Породена сум царски пред точно 2 години. Сега сум пак бремена 22 недела и термин ми е 20 јануари. Дали породувањето пак мора да е царски или има шанси и за природно? Ваши мислења и искуства, благодарам ☺️
Скоро читав мислења од мајки кои по царски родиле природно. Јас бев убедена дека кај нас доктори не се нафаќат природно по царски ама грешка сум била. Многу жени родиле природно по 2 3 10 години.
I jas sum 2 ipol god maticnata mi vikase so carski zaradi da merizkuvame da ne treba so vakum da go vadat skp na gak vikat ke probame eve go pominav termin uste nisto nz ija da ne napram rizik nesto na prirodno
Јас имав два природни пороѓаи и еден царски ... можам да ти кажам дека природно си е природно , маката вистина е во моментите на пороѓај ама после си како нова ., а царскиот е од после мака Се мислиш како да станиш имаш болки па еден куп инфузии и инекции за против болки и незнам ти што таму ... но секоја жена е приказна за себе така да не се знае до последен момент како би поминала и родила ... најбитно е здрави прави да излезете од болница мајка
Послушај го срцето. Ти знаеш најдобро. Ако сакаш природно, ако чувствуваш дека ќе успее природно тогаш најди болница, доктор кои би те подржале во природен пораѓај. Ако чувствуваш дека и покрај обидите за природно ќе завршиш на царски или сепак обиди се или оди директно на царски. Ти и твоето бебе, твоето тело знаете најдобро. Искуства има најразлични. И да донесеш одлука сега природно или царски, одлуката може да ти се менува се до самиот пораѓај, а породувањето, без разлика на каков начин е, е изненадување до сам крај, најважното е да сте живи и здрави.
Искрено, мене подобро ми беше со царски... навистина како што кажаа погоре отпосле е болката и имаш рана што треба да ја пазиш и преврзуваш ама болката е само надворешна. Спротивно од природно, јас имав навистина лесен пораѓај и станав набрзо на нозе после пораѓајот ама болката отпосле што ја чувствував во карлицава и кичмава беше буквално како да се распаѓам внатрешно.... навистина искуството е индивидуално , ама ако имам шанса за трето породување сама би барала за се породам царски
Но дали можам јас да бирам како да се породам? Првиот царски тешко ми заздраве раната, цели 40 дена јас се движев мислејќи дека ќе ми се откорне стомакот од шо ме болеше раната, сега добив и препонска кила која исто кога станувам од спиење морам да ја притискам со рака оти ме боли, па згора на се сега приметив дека имам и испуштени вени доле на двете стани од вагината... Незнам како би се пораѓала природно, мислам дека се ќе ми испука и матка и кила та и вени...
Незнам првото беше со царски сега незнам како да имам желба за природно но незнам ни дали ке се обидам премногу имам страв, имам сеуште време само се да биде во најдобар ред па како сака така нека биде
Докторот што ќе те пораѓа, ако ти ја знае историјата ќе процени дали може природно. Ама со ова што го кажуваш, мислам дека не би те ни чекале да добиеш болки за да се пораѓаш природно. Сепак, не сум гинеколог, не можам да кажам.
Самата веќе си кажа дека ќе одиш на царски, нема што да размислуваш за природно. И со сето набројано можеби може да успее природно, но најважно е ти како се чувствуваш. Може да бираш доколку најдеш доктор кој би рекол ок е може да пробаме природно. Ама пак ќе кажам ако мислиш дека се ќе ти испука не треба ни да пробуваш.
Majki porodena sum pred 1ned carski rez pred 2dena me fati zapek a go dojam bebeto kazete nekoj sovet.nekoj gel/cepcinja
Немој да напнуваш. Сливи, сок од сливи, компот од сливи, повеќе вода, јади помалку и избегнувај бел леб, тестенини, благо шеќери. Во аптека крајно има прашоци безбедни за трудни и доилки ќе прашаш за запек ќе кажеш во аптека. Движи се колку што можеш повеќе. Едит: После царски битно е да одиш во вц редовно и да се движиш што повеќе.
Течности, магнезиум и движење, не тешки активности, ама движење низ дома. Пробиотик може да земеш, генерално се безбедни со доење.
Сливи компот од сливи или нешто то има лаксативен ефект кај тебе. Кај мене се домати. Ако си во групите скоро имаше тема за природно по царски и многу мајки родиле природно по царски овде на гак, дури и во приватните мислам дека прочитав.