Па јас имав земено едни од Сара, ми одеа под рана ама и јас ги ставав пониско. Така терав до 10ти ден после царски, тогаш ми ги извадија конците на крај и добив дозвола и мидер да носам. Тогаш почнав високи да носам, преку раната.
А за што всушност се користат? Ајде за природно пораѓање можам да разберам, меки се ама за царски што е разлика од обични?
Подобри се од обичните, има подобар проток на воздух преку нив. Освен тоа, од обичните често се јавуваат иритации, алергии, јадеж, не е важно дали си царски или природно породена.
Не знам за колку време, ама мене линијата ми е нијанса побела од мојата кожа. 4 години сум породена, ваква ми е последните 2 години сигурно, а можда и подолго. Ќе избледе со гаранција
Породена сум царски пред 10 месеци. Дали е нормално да чувствувам болки на резот сеуште. Мали болки се, на левиот крај ги чувствувам. Исто и кога ќе легнам како да ми се мрда нешто внатре, како да се поместува. Раната е уште темна и не е само 1 линија туку како 2 или на некои места како 1 подебела. Имам закажано за контрола ама сепак би сакала да чујам искуства. Дали ова значи дека споро заздравува?
Дали има некоја што има правено чистење на матката после породување? Два ипол месеци како сум породена со царски и гинекологот ми препорачува чистење ама утре ќе одам таму кај што се породив да видам што ќе ми кажат. Ако има некоја со исто/слично искуство нека ми пише.
Има останато нешто ситно и плус крварам. Крварев обилно после месец ипол од царски па се намали скроз дојде до кафеав исцедок. Повеќе од една недела бев чиста и денес пак крв имам.
Тоа се зависи од кожата кај некои и првата година избледува кај некои и после неколку години. Јас сум пред година дена породена и до пола е избледена сеуште.
Posle kolku vreme od carskiot rez se pravi kontrola kaj ginekologot i dali pravat exo ili obicen pregled na rezot.
Јас бев после 6 недели, нормален контролен преглед после пораѓај. Ме виде со ехо внатрешно дали е заздравено и дали е матката вратена во нормална големина и надворешно дали е заздравена раната
Јас бев после 2-3 дена откако ме пуштија од болница и тоа неколку контроли имав заради покачени ддимери. После тоа бев откако завршија тие 40 дена. И резот го гледаат и ехо ти прават.
Породена сум пред точно 7 дена со царски рез и сеуште неможам да одам убаво имам голема болка, многу ме боли, а резот добро заздравува. Дали кај некоја од вас така било? Затоа што ова ми е втор царски, со првиот брзо се опоравив 5 ден веќе бев нова да речам, а сега уште едвај станувам и одам како втор ден после царски да ми е