Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е во ред мажот да дава согласност, но барем да биде известен би требало според мене.
    Јас би сакала да бидам упатена во било какви промени кај маж ми. Така да, ова мажот да биде вклучен во процесот до некаде ми е во ред.
     
    На Skorpija25 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  2. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Сопругот секако ќе биде упатен, претпоставувам жената би разговарала со партнерот прво во врска со ова. Стварно е без врска да треба потпис од него. Дали и за вазектомија треба потпис од сопругата?
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Па да, ние си претпоставуваме дека жената ќе разговара со мажот меѓутоа мора тој некако да биде заштитен нели? Истото треба да важи и обратно.
    Не знам како е навистина, само гласно размислувам.
     
    На Watermelon96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Исто како за абортус, последен збор е на жената. Мажот може да не се согласува, или да е лут, или среќен, ама нема право да одлучува.
    За вазектомија кој се прашува? Мажот.
    Дали заедно донесуваат одлуки или не, не е битно.
    Сопружник одлучува ако прашање живот или смрт, органи да донира итн ама ако жената не може да каже за себе.
    Известен е едно, одлука друго.
    Ни доктор не смее да одлучи во име на жената ако не и е животот во ризик.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    7.267
    Пол:
    Женски
    Катастрофа жива, три дена пресушив буквално, погладна во живот не сум била.
    Најголема траума од пораѓајот ми е ова (facepalm)
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    И мене. Вода не ми дадоа цела ноќ, дури утрото кога ме спуштија во соба. Само усните со памук. ;( Храна добив не знам кој ден, а будала не се прејадов ден пред да раѓам, нешто без врска јадев. Во соба сонував сендвичи пици...
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    јас во систина се породив и во интезивнс нега побарав вода ми дадоа после имав вода сок бистар колку сакам башка не ми се ни јадеше од инфузииве утредента двопек па супа и така полека почнуваш со храна...
     
    На Moce19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Која недела се породивте со закажан царски?
    Мене првото ми е пред 5 год родено царски, и денес бев на прво цтг и да се запознаам со др што ќе ме пораѓа, одма рече царски и второво. Инаку, првото со целосна анестезија ова со спинална ми кажа. Има разлика нели? :) Ќе го осетиш бебето одма.

    Исто дали вториот пат полесно станавте од првиот? Јас два дена не можев да станам, болки имав во матката. Сега може поискусна ќе си барам инекција против болка
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Со спинална си будна и свесна, веднаш ке се запознаеш со бебе. Анеатезијата не оди во бебе воопшто, полесно ја поднесуваат пациентите и уште мн други бенефити има.
    Најчесто закажуваат 38+ ама зависи од докторот.
     
    На Lili4e и Moce19 им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    77.009
    Пол:
    Женски
    Мене првото ми е природно, второто царски. Но можам да ти кажам искуство со спинална. Будна си, се слушаш, допири осеќав, но болка нормално не. Но тоа тегнење, чепкање го осеќав, но не беше страшно. Јас мислев не почнале, а тие веќе го извадија бебето, брзо е. Одма си плаче, ти го покажуваат, го доближуваат до тебе, па ако има можност и фотка една ќе ви направат. Јас осетив олеснување кога ја извадија од мене, како баш тежината да ја тргнаа од мене и како одеднаш да станав полесна, многу интересно чувство :) Мене прв царски ми беше тој, но втора операција на стомак (слепо црево оперирав на 17г) и искрено тоа повеќе ме болеше дека повисоко раната, не можев ни малку да се насмеам и 2 недели си плачев и се влечев низ дома :D А царскиот ми е доста ниско и со болки супер поминав, за прв пат ми помогнаа, а веќе после тоа сама станував и за 7 дена како нова бев, се сама правев дома и супер се движев. Може и дека со бебе до тебе, таму ти е паметот, не во болката. Но ми даваа тие 4,5 денови во болница лекчиња за болки :)
     
    На kostovaivana, MilaSs12 и Lili4e им се допаѓа ова.
  11. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    38+4 ме породија мене. Прво породување ми е ама имам лани правев операција вадење миоми со целосна и споредба ми нема. Сега се беше полесно ,и станување и опоравување ,одма без проблем се правев.
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    38+3
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Девојки, колку време по царски рез смее да се прават вежби? Јас сум веќе два месеци породена
     
    На Keytii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Јас почнав после 3 месеци, се чуствував спремна и не се консултирав со гиниколог, засега мема никаков проблем
     
  15. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Добро а како го пукаат водењакот на закажан? Чепот како паѓа? Многу вакви прашања ме мачат :whew:
     
  16. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Нема ништо такво на закажан освен дома ако не ти прсне или падне чепот
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    77.009
    Пол:
    Женски
    нема нешто такво на закажан царски... оперираат без паднат чеп, без пукнат водењак. Го пукаат при операцијата... дури имам гледано по интернетов како го вадат бебето во цел непукнат водењак (сеуште бебето во плодовата вода) :)

    Јас бев со пукнат водењак, паднат чеп и 3 прста отворена, со болки на пола минута, една минута. Но бев итен царски... (поради мекониум во плодовата завршив на итен).
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    а дали со закажан царски те примаат ден порано? За на државна прашувам. И какви се процедурите пред царски
     
  19. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    23.771
    Пол:
    Женски
    И јас бев два пати со целосна. Вода наредниот ден смеев да пијам и тоа по неколку капки :sweat: а јадење (супа) после три дена. Прегладнав.
     
  20. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Да. Дента на приемот ќе имаш разговор со анестезиолог, какви операции си имала до сега и сл. некои општи прашања, телефонски броеви од тебе и сопругот. Дента на приемот ми рекоа до 18:00 ч. дека може да јадам, после не. Вода по малку до 22:00 ч. Околу полноќ ми донесоа вагиналета за прочистување, сама си ја ставаш. И утредента сабајлето си чекаш да те викнат, мене накај 11:00 ч. ме породија.
     
    На NewMommy му/ѝ се допаѓа ова.