во болница бев 5 дена.
Јас кога ми зарасна раната скроз. Ама малку носев зошто беше многу жешко. а разлика видов само на кожата од мидерот поизмазмета ми беше од стриите хаха стомакот немаше разлика кога го носев може не бил квалитетен
Лани се оперирав со целосна,само 24 часа не смеев ништо. И јас прв пат слушам три дена без вода, како издржа не знам
За тоа ке зборуваш со докторот кој ке те пораѓа. Кажи дека сакаш, ке ти објасни детално, ке потпишеп документи за согласност, и малку подолго ке трае операцијата. И јас донесов таква одлука, ако родам второ да ги подврзам. Зошто од таткото?
На трето се породи пред една година во Битола и за подврзување и побарале и потпис од маж и. Сите три царски ги има родено