Да, истиот случај 7 месеци по царски останав бремена, ризикот си постои ама од гинеколозите добив охрабрување да ја задржам бременоста дека се си е во ред да не се секирам, и за сега е така многу поненапорна бременост имам се завршувам по дома, малиот го кревам а сум крај на 29та недела,немам ни лошење ни повраќање ни киселини, немам потреба од хормони за задршка, со првото имав, со еден збор не се плаши се ќе биде ок, ти посакувам лесна бременост.
Три недели е многу тазе, не очекувај ти со царски толку брзо да не осеќаш болка. Па природно породени за 3 недели не можат да се опорават целосно, а не па царски. Знаеш што се ти сечеле и колку слоеви се шиени. Треба време да зараснат. Не се брзај, дај си време, полека, ќе се вратиш во нормала. Сега ти изгледа далечно ама ќе помине. Мене до кај 3 месеци мислам ме заболуваше стомакот на допир. Како кожата да ме болеше, не раната, не внатрешно, него кожата кога ќе се допрев како да не е моја, језивко некако. Движи се повеќе, тоа е клучно за царски. Кревање само бебето и движење повеќе.
Здраво...ме интересира породени царски,(со нормални ДДмери во бременост),добивте терапија со фраксипирин додека бевте во болница+за дома да боцкате?Ми рекоа превентивно ради корона ги давале на сите..Но ме интересира после боцкањето,дали ви се нормализираа дд-ѓерите(при секоја операција тое се качуваат)
Да и кожата ме боли и како отрпната на допир тоа ме вади од такт,одвај чекав да си завршам сама домашни обврски и пак не можам. Не знам до кај да одам со активности сега низ дома полнам машина ширам алишта ако замијам нешто и околу малата највеќе.. Никој не ме посоветува што точно да правам а што не смеам. Наведнување работење и ми е језиво да се допрам до работната плоча мислам стомакот ќе си го пробушам дека не го осеќам грозно чувство уфф... Ич не си го уживам периодот а куќата ми иди да ја превртам за лежењето што го удрив во бременоста.
зошто не ги провери?..ќе те карам нели,и на отпусното писмо пипува дека после тое избоцкани дома треба да се проверат... Кај мене сотуацијата е што и понатаму се високи...
Ме исплаши сега. Поминати се веќе 4 ипол месеци од царскиот. Искрено не ни знаев дека требало да ги проверам
Истото чувство го имав и јас со работната маса во кујна. Се допирам и не осеќам. Јас мислев и дека никогаш повеќе нема да носам нормален долен веш. Мислев дека засекогаш заглавив со бабски гаќи до пупак. Ама еве сега 7 месеци после царски, функционирам супер. Единствена работа што се уште ми смета е што осетот еден прст над раната се уште ми е изгубен. И не верувам дека ќе се врати. Имам зборено со 3 жени кои ми се блиски и се со царски, кај кои се поминати повеќе години од операцијата, се уште велат дека чувството на кожата над раната не им е вратено. Најверојатно се навикнуваш и тоа е тоа. Сосема доволно работа ти е тоа низ дома. Треба време за да се врати се во нормала. Уживај со малото тоа е најважно.
Да, 10 дена како што беше наведено во отпусното писмо, потоа ги проверив и уште 10 дена се боцкав. Секако после тие 20 дена пак направив контрола и немаше потреба да продолжам.
Јас што не бев улежана, имав таква болка. Пешачев само, секс до крај ама домашни обврски немав, да бидам конкретна. Гледај да се движиш по малку ама да знаеш дека болката е нормална. Операција е тоа. Порано 10 дена лежеле по царски, а сега 5-6 преку сила. Јас примав клексани ама само во болница. Еден ден порано излегов и бев да го примам додатно ама ништо плус. После царски обавезно примаш антикоагулциона терапија, јас пред корона се породив.
И мене тоа највеќе ми смета не знам како ќе се навикнам дури ми се лоши ко ќе осетам... и се пазам само и само на то мислам да не се удрам... Појас од кога? Мислам дека ќе можам колку толку повеќе да функционирам... Вака бегам од кујната,мажот ми ми вели шо убо место најде за да ти е страв да се доближиш
по чија препорака продолжи уште 10дена? мене трансфузиолог ми кажа дека е очекувана таа бројка и покрај што се над граница.Но мене ми е чудно...а и до кога ова би било нормално?...незнам..
Мајки и јас се породив со царски.Ама имам ужасна главоболка кога ќе станам.Кога лежам е поднослива. Не знам што ќе правам,еве веќе четврти ден страшно е.Ми рекоа кетонал за болката и течности ама не помага. Имате ли искуство,колку трае ова?
Napij se kafe. Mene samo toa mi pomogna. Bolkata ja imav mozhe 5 dena dodeka ne se napiv kafe, koga kje lrgnev beshe ok koga stanuvav postepeno pochnuvashe jaka bolka so vkocuvanje na vratot duri
Не поминува од кафе кај мене. Единствено од што ми минела досега е Налгесин. Ама дека дојам дали смеам?
Подобро ти е ибучрофен или парсцетамол. Инаку ако е мнпгу лошо консултирај анестезиолог. Најчедто глсвоболката е од протекување на ликвор од местото на убодот од спиналната ако си со таква породена.
пиј многу многу многу вода,2,5л дневно..Треба да се 'одмие' анестезијата . .Во меѓувреме напиј се аналгетик
Некоја нус појава е од анестезијата. И јас ја имав, полесно ми беше ако бев како пушка исправена и легната, на наведнување ме болеше страшно главата... Не ми текнува колку, ама не траеше повеќе од 2,3 нед кај мене. Мислам Бруфен дека смееше да се пие со доење, прашај..