Исто и мене болки во грбот, вратот и раката. Денес прв ден речиси да немам болки, се надевам нема да продолжат.
Јас денес бев после царскиот да ме види матичната на преглед, се ок, прегледот траеше 5 секунди. Лев јајник работи, десен исто, матка супер, чиста е, немаш ништо заборавено и толку. Викам раната нешто, ок е, терај мајка. И си заминав. А мислев вагинален ќе е. Вчера сум била и на депилација, што читав искуства дека после царски боли многу, мене ич, нормално како и секој пат. Сега барем чиста глава, завршив со се
Јас џабе ќе пишам не сум породена Македонија ама ај да не останам покусо... Отидов ден пред царски - договорено. Имаш ЦТГ формулари за потполнување која е причината за царски алергии проблеми некои во бременоста или пред крв ми зедоја. Вечерта ми кажаа до 12 на полноќ јади пиј што сакаш прави после тоа НИШТО. Имав 2 пати да се напијам апчиња за во вц. Утрото ме викнаа на ехо да видат дали се има свртено или е останата карлично. Катетар алишта за бебе и на операција. Анестезија локална не ја ни сетив повеќе ме болеше на рака кога ми ставаа него ли во грбот. Јас повраќав премногу можи 10 пати за време на царски дали од анестезијата нз ... Како и да е за 30 мин комплетно средена и запишана бебе со мене. Е тоа е овде предност бебе 24/7 со тебе цело време на цицка макар што и ми инсистираа за ад заради тоа што падна мн на килажа. Во најбрз рок да почниш да движиш подобро за тебе јас исто како да не сум била царски. Првото станување беше потешко после ништо немав гајле. Течности ептен за јадење тука не ми рекоја не смееш или сл само вода ми рекоја да почекам 2 саати после царскиот, а за храна немав апетит да јадам вода само ми бараше душава. Со лесно мајка
Може ли искуства царски на ГАК и Чаир? Сакав во приватна болница ама почнав да се премислувам и сега се мислам за државниве. Кој доктор би ми препорачале? Како оди постапката со упати за цтг и сл, кога треба да се иде пев пат таму... условите после за бебе како се, за мене не е толку важно. Што треба да се носи од дома, храна.. не ни знам што да прашам )))
Нема да поминеш лошо на ГАК само најди си доктор што ќе те оперира ако е договорен царски, за бебе си се грижат најнормално голема мана е што нема соодветна облека ќе ти го донесат во 3 броја поголемо, поткинато ќе ти биде криво, сестрите се ок што те интересира ќе си прашаш ќе ти помогнат, во соба сте по 2 има вц и телевизор, клима најнормално. Јас се пораѓав во време на корона па по неколку пати на ден се чистеше. За јадење првите 2 дена ништо, само инфузија, после лесна храна, јадење има таму ама е грозно, барем на мене ми беше грозно, така што може да ти донесат што сакаш. Носиш улошки, памперс, марамици, леден чај и друго што мислиш дека ќе ти треба. Краен впечаток не е лошо и јас се мислев да одам на приватно па отидов на ГАК и супер поминав.
После колку време од царски се издепилира прв пат. Претпоставувам првиот пат врз раната не ти ставаа восок. Јас се мислам дали да одам еден месец помина
После 7 недели. Почекај уште малку, знам не ти се чека ама тоа е. Внимаваше многу на раната, и не ми ја премачка со восок, како што се видов две влакненца само има, другото се е средено. Ќе и кажеш да внимава, и восокот да е за една употреба
Можам да замислам.да биде последно неубаво што ти се случува и од сега натака само срекни и весели со твоите два дечковци.
Влегувам во трето тромесечје и веќе почнувам на големо да мислам за каде да се породам. Прва опција ми беше Санте Плус, ама читам многу скриени трошоци имале и кај некои се случило и дупло да платат од предвидената сума. Од причина што и овој пораѓај ќе ми е царски, многу би ми значело искуство од царски во Чаир и Гак и препорака за доктор.
Се мислев дали да ти пишам или не. Не сакам да ти набивам негативна енергија. Ама ќе ти кажам мое искуство, зошто гледам дека со истото сега се соочува моја познаничка. И јас бев во иста дилема како тебе за Санте и Чаир, дури и пишував тука. Ми вратија со многу позитивни искуства, а и докторот ми беше многу битен, па одлучив за Чаир. Поради компликации на природен, породена сум со царски. Ме породи Исмаили. Докторот е супер. Но, персоналот е одвратен, барем по мое искуство. Од сестри, болничарки(има исклучоци, но многу малку), па до педијатри. Педијатрите особено одвратни. Од пристап до однос 0. Имаат многу гужва, многу жени, персоналот не е доволен. Се осеќав ко крава во штала, буквално. Јас си имам трауми од нив, од прием, престој таму, шок соба, одделение....само за пораѓањето не можам да кажам нешто многу негативно зошто докторот знаеше што прави и се осеќав сигурна. Резот е супер, скоро и да не се познава, а не е поминато многу време. Се опоравив за неколку дена. Не ти го препорачувам Младен, не од свое искуство, туку по она што го гледав додека бев таму. Шпишиќ, Исмаили и Неџипи се едни од најдобрите таму. Беса и уште неколку од докторките што се Албанки таму, не ти ги препорачувам. Но, тука читам и позитовни искуства во Чаир. Може мене среќата таква ми била.
Јас се породив на ГАК царски ме оперираше д-р Јосиф Ѓорески, поминав одлично, мое мислење е дека не можеш да очекуваш да те тинтраат (што не мислам дека е правилно) персоналот доаѓа по шема кога треба да ти пушти терапија измеѓу не можеш да ги најдеш посебно што јас се породив во лето за време на викенд кога се со намален персонал, еден ден 6 саати никој не дојде да ме види нити видов сестра, психички тоа е лошо заради тоа што си немоќен не дека нешто ми требаше во тој момент ми требаше внимание ништо друго. За на ГАК треба да си спремен дека нема тинтрање, нема да те остават без лекови и во болки ама кога сакаш ти може да не дојде никој. Тоа е негативноста. Според мене важно е кој ќе те оперира да излезете од сала здрави и живи без компликации се друго проаѓа, треба да си упорна да не им ќутиш и се што треба ќе си добиеш. Ако имаш прашања слободно прашај.