Јас бев природно породена,но не ми дојде одма млеко и кај мене доаѓаа сестрите му даваа ад со шприц на бебе. Искрено не ни забележав дали е нов шприцот...
Ова за на ГАК? Јас пред 20 дена се породив со царски пола работи не ми требаа од набројаново. Цуцла, шприц, за ад и павловиќева не треба. Шприцеви нови носеше сестрата кога ја хранеше. И моево исто сестрата го хранеше, сама не давав. Силиконски брадавици исто не треба, тешко дека млеко ќе и дојде за 3 дена после царски, а убаво е бебе да го става на града да надојде млеко. Вода, чај во шишиња со цицла од 0.5 или 0.7 е најбитно, зашто не можеш да мрднеш, а треба да пиеш течности.
Јас станав вториот ден и можев сама да се истуширам ,реално се употребив, на почеток ми дадоа 2 спаваќи ама ги извалкав па си ги носев моите, слушалки користев за Вибер да не ме слуша цела соба, за бебе само памперс и марамици ништо друго и моето го дорануваа со шприц само сестрите си го правеа тоа,вода ледени чаеви маж ми носеше секој ден.
Раната внатрешно не ми е заздравена убаво и неколку дена крварев обилно. Некој искуство со ова? После колку време заздравува внатрешно? И докторот кажа 2 години никако да не останам бремена и ми даде совет да пијам контрацептивни апчиња. Некоја што поминала низ ова да ми даде совет/мислење?
Мене ми дојде млеко, откако ми го оставија постојано со мене два три пати пиеше ад. Јас немав сила. Многу ме болеше раната. И не спиев ич, по 3 4 часа ноќе. Едвај станував од кревет за во веце. Се бањав дури дома кога дојдов. Болничарката се понуди да помогне ама јок, немав сила.
Многу е важно кој го прави царскиот,јас цело време барав нешто за болка и поминав со менструална болка
Докторот кој ме оперираше е одличен, со врски бев и важи за еден од најдобрите. Мене ми даваа за болка, кога лежев немав мака, ама станувањето ми беше смрт.
Внатрешно околу 12 недели, а надворешно околу 6-8 недели. Како знаеш дека не ти е заздравена внатрешно?
Па тогаш раната внатрешно е нормално да не ти е зарасната но не е нормално да крвариш обилно. Што ти рекоа?
Ме боцкаа 3 пати за да престане крварењето и пиев капки и апчиња и се намали и после тоа бев да види докторот дали е заздравена и испадна дека не е и пак ми препишња апчиња.
Јас да ја пофалам Петровска тука.Значи ЦАРИЦА.Не сетив дека се наоѓам во сала,ни дека ме оперираат.Праевме муабет за одмори,за рандом ствари.Јас мислев ме пипка на стомак и гледа кога да почне..кога тоа бебчо почна да плаче.Со спинал бев и будна.Немав ни главоболка ни лошење.Е сеа болки на раната имам малце ама ми даваат аналгетик интравенозно.