Се породив во ноември не е баш скоро, но не пуштија за три дена дома. Мислам дека си е индивидуално во зависност како ќе бидеш ти и како ќе биде бебуш.
Пред 2 месеци се породив на 5тиот ден ме пуштија, но бидејќи имав компликации за време на операцијата. Инаку за 2-3 дена ги пуштат дома.
Здраво девојки, мене ми закажаа царски вечер/утрово. Многу се плашам, сепак е операција, анестезија, губење крв и слично.....секој утешен збор и искуство се добредојдени.
Мила ич да не мислиш на ништо лошо, релаксирај се, истуширај си се, радувај се дека ќе се гушкате со бебе наскоро. Јас сум со 2 царски и операција на кила измеѓу Кога ќе си го гушнеш бебето ни болка ќе осеќаш ни ништо Со Господ напред се ќе биде во ред ❤❤
И @Santaa ти рече убаво. Ја отидов на царски со смеење, искрено додека одевме кон салата бев пресреќна, па кога ја извадија од стомакот и ја кренаа (што би рекла ја како Симба ја кренаа) чувството е неописливо. Оди со позитивна мисла и се ќе биде во ред. Со лесно
На гак не знам мене во штип во недела ме породија во среда ме пуштија три дена лежев само ама тоа беше бидејки имаше многу ковид случаи и сите ги пушта апорабо кои немаат компликации
Може ли да споделите искуство какво беше опоравувањето после втор царски, дали боли повеќе, како се снајдовте со првото дете ако морате да ги чувате двете сама?
ke moze li nekoj da spodeli iskustvo posle kolku dena od carski mozes da se tusiras i kolku vreme se krvari
Ќе се истушираш кога ќе се осеќаш способна. Јас успеав третиот ден и чувството беше priceless. Се крвари исто како природно околу 40 дена.
Искрено, нема многу од што да се плашиш. Само диши длабоко додека ти ја стават анестезијата, бебето го вадат многу брзо и додека се изгушкате, додека се изнаплакаш тие ќе завршат работа и ќе те изнесат од сала. Брзо се одвиваат работите, нема простор за страв. Мисли само на крајниот исход дека конечно ќе се запознаете. Со лесно
Мене вториот ден ме истушира, дента кога станав, повеќе беше замивање со вода, веќе третиот ден можев сама, колку почесто ќе стануваш полесно ќе биде, болката ќе се намалува. Повеќе болат инекциите за враќање на матката во однос на крварење јас крварев многу кратко, веќе после 40 дена ми се врати циклусот, ова е индивидуално. Поздрав и со лесно.
@marinaan kaj koj doktor ke se poragjas? I jas imam zakazan carski rez za narednata nedela vo sistina. So lesno