И јас сум за да си поседи и да си се роди поголемко( иако едвај си го чекам) само ми е страв да не дојде итна ситуација, да не фатат болки да не тргне природен пораѓајот Ама ако треба така да биде па и нека биде, само здрави и живи да сме на крај двете.
Со индикација си царски? И да тргне природно ке стигнеш на време на царски, ретко која родила прво бебе за 2 часа.
Е ова е добро да се чуе, дека ќе имаме време немам некоја индикација за царски, само што јас лично ептен неќам да одам на природен, колку и да е тоа"поприродно"
Јас сум царски ама други што кажувале, ако појде природно и си отворена 6 прсти додека стигнеш во болница подобро е да одиш природно. Колку и да звучи царски, не сите поминуваат царски. Јас скоро 2,5 год уште имам огромни болки на промена на време. Да не зборам за болките први месеци. Ако имаш опција епидурал, пробај да смениш мислење. Јас лично сум против можност да бираш операција кога има шанса природно да го родиш без мака.
Имам опција епидурал ама искрено не ми е за болките страв, цел живот сум била издржлива на болки(дали 2 пати сум се напила нешто против болка ) ама маката ми е дека при природен често има вагинални повреди и шиење Таму нека не ме чепкаат ни конче, ни две, ни прсти пикање, ни отворена затворена Доста ми е од прегледиве до сега, викам рака, нога, нека ми сечат долу више нека не ме чепкаат. Таман работа дека срам ми е или нешто слично(ама јас некако така си го доживувам телото и интимата). Затоа одлучив царски, и се прерадував дека ми дозволија. П.с. знам звучи забегано малку, ама ете
Сите велат дека вагиналните повреди многу побрзо поминуваат и дека речиси и да нема последици. Статистички многу помалку компликации што наведе ти има од вагинално отколку од царски. Царски два дена со катетар лежев не знаев каде сум, жената после мене породена шеташе по ходници. Другарка ми после второ сама си отишла од бокс до соба. Со лесно.
Не, не, не остави ти тоа дали поминуваат вагинални повреди побрзо, јас неќам да ги имам воопшто. А за статистики мене докторот ми вика, дека статистиката тука вели дека можноста за компликации се поголеми кај природниот, дека царскиот е рутина и е многу попредвидлив од природен (може сакаше да ме опушти човекот). Како и да е со прво дете, лесно, брзо и без ниедно конче, природен е реткост реално да си кажеме, така да не очекувам дека од бокс пешки ќе си одам како прворотка. Уствари јас сум убедена дека за мене царскиот е подобра опција и многу подобро ќе го поднесам, ако грешам, ок ми е кога сама ќе си згрешам. Фала ти на споделено искуство и совети, ќе го споделам и јас моето за 2 месеци се надевам позитивно искуство
@Honny мојот го направија 39+4, така го закажавме и кога стигнав у болница почна сам природно. Па не се ни брзаа. Штом ти дозволиле да бираш и ги знаеш сите ризици од двете верувам дека си ја направила одлуката за тебе правилна Со лесно уживај во бременоста
Еве јас да ти кажам искуство. Многу слушав совети, царски е операција, природно си е природно, полесно се враќаш во нормала и слично. Сеа да ми е памет никој не слушам, царски закажувам одма. Тргнав јас природно да се пораѓам, се отворив до 6см без болка, после следните 2 ужасни болки, се измести бебе и завршив на царски. Значи во недела вечер царски, вторникот без проблем шетав низ соба, следната недела веќе надвор шетав со количка. Е отпосле кога си се вратив во нормала после само една недела, почнаа муабети да ми прават како ги сечеле доле, не можеле да седат, 2 месеци на страна следеле и сл. Муабетот ми е правилна одлука ти е царски, не слушај романтизирања на природен пораѓај. Кога медицината ти нуди побезболна опција, не гледам потреба да се мачиме.
И јас најверојатно ќе бидам со царски, па сакав да прашам ако може некоја од членките да сподели совети за побрзо закрепнување после операцијата? Вака што читав, препорачуваат движење веднаш штом докторот даде зелено светло и дека може многу ќе боли првиот ден два ама сепак да се движиме најмногу што можеме. Тоа, и пиење вода и апчиња за болка што ги даваат во болница и после за дома. Секој друг совет е добредојден.
Не сте свесни како звучите кога ке кажете побезболна опција. Операција е побезболна. 7 слоеви кожа сечење. Читнете малку какви се компликации има од царски, животозагрозувачки, па тогаш тврдете. Не сте доктори а ни еден доктор нема да каже дека царски е подобра опција за мајкате и детето. Тоа што се изместило детето никој не може да го предвиди.
Па јас за мене си кажувам дека беше побезболна. И не се секирајте јас доста се имам начитано и за царски и за природен. Затоа и сакав природно. Лично искуство ми е дека после царски сум супер, ни болки, ни ништо. Затоа ТВРДАМ, не млатам празни муабети.
Најбитно не се улежувај. Колку повеќе се движиш побрзо заздравуваш, се вежбаат мускулите. Да не се лажеме, првото станување е тешко многу ама после се полесно и полесно.
Зависи каде ќе се пораѓаш и кој ќе те породи, многу е важно докторот да има лесна рака, од тоа ќе зависат болките, ако си државно префрлувањето од шок соба на одделение е незгодно и првото станување, викам незгодно не дека боли многу, барем јас во однос на болка поминав одлично, се се сведе на менструална болка,толку, почесто станување, мнооогу вода и тоа е тоа. Подобро да не јадеш додека не се средат цревата. Јас два дена после царски не јадев само течности пиев, третиот ден лесна храна,пире,супа тоа. Во глобала ништо страшно. Една недела нема да можеш да спиеш на страна, затега раната, во однос на домашни обврски ќе може се да правиш штом дојдеш дома, јас сама се правев,перев,пеглав,бањав дете, а ми викаа нема да можеш, во глобала секое искуство е различно и многу е важен докторот што ќе те оперира.
Не сакам да се натегам, прочитај си го мислењето повторно. Од телото зависи. Јас имам болки и по 2,5 години. Докторот одлично си ја заврши работата.
Многу кај природниот не може да се предвиди како ќе тече процесот, и јас сум мед. сестра и јасни ми се придобивките од природниот(имам и присуствувано на пораѓај иако не е моја гранка), ама само ако природниот тече сосема природно. Пријателка после сите болки, провокации и триста чуда, роди после ден ипол и заврши со општа анестезија заради шиење на пукнато грло на матка, вагинален ѕид, и големка епизиотомија. Катетер и строго мирување 2 дена. Бебата јадна имала отпечатоци на главче, мало нагмечување од влечењето со нешто као вакум( нз како се вика алатката) опасност од гушење оти заглавила фала богу на крај се ок. Ама ај овде да и јас зборувам на оваа жена за придобивките од природниот? Вакви случаи може и се поретки, ама гаранција нема. Ризик секако има, и вака и така, и заб да вадиш, а не бебе да излезе од тебе. Ја почитувам опцијата тука дека никој не е приморан на ништо, као жена си мораш да расцветаш долу, така е природно, ќе те сецниме, ќе те сошијаме. Ок. Нека фала. како и да е, да не тргне на лошо. Убав ден мајки ви посакувам, вашето биднало и уживајте си сега со дечињата.
Можно е да е до телото,а и јас бев многу спремна за тоа што ме чека, опседната бев да знам што ме чека ,слушав искуства на YouTube, плачев рикав заедно со жените што ги слушав и некој адреналин имаш таму желба да станеш за побрзо да го видиш детето. На крајот секој е различен.
И јас сум свесна дека ме очекува операција од која морам најбрзо да закрепнам, ако ме чекаше природен поголема неизвесност и повеќе за мислење
Јас верувам дека во 21 век жената треба да има право да избере како ќе го донесе на свет своето дете, јас за себе избрав царски затоа што мислев дека е најдобра опција за мене, исто не сакав да ми пикаат раце, да трпам болки со саати, да ме шијат па да не можам да седам, целосно бев свесна за ризикот затоа што мајка ми после критичен царски одвај останала жива, ама бев убедена дека секоја приказна е различна и ризици секогаш постојат. И додека лежев во болница ги гледав како доаѓаат од природен пораѓај како да ги згазнал воз и во ниеден момент не зажалив за одлуката. Јас не промовирам царски само цврсто верувам дека секој треба да си избере и знае што е најдобро за него.