Haha i doma koga im kazav na zolva mi i sverkvata me iskaraa da ne slusam mn gluposti a mn sakam priroden poragjaj da imam
Здраво мамички! и идни мамички Не сум бремена, но би сакала да бидам во иднина и да се породам со царски рез зашто многу ми е страв од природно породување, , моето конкретно прашање е дали докторот кој ќе ми ја води бременоста можам да го убедам да се породам со царски рез и во случај кога тој ќе вика дека поарно би било да се породам природно,.,....... ме интересира колку се докторите подложни на сугестии и колку ги следат желбите на пациентките? поз
Мене ме интересира, зошто се замараш уште пред време со вакво нешто? Нема кој не се плаши воопшто од пороѓај, барем една минута во денот. Знаеш ли како престанува стравот во истата секунда, кога бебето ќе мрдне? Кога ќе го видиш на ехо? Кога ќе го видиш мт разнежнет како се топи од стомакот? Царскиот рез не е играчка, не е легни и бебето е надвор, стани оди си. Тоа е операција, и тоа сериозна операција. Страв ти е рече, од природен пороѓај. Ако ти кажам дека јас ја осеќав се, ама баш се? Ни една опивка не ми фати како што треба, цел Чаир ме пораѓаше? Притисок качен, анестезиологот се дереше само по мене - ДИШИИИИИИ, ДИШИИИИИИИ, ДОКТОРЕ ПОБРЗО, ЌЕ ДОБИЕ СРЦЕВ УДААААААР!!!!!! Лепота. Уз тоа, бебе спуштено веќе во канал и заглавено, па ја враќаа назад. Тоа да видиш колку беше интересно, распукав и долу. Не паничете бре жени за џабе, посебно не пред време. Јас се отворив 10 прсти, напони како по книга, па пак царски отидов. Иако не бев ни физички способна да раѓам заради вродена маана, пак потпишав да пробаме природно. Не се знае како ќе оди до последен момент, докторите знаат што е најдобро за тебе и бебето. На крају краева, за пари во предавничкава држава се се прави, па ќе си платиш одредена сума на пари, и ако сакаш со музика ќе те оперираат.
Zdravo. Da, se plakja neshto povekje ako sakash da idesh bez posebna prichina so carski. Ama VERUVAJ, nema nishto poubavo od priroden poragjaj. Jas mnogu sakav po priroden pat da se porodam, ama zaradi zamatena plodova voda doktorite ne smeeja da me drzat povekje da se otvaram. Koga mi kazaa ideme so carski, mene mi se preseche cel svet. Pred se, doktorite znaat shto treba i kako kaj sekoja pacientka, veruvaj, nimalku ne e lesno posle poragjaj so spinalnata anestezija, trebaat meseci oporavuvanje.
Јас сум правена царски рез и тоа без моја желба,иначе бев со целосна анестезија.Еве има поминато 20-ина дена мене уште ми е стресно.Појдена на контрола завршив со хитен царски рез,незз ни што ќе ми се случува прашував за дали ќе ми дадат индукција природно да се породам,добив одговор дека ако не се извади бебето за 15 мин нема да имам бебе,а и за мене не гарантираа.Ама имало господ се спасивме и двајцата.Пост-оперативниот период ич не беше лесен ама кога го гледав мојот златокос ангел ми идеше сила да го направам следниот чекор.Иначе остана мојата неостварена желба за природен пораѓај,ми кажаа дека и за следно ќе мора со царски.Тие со природно се мачат додека се роди бебето после полесно е,а кај нас со царски болката тек после настапува,секое станување од кревет за мене беше кошмар,бебето тука со мене цело време а јас не можам да се свртам од болка,не можам да го земам како што треба,не можам да го нацицам
Искрено иприродно и царски да си постои ризик... Непостои подобар избор помеѓу тие две опции... Разч Лично е за секој... Јас бев царски ми беше стресно ама болката се издржува од раната аама мн страшни ми беа главоболките од спинлната... Ако ви почне процесот прирпдно супер ако не поубво царски ја се каам со примив провокација.. Лена има мал белег црвенило на очето и челцето со најверојтно од провокацијата.... И поубаво што бев царски поради папочната врвка за мјката е потешко ама за бебето е полесно зашто е стрес.... Треба да помине во тој канал...
П. С една девојка со беше со мене природно со провокција и рспука цела матка па пак ја сечеа и ја шиеа идоле плус рече да знаев вака дека ке завршам ке си отидев царски одма
Pravena sum carski i jas na 10 noemvri, krvarev 2,3 nedeli i potoa mi prestana arno ama sinoka imav blagi menstrualni bolki i pocnav pak da krvaram, ne mi e jasno dali ova sega e menstruacija ili e prodolzenie od prvo? Na pregled sum na 24ti ako ima nekoj da spodeli nesto vo vrska so toa ke vi bidam blagodarna. Procitav nekade deka ako krvaris poveke vreme nesto ne e vo red so ranata a jas nekako i ne se cuvav bas.
Какво е крварењето? Баш како да имаш менструација, или како кога се чистеше од породувањето? Оти можно е да си добила, кај мене беше така, само што престанав да крварам од породувањето, после неколку дена добив менструација, точно еден месец после породување. Прашај си и гинеколог за секој случај.
Малку надвор од темата, ама и јас бев со провокација породена (природно) и мојата малечка се роди со белег-црвенило на очето и челцето. Интересно, не сум знаела дека тоа е од провокацијата
Сега читав на фб нема веке да има царски по желба на родилката.Дали ова важи само за државните клиники или и приватните не пишуваше.
Царскиот рез ќе биде забранет освен во случаеви кога е неопходно и единствено решение. Според мене ова е сосема оправдано.Ооваа можност во минатото многу се злоупотребуваше од чисто егоистички причини плашејки се дека поради породување по природен пат ќе дојде до проширување на вагината. Иако оваа теорија е сосема погрешна затоа што породувањето само во мал број случаи доведува до тоа да после тој чин мускулот на вагината не се врати во првобитната положба. Затоа тука има вежби кои се едноставни и практични кои треба да се прават уште многу пред да се стане мајка за да се зајакне тој мускул и да породувањето по природен пат на остави трајни последици на еластичноста на вашата вагина. Денешнве младо не само што не практикуваат вагинални вежби, туку и не се воздржуваат кога им се уринира туку веднаш трчаат во ВЦ. Таа услуга нема да ја покрива фондот затоа што е поскапа од класичното породување, освен во услови кога породувањето по природен пат е ризично. Ќе важи за институции каде фондот го покрива породувањето. Во приватните клиниќи каде родилката ги покрива 100 отсто од трошоците тоа си останува како опција. Значи ова ги дисциплинира докторите кои лесно се одлучуваат на царски рез, кој сам по себе носи поголем ризик бидејки се работи за оперативен зафата, и можноста од инфекции и компликации е зголемена. А исто така трошоците се зголемуваат на терет на фондот и бројот на деновите поминати во болница на родилката и детето, што чинат пари и секако оптоварување на капацитетите во вид на простор и персонал.
Јас се пораѓав со царски рез и целосна анестезија. Почнав со индукција за природен пораѓај, но и покрај страшни болки не се отворив ни еден прст...Поради присутна тромбоцитопениа епидурална/спинална не беше избор, па поради тоа мораше со целосна анестезија. Сега кога ќе се сетам на болките што ги трпев додека ме чекаа да се отворам, уште 100 пати би потпишала за царски рез. Едвај чекав да ми стават анестезија. Болките отпосле се ништо во споредба со тоа што го преживеав тие 5 часа. Инаку претходно бев поборник за природен пораѓај - ненормална
Кога сме кај крварењето,јас незз дали имам уште воопшто крв за крварење,со оглед на тоа што мн искрварив не можеа да ми го контролираат крварењето.Ама успеа и тоа ако другите родилки менуваа по 3 влошки јас по 5 и утоп брв цело време,исто така продолжи и дома уште 2 недели а сега еве нема ништо,одвреме-навреме туку ќе се појави нешто на влошката.Само ме загрижува имам нешто како жолтеникаво на влошката и се извинувам на израз мн мириса не можам да се поднесам,страшно е мн иначе на контрола сум после 40 дена да видат матката како е,а до тогаш имам уште време.....
isto i jas otsekogas si zamisluvav deka prirodno ke se porodam.Edno ne se otvoriv ni prst,drugo-pominat termin 13 dena,treto-puknat vodenjak so matna plodova voda.I ZAVRSIV NA ITEN CARSKI REZ...
Isto, zamatena plodova voda, otvorena samo 2 prsta, puknat vodenjak i nadnoseno 10 dena. Pa morashe carski rez, inaku nemashe nikogash da posakam carski sama.
Nema vrska Ne se grizi, nema vrska toa zoltenikavoto, toa i jas go imav, a za razlika od tebe, jas krvarev povekje od 40 dena i vednash posle 1 mesec dobiv menstruacija, shto za razlika od drugi, dobivaat menzis posle 9 mesevi
Јас примав фраксипарин исти се како клексаните само што помалку болат и ми ги стваа во рамо.Јас мислам дека после секој царски се стават ама не сум сигурна бидејки јас ги примав и во текот на бременоста.
јас примав некакви инекции во рамото, за циркулација на крвта биле, ми рече сестрата.. и јас итно завршив царски, иако откако ме фатија болките, и гледајќи ги жените пред мене шо се породија, на 2 метра од мене, во соседна соба, потајно се надевав да се породам царски, па царски и завршив со спинална.. пак че се повторам, операцијата помина супер, после тоа 10тина дена при напон ме заболуваше операцијата, ама после тоа неја чувствував, заброавив дека сум царски породена.. по 2 месеци, чувствував пак болки некои тапи, па престанаа и тие.. е сеа ме мачи, со цревава како се справувате? дали само јас сум исплашена до бесвест од рак на дебело црево или незнам ти такви некои работи.....?...... едноставно, некогаш цревава ми закркоруваат без причина, при испуштање на гасови некако подруго ми е, ако не дадам напон кога ми се подува стомакот мислам дека нема да испуштам гасови... се извинувам за ова, ама незнам како поинаку да пишам, а морав да пишам оти ме мачи совеста... читам на гоогле, барам ли барам , конкретно за цревава после царски ненајдов ништо.. морам да кажам дека, ослабена сум 19 кг еве 3 месеци има Матеј, до пред една недела, јадев,јогурт, овесни,житарки, благо млеко, сирење, ајвар, пилешко, некогаш и овошје, вода исто така пијав премногу првиот месец.. ова ви гокажав дали има некаква врска тоа со цревата хах се надевам дека залудно се грижам :/