Здраво на сите..Кога имавте закажан царски рез предходниот ден се оди во болница..може ли да ми кажете подетално кои прегледи се прават како за мајката така и за бебушот и дали останувате таму да спиете ден пред царски ..
Јас имав договорен царски ама на ГАК и не бев ден пред породувањето, на денот одиш гладна жедна некаде 24 часа, денот ти прават цтг,ковид тест, инфрмативен разговор, алергии чуда и толку е. За приватните не знаммможеби има повеќе тинтрање
Уф леле како издржа 24 часа без јадење јас еден апетит од 36 недела само сум на масата LoL Дали анестезијата ти беше локална или општа..ако е локална дали е болна инекцијата мене многу ми е страв од неа дека и прва бременост
дајте препорака за хирург да ме види, имам оток и болки на едната страна од царскиот рез, пред месец дена сум породена па не знам кај да идам. Абдоминален хирург ли да барам, општ, појма немам
Па за јадење не ми беше толку проблем колку за вода пиење, ќе издржиш возбудата што ќе ја чувствуваш ќе ти даде сила. Локална анестезија имав, ништо не се осеќа, јас толку бев сконцентрирана да почне да делува анестезијата што не обрнав внимание на боцкањето. Иако навистина ништо страшно мало пецкање, пред да те боцнат ставаат локална анестезија на местото. Јас во ниеден момент не се покајав што одбрав царски, само од тебе ќе зависи колку брзо ќе се опоравиш. Мој совет после операција мнооогу течности, секогаш кога ќе нудат инекција за болка не одбивај и станувај колку можеш почесто, додека да дојдеш дома ќе бидеш целосно опоравена.Ако се пораѓаш државно барај од твоите за почеток да ти носат мали шишиња вода или леден чај не е баш пријатно да креваш 1,5л шише, а само што ќе бидеш оперирана и ќе можеш само глава да кренеш, мене никој не ми кажа си кревав шишиња од 1,5
12 часа бев гладна пред царски па уште 24 после царски имав едно чоколадце во ташна скришно сум го јадела во болница па кога си дојдив дома незнаев што попрво да каснам и на крај си напраив проблем запек
Друшки 22 дена после пораѓај со царски рез и и уште имам како вртоглавици, не се баш вртоглавици повеќе се како немање рамнотежа незнам точно како да објаснам, само кога сум во стоечка положба. Незнам ни воопшто дали е поврзано со царскиот затоа и пишувам тука да прашам дали е можно нешто од анестезијата и дали и некоја друга се соочила со истото.
Нормален ми е притисокот и крвта денес ја проверив 147 хемоглобин и 17 железо. И јас мислев нешто крвта да не е слаба ама не е. А тромбоцитите малку ми се покачени
Замор. Не си врзала 8 саати 22 дена. Ако имаш спондилоза или ако си наведната со главата кога го доиш и од тоа се јавуваат вртоглавици.
Ти благодарам многу за секој збор за секој совет баш ми требаше малку утеха..да се надеваме дека се ке биде во најдобар ред