Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со последниов пасус.
    И фала богу си дошла тука искуства да прашаш за царски, а не некој да ти кажува и убедува дека природно е подобро.
    Поздрав и со лесно да си пројдеш како мене :inlove:
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за позитивна енергија што ми сподели. Психички сум многу порастеретена кога е царски во прашање, да изигравам херој не гледам потреба :inlove: а психата е многу битна за целиот пораѓај да не се доживува како искуство "траума" што е неизбежна.
     
    На Tea SK и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Лејдис енд џентлмен, ова ќе го прочитате само на македонски форум :drunk:
    Ако ова не е романтизирање на царскиот, незнам што е.
    Незнам колку е романтична опцијата на стомачна кила после операција, или слепување на ткивата-адхезии па триста компликации. Да, знам една таква жена која ради адхезии ѝ се закомплицира, остана и без матка и со неостварена желба за трето дете.
    Исто имам снаа од братучед на маж ми која едвај ја спасија на операција од многу изгубена крв. 3 саати неможеле да сопрат крварење. Нема да бидам посликовита, ќе застанам тука.

    Грдо е да се читаат вакви искуства, нели @Honny ? Епа реткост се, навистина, но и тоа искуство на другарка ти со пукање на грло од матка е ептен реткост. Толку е ретко, да можам да споредам дека адхезии, крварење и кила при царски се три пати почеста појава. Иако доктор ќе каже дека операцијата е веќе рутинска, тој неможе да ги предвиди компликациите што може да настанат за време на и после операцијата. Дај боже да не искусиш ништо од ова, и веројатно така и ќе биде, мора да се мисли позитивно, но ете зашто не мислиш позитивно дека пеиродно супер ќе поминеш? Да споредуваш или сатанизираш природен процес, како што прави Теа Ск, со операција која треба да биде секогаш само во исклучителни ситуации и медицински издржани состојби, навистина не е во ред. Размислете разумно.

    И многу си грешка што мислиш дека траумата при спонтано пораѓање е задолжителна. Ептен погрешно е што гледаш на нештото што е природно како на херојство.

    А твојата фобија да те чепкаат "таму доле" верувај не е само кај тебе, не е како другите радо да шират нозе и со радост дочекуваат туѓи раце. Јас кога не бев психички спремна да бидам мајка, кога го слушнав моментот што се вика епизиотомија прво што ме фркна е "како побогу ќе имам секс посое тоа?". Веднаш ми се створи одвратност кон раѓањето деца. Кога ќе поминеш низ процесот "прифаќање на нештата" и ќе сфатиш дека твоите стравови се неосновани, и кога ќе се прифати фактот дека мајка се станува кога ќе ги прифатиш предизвиците за да донесеш на свет здраво и право бебе и да жртвуваш она што треба за да на двете страни им биде добро (не само на едната). Секогаш треба да се бира опцијата која ќе биде во корист на двете страни, и на мајката и на бебето.

    Викаш ги знаеш придобивките за бебето од природен, и ризиците за бебето при царски? И сепак бираш царски без причина? Хммм :?:

    Се изнафилозофирав, ама никогаш нема да прифатам кога некој го обезвреднува она што е природно и нормално. Мене срце ме боли за секоја една другарка што ја имам што МОРАЛА да заврши на царски.

    Ти посакувам најлесен пороѓај да имаш, само со позотивни исходи, и за тебе, и за детето :hug:
     
    На kikikikirika, An-na, Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.814
    Допаѓања:
    18.626
    Пол:
    Женски
    Гледај статистика, колку од сите природни се ризични а колку од царски се ризични.
    Катетар и јас имав два дена а немав ризик никаков.
    Јас си станав регулар, се беше во ред ама си имам болки. И инекции за болки добивав.
    Редовни контроли велат се си е во ред.
     
  5. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Видено мене ми е готово и одлучено, дилема немам ни 1% :)Жал ми е што си имаш болки и последици од царскиот, каков дебелокожец за болка сум, болката од постоперација ни ме плаши и ни премислува. Не знам дали планираш уште деца, ама ако да, совет да си бараш доктор за природно(сум слушнала има после царски и природно се нафаќаат некои да те породат), за да не си преживуваш пак хорор, болки и траума од уште еден царски. Фала ти сепак на одвоеното време и информации.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.114
    Допаѓања:
    124.383
    Ако почнеме така,и јас еден куп примери ќе кажам со природно за жал на мои блиски. Ама не е фер , не сте фер, навистина неможев да ти го дочитам постот од што ме вознемири.
    И јас пак ќе одберам здравје царски, сметам дека така е побезбедно за моето дете.
     
    На Verce28, Tea SK, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Втор царски е полесен ич да не се секираш.
    Јас сега со малово незнам само со кој памет се качив на бокс ќе се направеше трагедија.
    Го послушав акушерот слушај 9 прсти си ајде качувај се одма ќе го родиш аха важи како па да не.
    А кога одевме натака во кола, маж ми цело време ми збореше немој природно да си се нафатела.
     
    На Honny, mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  8. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    Романтизираат царски и тоа ептен откако спиналната стана тренд. Да беше со општа немаше волку ИН да е царскиот. Интубирање отечени трудници е предизвик за секој анестезиолог.

    Во ред е И да се почитува изборот на секоја родилка , но да се величи оперативен зафат наспроти природен процес не е во ред.

    Со лесно на сите идни мами, било царски или природно (fingers)
     
    На kikikikirika, Ognena*, An-na и 7 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.114
    Допаѓања:
    124.383
    :rofl: Се качи на бокс Мониче :D И со 9 прсти отворена, не :(
    Маживе од ист калап.
    И мојот уште сега ми вергла тоа :)
     
    На Honny и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    9прсти ? :?:
     
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Абе богда чува, многу во еуфорија бев незнам што ми стана па уште и по нивни мозок.
    Ама си реков ајде мони биди јака и издржи ама јок.
    Да 9 прсти и кога ми дојде првиот напон добив огромно крварење и за помалку од 5 мин бев во сала.
    И тоа се отворив за помалце од пола саат од првата контракција
    .
     
    На Honny, mal.ecka и eli25 им се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Не разбира што е незгодно на државно?
    Станувањето и префрлањето?
    Два царски имав на Гак.
    Од шок соба ти местат кревет носилка до креветот и ти сама се влечеш со нивна мала помош исто и на оделение.
    Станувањето е со болничарка која е со тебе цело време те носи во веце со тушот ќе те помине.
    До лабаво ќе се измиеш лице, ќе ти облече чиста спавача и назад во кревет.
    Во приватно на раце да не ги носат:D
     
    На ivani30, tina2018, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Природен велиш, а колку природниот е стварно природен во денешно време ? Природен е онај кај животните, каде одат негде сами и раѓаат младенче. Кога веќе кај нас жените не може така, кога мора некој да го води пораѓајот, да дава обезболување, провокација, индукција, прави механичко проширување на родилен канал(епизиотомија), на крај составува, шие, за да речеме сепак природно го родила, само дека излегло низ вагина. Не ме исплаши верувај ниту премисли, иако може и ти беше целта со компликациите од царскиот. Јас верувам дека мајка можам да станам и ако родам царски. Тотално е небитен моментот како ќе излезе од мене, тоа е моја крв и месо ако треба и низ нос нека ми го извадат:rofl: Јас веќе сум мајка, уште од првиот тест и првото сликче од ехо, пораѓајот не ми е предизвик, ниту мерка за мајчинство. Предизвиците се понатаму во растењето и гледањето на бебуш. Пораѓајот е нешто неминовно што мора да се случи за да јас си го имам бебенцето. Од наброените наназад примери може да се заклучи дека може да има компликации и царски и природен и по мајката и по бебето. Не е дека јас се штитам со царскиот а го изложувам бебето, кој ти гарантира дека на природен бебето супер ќе пројде и нема шанси нешто да му биде? Никој. Значи еве ако нешто треба да се романтизира јас решив да е царскиот, така имам поголем мир. Индивидуално е значи, не сме сите исти, и онаму каде што може да и се даде слобода на жената, каде што нема индикации за било што, зошто да не биде она што и е желба. Ништо од ова што сега го викаме "природно" порано и не било така баш природно, ама ете сега е. Интуицијата ми вика дека царски е подобра опција за мене, моја вагина мои правила :rofl: на болница битно се нафатија, што ќе ја тупиме сега овде џабе. Кој може и сака природен може слободно што се однесува до мене, немам ништо против кога се работи за друга, како и е желбата и можностите. Информации и ризици има сега човек кај да се информира и да си премери и донесе одлука. Туку и јас ај да не филозофирам повеќе, доста беше :D
     
    На unearthlysarah, Verce28, zverkica и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.814
    Допаѓања:
    18.626
    Пол:
    Женски
    Со лесно. :)
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    И тука раѓаш сам, те оставаат на бокс они си пијат кафе лав моабет додека ти рикаш од болки.
    И на крај добиваш леле на глава ми се качи со твоето викање или ушите ми играат од твоето викање.
    Ова за државно.
     
    На eli25 и Honny им се допаѓа ова.
  16. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Мамички и идни мамички што се запнавте да се убедувате кој начин на породување е полесен или потежок, кој е повеќе или помалку комплициран и слично. Реално ако почнеме да набројуваме предности и недостатоци има и едниот и другиот начин на породување. Болки ко болки ке имате и со едниот и со другиот начин, само едните доле другите на стомак, па побогу бебе излегува од нас. И сето тоа ке помине или ке биде занемарливо во моментите кога ке го земете во раце човечето што 9 месеци го носите во вас.
    Мое мислење е дека треба да се почитува изборот на родилката, ако веќе има можност да бира бидејќи не сите размислуваме на ист начин и не сите се плашиме од исти работи. Најбитно е таа да се чуствува сигурно и смирено во тие моменти.
    Затоа со господ напред сите да поминеме добро и да раскажуваме само позитивни искуства без разлика за каков начин на породување се работи, бидејќи тука на форумот има трудници што ке бидат прворотки па да не им внесуваме повеќе страв, бидејки и така веќе сигурно триста мисли им поминуваат низ глава.
    Инаку со првото дете се породив царски. Фала му на бога све помина како што треба, бебуш жив здрав, јас уште вториот ден бев на нозе. Првото станување малку е болно, истоштувачко и знае да ти се сврти во глава, ама не се некои којзнае колкави неиздржливи болки, меѓутоа второто веќе одма е полесно и кога излегов од болница све сама си правев без проблем и околу бебуш и околу домаќинството.
    Поздрав и ви посакувам на сите идни мамички најлесно породување :*.
     
    На unearthlysarah, viva.la.vida, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Страшно, сум слушнала и од други за односот, немам коментар
    Браво за муабетов :clap:
     
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
  19. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
  20. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Епа во мојот случај немав помош од нивна страна само ми го држеа креветот, едниот кревет беше понизок друг повисок и сама се влечев и се поткачив на повисокиот и реално не ми беше пријатно, во тој момент ме болеше раната,ама не беше страшно ништо не ми се случи, се издржува ,затоа реков малку незгодно, за приватно не знам како е сигурно повеќе те тинтраат и ќе ти припомогнат, барем би требало да е така за парите што ги даваш. За државно каква среќа имаш кој ќе ти се погоди на смена ,дали е викенд,празник, колку персонал ќе има така ќе поминеш. И мене ме чека 2 царски и пак ќе одам на ГАК затоа што сметам дека е ок, нема потреба да давам 2000 евра.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.