Mamicki 40 dena od koga sum porodena ranata me zaboluva koa se navednuvam I koga odam pobrzo a isto I polovinata me boli.Do koga vaka
јас сумпородена царски со спинална пред 2 месеци и 1 недела, точно. само првата недела имав мака при смеење, кивање, станување, легнување, накратко кога и да имаше потреба од напон да дадам ме заболуваше, ама не беше страшно за плачење хаха до денеска не ја ни осеќав операцијава, освен на времево кога менуваше така малце како пецкање. ама денеска некако страв ме фати и тоа како.. кога давам напон во веце(извинете вака), кога станувам, сеа , болката не е толкава како првите денови, ама сепак ја чувствувам при напон. и страв ми е. исто така имам гасови, некои симптоми за менс шо си ги имав. дали е можно да ми иди менс, и да ме боли. да напоменам дека од деснава страна само ја чувствувам операцијата.
И мене ова ми се дешава а веќе два месеци поминаа од операцијата многу ме пецка кога се наведнувам и кога станувам на левата страна таму кај што ми беа двете кончиња.Мамички вие до кога осејќавте болка?
Јас на раната не чувствував болка воопшто. Ни еден ден. Повеќе имаше внатрешна болка при ќивање, станување.... Се на се 10-тина дена
Јас имав мака за станување и помали болки до 3 недели,после тоа машала супер си сум никаква болка не чуствувам,ни на напон за во вц дури и потешко нешто кога кревам супер сум ,скроз ми е затворена зарасната раната ништо не се познава баш ништо...
Jas bev da mi ja vidi doktorot ranata ama toa beše pred mesec ipol reče matkata e icistena ranata zarasnata se super no zosto seuste me boli ponekogas nemozam da se ispravam od bolka
@bruno.com Душо и јас на промена на време ја осеќам не како болка туку како пецкање,знам што сум слушала од другарки колешки што се царски ,до 6 месеци некои имале болки и појаки пецкања кај секој различно штом се во ред кај тебе,уште некој месец ти треба за скроз да исчезне болката внимавај не кревај тешко не се напнувај и ќе биде во ред...
Ufff mi olesna malku,I bas taka kako peckanje osejkam i po skali nekogas edvaj se kacuvam se nadevam ke pomine
Внимавај да не креваш тешко јас до скоро не кревав за да не си направиш белја.Искрено јас имав големи болки првите 2 недели и да не речам ама од крај до крај сум сечена и мислам дека многу значи колкава е раната за процесот на закрепнување.Многу сум ниска под 150см. а бебето беше големо 3800гр. и затоа е поголем резот кај мене.Жената што беше со мене во соба стана уште првиот ден и одеше како јас што одев третиот ден ама таа имаше бебе од 850гр.Сопругот мораше да ме бања и облекува и блазе си им на тие што брзо си закрепнале.Потешко беше станување и легнување отколку движење а да не зборам за во болница дека требаше да се качам на едно мало столче па на кревет-дополнителна мака(незнам зошто ги прават толку високи тие креветите).Ме пуштија на 4 ден наместо на 5 и пресрекна бев што си отидов дома.Ама дома едно- болка раната,друго- главоболка ужасна од анестезијата,трето млекото многу ми надојде па кога земав да си плачам.Првите 2 недели беа тешки ама се заборава кога ке си го видиш малото до тебе.И знам дека и за второ со сигурност ке е царски ама пак ке го поминам за тие очи милички
Не знам зошто ама јас ги немав тие маки кои ги кажуваат сите породени со Царски рез. Вториот пат беше малку потешко ама не толку страшно. Од анестезијата немав никаква поспаност или главоболка. Кога се освестив бев како ништо да не се случило. Зборував на телефон со сите ми кажаа дека звучам многу свежо. Станав вториот ден и ги замолив сестрите да се туширам. Нормално само интима и горниот дел на телото. И косата си ја измив. 5 ден ме пуштија дома а јас 6 чистев и тоа генералка со чистење теписи. Многу повеќе имав мака со градите одошто со раната
Od opstata anestezija ne boli glava,samo od spinalnata.Jas pravev kiretaza so opsta,me sredija za 20tina min. Za 30min.bev osvestena,ni glavobolki,ni nisto.Dodeka so carskiov,prvite 2 dena nemav problem,ama posle me skina glava,se otepav piejki analgini.
Razlicno e mislenjeto na onie koi odat na dogovoren carski i na onie koi morale da bidat porodeni carski ! Tie so dogovoren carski velat pominale kako carici nemale bolki voopsto i sl. Epa i jas stanav posle 12 chasa od operacijata ama molev boga da mozam pak normalno da odam . Predizvik bese da se svrtam od edna na druga strana na krevetot. ne zezajte zeni operacija si e operacija . Boli oporavuvanjeto . Jas od prv den morav da stanuvam da se razdvizuvam , fit bev ama bolka e bre . Treba posebno pazenje . Da ne se kreva tesko i sl. Sega posle 8 meseci nemam bolki i ne bi trebalo ni da imam neli. Ama pak se pazam . Ranata si zazdrave , belegot pocna da se namaluva . Posle carskiov mi s eizgubi zelbata za drugo dete .
А се случило ли на некој да му остават дупка на матката по царскиот рез? На контролата кај гинекологот ми рече имам ниша на матката тоа ми го дообјасни како дупка и тоа голема, што останала најверојатно како пропуст при шиење. Најверојатно ќе ми прави проблеми во наредна бременост колку и какви не знам точно, можам само да претпоставувам.
Мислам дека има разлика во болката што ја чувствуваат жените. Кога се породив на двете деца ми беше речиси идентично а многу различно во однос на жените со кои бевме во иста соба. Тие викаа и се жалеа од стомакот и кога мируваа. Кај мене не беше таков случајот. Јас имав болки повеќе мускулни, како да сум се исфорсирала со стомачни па не можам да станам. Со тешки маки се вртев на страна за да цица бебето ама ако мирував немав апсолутно никаква болка. Преврските не ги ни чувствував. Знам дека примаа јаки аналгетици другите кои беа породени во исти ден со мене. Не ја ни чувствував инфузијата за збирање на матката. Апсолутно никаква болка. Е со второто дете ми беше потешко станувањето ама не толку трагичо за да викам. Двата пати отидов со закажан Царски и не сум сигурна дали има тоа врска бидејќи и родилката до мене се породи исто како мене. Мене маката се на се ми траеше 10 дена а после тоа речиси ништо. После еден месец не ни помислував на раната. Како воопшто да не постои. Ама секој организам е различен а јас уште 10 би родила вака.
Ена, јас кога ќе кажам меѓу жени - Господ да ме чува од уште еден царски, будала ме прават. Свеки ми викаше што убаво, ќе легнеш на кревет, ќе ти го извадат бебето и толку. Е не е толку! Уште знае да ме заболи на промена на време, на поголем напор. Тотално неприродно, операција е побогу. Се надевам дека ќе успеам природно да се породам следен пат. Стварно се надевам!
А мене ме интересира,тие што сте се породиле царски примавте ли после операцијата клексани,оти знам таква била процедурата заради ризик од тромбоза?