Дали има некој во скоро време што се породил на ГАК , топло ли е да понесам спаваќа по кратки или по долги?
Добро луѓе дали е нормално 2 месеци уште да осеќам болки или јас сум префокусирана на то место и ја осеќам секоја промена? Некогаш ме боли и осеќам притисок кога кашлам кивам..Кожата уште ме боли на допир таму. Осетот по краевите ми е вратен на средина не осеќам ништо. Раната е уште осетлива на допир иако секој ден ја мачкам и масирам. Како да има нешто под неа е тврда и тоа не знам дали е нормално. Кичмата и папокот сеуште ме болат на станување па денес сум на киропрактичар да видиме што ќе кажи. Мокрењето ми е болно и после испиени антибиотици и негативна уринокултура. Како сеченото и цел долен абдомен да ме боли на домокрување.. Симптоми еден куп,не сум раат покрај психички и физички. А психички се измачувам што ми требаше царскиот,нема ништо царско во ова Осеќам и болки во јајници,матка не знам не паметам дали ми беше вака пред да останам бремена или пак е последица на операцијата. Ужас!!!
Сето тоа е последица од царскиот и јас бев иста таква а породена сум пред 4 години сега сум 21+2 и имам секоја ден болки во половината се ќе помине уживај во мајчинството ❤
Многу ми е жал...јас пак и пред да одам на Многу ми е жал, јас пред да одам на царски ди викав цело време нема да ме боли, морам да успеам чекав толку и некако лесно поминав. Сега освен што не го осеќам стомакот во пределот на раната немам никакви болки ама ми рекоа обавезно движење, малава кога спие успевам да попешачам и да сум активна, само така ќе успееш, од прв ден сме сами нема кој....
Јас се породив на 15 окт. Еден ден порано те хоспитализирана на патолошка каде те спремаат. Нареден ден те земаат во породилни сала. Јас бев до спинална, си ја видов бебка одма. Потоа лежиш 24 часа да се намали болката во шок соба,а потоа во соба. Во петок с епородив понеделникот бевме дома. Јас сум задоволна. Кој др ке те пораѓа
Дали појава на модрици е нормална една недела после царскиот рез? Внатрешно уште некоја болка чувствувам, ама генерално не премногу. Од левата страна болката ми е поголема и кога спијам на едната страна осеќам како да ми 'тежи' нешто од внатре. Некој со слично искуство/симптоми?
Здраво на сите, ми закажаа царски на 39+2, и се си мислам дека многу ќе е касно, дека ќе трчаме порано некоја недела. Докторот мислеше дека немам индикации за порано и подобро е да се чека. Како беше кај вас? Планиран царски на која недела се прави обично?
Ќе видиме на следни контроли, до сега се е во ред, ама сепак тоа не мора да значи дека ќе го носам до 40 гн, не очекував толку касно ама ете тоа е. Јас спремна од 35 планирам да бидам па ако треба да се трча итно, ќе се трча ви благодарам на одговорите.
Мене ми најавија царски во 39та недела јас пак би почекала, со првото исто бев на планиран царски чекавме до 42ра недела. Со лесно.
@Honny мене вториот ми беше закажан 39+5. Ама ме следеше редовно гинекологот што ме правеше царски.Доволно плодова вода,не доволно зрела постелка…