Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Дали мачкавте контратубекс? Поточно од кога почнува да се користи?
    Вчера купив, но кога ја видов раната( а ја немав видено сигурно 2недели), забележав дека е како црна, на крајчињата, а на некои места на средината, па не ставив од контратубексот.
    Исто ме интересира и колку време се употребува?
    Мене раната ми е толку доле, што воопшто не ми се познава, но ај си викам да ставам контратубекс за секој случај.

    Кога сум веќе на темава, да си прашам и какви ви се искуствата со стомакот. После колку време почнува да се повлекува, да не е веке труднички стомак? :?:
    Кога се видов во огледало се исплашив колку е голем, сеуште. Моментално е како за 4месец :envy:
     
  2. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    meu јас сеште немам месец како сум правена царски инаку и мене ми е мн доле раната јас немам информации за контратубекс дека треба да се мачка инаку на краевите тоа ти е од кончињата или корички имаш не се плаши а за стомакот зависи до организмот јас после 4 дена го однемав земи мидер да си носиш јас носам бидејки така ми рекоа во болницата подобро да се стегнеш а иако немам стомак јас носам :*
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски
    Ако е раната како што треба, нема да ти треба контрактубекс. Можеш домашно кантарионово масло да ставаш, иако не е препорачливо. Мене во болница ми рекоа ништо да не ставам, ниту да мачкам. Раната сега ми е само една белузлава линија дури и пократка од оригиналниот рез, одвај се познава. Мидер носев и јас, ми помагаше, односно не ми тежеше на раната, полесно се движев. Некои доктори не препорачуваат мидер, можно е и да ти поти раната, па да заздравува побавно, ама не е тоа проблем сега кога е поладно. Како и да е, ќе заздрави, не секирај.
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Не му се секирам ич, зошто мислам дека е заздравена. А тоа на крајчињата и на некои делови ми се чини дека е коричка, така барем изгледа.
    Мидер имам, земав едно 2-3 ама никако да се наканам да ги облечам, склет ми е :worried: ем не сакам стомак, ем се занесувам , за ќотек сум знам :?:
    Значи немате информации за контратубексот, поточно не сте користеле.
    Аннатх абе ок ми е мене раната, а и не ми се ни гледа , ама пак мислев да не треба да мачкам за да не остане лузна. Ептен е долу, а од стомакот јас едвај ја гледам. Баш во делот кај што има влакна е, па сега ми е језиво да се издепилирам таму :doh:
     
  5. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    А колку време после царскиот се депилиравте? Еве поминаа 43 дена од царскиот и некако ми е страв да се издепилирам!!!
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Алал да им е на сите што резот од раната не им се познава. Мене прво до пред два три месеци ми беше розева испакната линија од почеток до крај. Сега ми потемне ама многу се познава. Прочитав на едно место дека таква ми била кожата, и на други места кај што сум имала рани што не ни биле шиени ми се познаваат такви грозни лузни. Постои ли некоја крема што би можела колку толку да го ублажи изгледот?
     
  7. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Леле женички :worried: ептен сум упрпана :lol: за нормален пораѓај, дури и неможам да слушам за тоа ми се превртува нешто во стомакот и пребледувам :worried: Сакам да Ве прашам (кога ке дојде ред за тоа) дли може да си закажам пораѓај со царски а не да чекам да почне нормално??
     
  8. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    не паничи а можеш да си закажеш царски ако имаш врски и како мене без болки без ниш идиш те легнуваат и те сечат си го видуваш бебушот и веке си мајка :D
     
    На joy1 и dria им се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Проба ли со Контратубекс??? Викаат дека е најефикасен. Јас го купив но сеуште не сум ставила, мислам дека нема да имам потреба, но ќе ја потрошам оваа тубичка што ја земав.

    А за царски може да се закаже, но зависи во која болница и кој доктор. Во ГАК мислам дека бараат пари за да закажеш, или пак да имаш познат. За во приватните нормално дека можеш по свој избор
     
  10. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    вака сакам да ве прашам после колку време од царскиот може да имаш односи поз :$
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Од прилика 1 месец мислам. Или ако не крвариш после 2-3 недели, штознам. Јас првиот го имав по 30ти ден, бидејќи не крварев повеќе.
     
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Исто и мене не си сама...Само на тоа мислам ...Премногу ми е страв...Природно нема шанси, мислам дека нешто ке искомлицирам затоа што сум голем плашливец и паничар, така да само на царски размислувам...Ама и од тоа ми е страв...Секој ден се повеќе и повеќе...
     
  13. hana30

    hana30 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    15
    вака значи,ја препорачувам ако порогајот ти почне без некакви компликации и царскиот не е потребен да не се плашите, рагајте природно зашто нема поголемо чувство на радост од тоа кога ке ги искусиш болките на рагање и си го видиш бебето па после забораваш на сите болки.посњле природното одма си на нозе а вака една недела не ке мозес да станес од кревет па рани додека заздрват.....само природно секако ако е мозно поззз
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    колку дена боли раната од царски? и после колку време од операцијата станавте на нозе? ве болеше ли многу? уфф јас колку сум страшливка лелееее :sweat: ми беше страв од природно сега па со 300 муабети ме исплашија и од царски. Ептен зајачко срце имам :sweat:
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    ^^^не слушај никого,за секого е различно,и мене ме плашеа многу за да не одам на царски,ми велеа нема да можиш да си го крениш детето,незнам колку време в кревет ќе сум лежела и што ли уште не.јас се породив во 12 ч.попладне, другиот ден во 8 ч.сабајле докторката моја дојде да ме види и ми вика станувај,а јас не не можам,и ми вели а од кај знајш дека не можиш проба да станиш?и јас нормално и кажав не.и пак вика станувај земај го системот в раце а маж ти до тебе со бебето и да одите да шетате низ ходник,и така направивме.еве јас сум жив пример дека за не полни 24ч.станав да шетам,истиот тој ден влегов в купатило и сама се бањав а ми кажуваа демек 1г. Ќе треба да те бања маж ти оти ти нема да си способна :fubar: а и не велам дека не ме болеше,малце да се пресечиш па боли а не пак ваква операција,ако си упорна нема да имаш гајле, и природно да се пораѓаш има шанси да те пресечат и тоа ќе боли па ќе не можеш на газ да си седнеш.после 5 дена од болница си дојдовме дома,и се сама јас се грижев за детето маж ми на работа а свекрвата не можеше да ми помогнува цело време главата ја болеше |( единствено само што јас не ја капев ќерка ми ММ ја капеше и пак не од што не можев туку од што ми беше страв да не и направам нешто :) пак ќе речам не слушај други,незнам како е нормално пораѓање ама знам како е со царски,и уште 10 пати да треба да родам пак со царски ќе биде
     
    На joy1 и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  16. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе ќе мислиш на тоа толку повеќе ќе ти биде страв опушти се и мисли само на убави работи,а кога ќе дојде денот на Р тогаш последно одлучи како ќе биде.......ако ти е страв и од царскиот побарај да се породиш природно со епидурална анестезија,ем побрзо ќе закрепнеш,ем болките при раѓање ќе ти бидат полесни.





    Ане во право си дека секој организам е различен и поинаку го доживува царскиот........и јас бев со царски и не поминав и ден денес не поминувам лошо со него колку со половината(од спиналната анестезија)...........и колку побрзо се почне да се сетка толку е подобро.............ама за ова болдираното се пресмеав кој ти го кажа тоа дека една година ќе треба мажот да те капи :lol: ......Бог да чува значи ова луѓево се смешки..........ако не капеле мажите значи во вистинска смисла на зборот ќе бевме Царици :rofl:
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. amanta22

    amanta22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    вака да прашам само кога те прават царски дали после операција ти даваат крв?????
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    Неее,а за што ти е да ти дадат крв??
    туку ништо чудно и ова да ти го кажат сезнајките,нели царски рез и се е можно :lol: ако сакаш да не те бања маж ти 1 година,сигурно ќе треба да примниш 1кг.крв :rofl: кажи дали не сум во право Filiposka ? :rofl:
     
  19. amanta22

    amanta22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    оффф јас сум 7 месец бремена и сакам со царски да се породам бидејки мн ми е страв природно и вчера една другарка ми рече немој царски зашто после да примаш туѓа крв.... подобро природно оди си ..
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    крв може да примиш да, има такви случаи. мојата другарка кога се породи прими крв заради тоа што имаше премногу слаба крв цела бременост , т.е цел живот, и тогаш ете имало потреба...
    што не значи дека и ти ке примиш , ако е се во ред не би требало... колку има со царски рез па не примиле крв ;)