Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Јас не примав никакви клексани, само ерготил инекции и антибиотик (покачени леукоцити имав). Ама јас се породив пред три и пол години, може сега е сменето нешто..?
     
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ги примав и за првото дете пред 6 години. Ги паметам многу убаво бидејќи се многу болни. Ги ставаат во близина на папокот. А антибиотици мислам дека примаат сите кои се породени со Царски
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не сум примила ништо, ќе паметев ако ме боцнале во стомак. Него, кажи ми, ти во текот на бременоста примаше клексан?
     
    На Kai му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е прашањето за мене ама ај ќе си одговорам:)
    Не примав во текот на бременоста. Сестра ми ги примаше во 8-9 месец и тоа под надзор на лекар. После примањето ја задржуваа отприлика 2 часа. Инаку тие можат да предизвикаат предвремен пораѓај ама се неопходни за трудници кои намалена циркулација.
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.138
    Допаѓања:
    258.991
    Пол:
    Женски
    Како потпарол за Клексани да се јавам. Може да се примаат и се препорачува по секој хируршки зафат, претпоставувам за тоа биле дадени после царскиот превентивно со оглед на тоа дека биле дамо три дена ми се чини за тоа ќе да биле.
     
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Да, јас на првиот пораѓај одбивав да ги примам бидејќи страшно ме болеше. Стварно е секунда ама ако не се погоди раката на сестрата;(. Ми рекоа дека е задолжително за да не добијам тромбоза а и не дај Боже од тридневно лежење се прават како пликови на грбот кои можат да прераснат во рани. Родилката до мене ги имаше.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    За тебе беше прашањето @anina , of course :) Изгледа сум требала и јас да примам, ако е процедура после секој хируршки зафат, башка што и онака ми е слаба циркулацијата. Ако боцкале во стомак, јас не сум примила ништо, затоа што ме боцкаа само во глутеусот (да не речам задникот :D). Инаку јас лежев само еден ден.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    @Annath спомена дека примаше ерготил инекции. Тоа се оние за крварење така? Ако грешам смејте се слободно:D. Мене ми ги даваа и ми направија еден куп проблеми со крварењето и со хормоните. Дали имаше некакви последици ти?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите примаме такви инекции, многу болни се. Инаку, фала Богу, немав никакви проблеми од нив. Пиев јас и капки после месец и пол од породувањето, оти после месец дена добив менструација, а крварењето не ми престануваше никако, па ми ги препорачаа. Со тешко срце ги пиев, оти пишуваше на упатството дека се токсични за бебето и предизвикувале намалување на лактација. Само еднаш се напив и веројатно делуваа...
    Ама проблеми немав, во однос на крварењето и хормоните.
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ај ќе забегам малку од темата ама морам да пишам за да имаат во предвид и другите родилки. Тие инекции иили капки се примаат само во случај на обилно или долго крварење. Јас крварев вкупно една недела после второто породување што ми направи хаос. Стомакот ми се надува како балон. И тоа малку што беше го запрев со капките. После не можев да добијам 6 месеци од што се здебелив 15 кг. Откако се премачив ми кажаа дека не сум требала да го послушам докторот и да ги земам капките бидејќи тоа крварење што сум го имала билло нормално.
     
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.332
    Допаѓања:
    28.240
    Пол:
    Женски
    Може ме имате читано јас ќе го кажам моето искуство со царскиот.За мене беше мн стресна ситуација,еве поминаа две недели а јас сеуште не можам чуствата да ги средам.Појдена на контролно CTG завршив со хитен царски рез,заради негрижност на мојата матична,сум имала лакуни,добив страшно неконтролирано крварење и одлепување на плацентата.Имаа 15-30 мин да го извадат син ми за да остане жив,а мене не можеле да ме освестат од анестезијата,сум се грчела и тоа страшно.Па сум добила незз колку добри шамари вилицата ме болеше добри 6-7 дена.После не можеа да ми го исконтролираат крварењето примив незз колку инекции за стопирање,и еден куп доктори околу мене ме стискаа по стомак толку болно нешто раната толку не ме болеше колку тие стискања по стомакот.Утредента станувањето за прв пат а јас сеуште не бев свесна дека се породив и имам син.Клексани не примав.Останав 5 дена во болница а 3 ден бев како да не речам нова се движев најмногу,ми надојде млеко,го доев малиот,супер си напредна а еве сега сме дома и се привикнуваме на новата ситуација.Иначе да кажам откако дојдовме дома исто мн крварев незз по колку влошки дневно ги правев утоп ама еве се стабилизира и тоа.
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Јас само онака како џокер во покер за клексаните... Да, страшно болат, инаку поткожно се примаат, (стомак или рамо) и не е болката од боцкањето, туку самиот клексан. Ужас. 14 ги примив превентивно и секое боцкање ми беше болно...

    Инаку се даваат како антикоагулантна терапија, во случај да не треба да има засирување на крвта веројатно кај раната да не се направи некое чворче...

    Со оглед на тоа што ја "разводнуваат" крвта и со тоа може да се предизвика крварење, во никој случај не се даваат во ситуација кај што има ексцесивно крварење...

    Ова да споделам искуство...
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Jas primav kleksani na bolnica 4 dena I posle uste 7 dena, otkako izlegov od bolnica vo ramo gi primav,preventivno za da ne dobijam tromboza taka mi kazaa- se izv za lat od mob sum
     
  14. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Mene me bockaa vo rame 3 dena,a sto mi stavaa poim nemam,dali kleksan ili ergotil.Vazno posle toa dobivav strasni bolki,celiot stomak mi se grcese,lele ko ke mi tekne,placev od bolki...mi stavaa cinam ketonal vo infuzijata,ama nisto ne pomagase,bolkite bea isti.
     
  15. ivka-slivka

    ivka-slivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Kleksani??? Hahaha :@ GI MRAZAM!!! Od 6ti mesec, pa se do kraj na 40 dena od poroduvanje gi primav. Nego... jassakam da ve prasham... 3ti mesec sum vekje porodena, carski so spinalna anestezija. Od posle poragjajot, do den denes jas imam glavobolki. Velat od spinalot e. Prashanjeto mi e...dali ima nekoja ist sluchaj? I dali na nekoja i e tvrdo nad rezot i nema oset na toa mesto?
     
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас примам Фраксипарин инекции (исто со клексан му доаѓа) уште од инвитрото, еве задутре ми завршува 30та недела... Ко штоо гледам, и до крај нема абер да ми ги тргнат...
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Нормално е да немаш осет над раната, со тек на време ќе се врати. Кај мене отприлика шестиот месец веќе беше добро, односно не ни чувствувам дека имам рана. Со маж ми се случува да ја бараме, да не можеме да ја најдеме. Царскиот кај мене е изведен како ремек дело, и матичната рече, затоа и ми дозволија да пробувам за второ. Главоболки, исто. Лом. И смачено ми е од тој спинал веќе, 5 пати имам примано. Не дај Боже да треба пак на царски да одам, нема шански веќе спинална. Не бре, ова се маки танталови, глава, врат, кичма, налет нека иде. Мислам дека би потпишала за целосна анестезија. Лажам, ќе сакам одма бебето да го видам, пак истото ќе го тргам. :D
     
  18. ivka-slivka

    ivka-slivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Zarem moze posle carski rez, vtoroto da bide po priroden pat? Jas iskreno, posle prvoto iskustvo nesakam da ragjam vtoro :( zar e mozno glavata da me boli, kichmata i vrtoglavici da imam od spinalot? :( vekje 3 meseci se macham
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.262
    Допаѓања:
    76.307
    Пол:
    Женски
    Doktorkata moja mi kaza grloto na matkata mi e mnogu malo, a jas sum dosta visoka 180... Sto znaci toa, imal nekoj vakvo iakustvo? Zatoa sto jas ja preprasav ama ne mi odgovori, samo mi rece tesko kje se otvoris :/
    Si pomisliv da ne moram na carski :/
     
  20. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
    Значи многу се нервирам од овакви доктори, кои ќе треснат глупост и ќе останат живи. Да не има некој правилник во гинекологијата: високи 180со мало грло- заклучок (тешко отварање), ама:D:D баш вака ми звучи. Кој може да знае ти на пораѓај, како и колку ќе се отвараш, дури и на самиот чин, незнаат како ќе се одвива сето тоа, а не предвреме. Ич да не слушаш глупости, терај си позивно и смеј се на "многу учените" гинеколози.