Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    9.900
    Пол:
    Женски
    Ова е типичен пример на си немала работа, дошла да се расправа на форум.
    Зашто цитираш мое мислење неповикана и изиграваш баба рога за трудница која бара мислење, ќе ти се обратам директно.
    Засрами се што пробуваш да разубедуваш и плашиш жена која тек треба да се пораѓа и да даваш свои проценки дали некој е спремен да биде мајка.
    Неверојатно е како може жена вака да се однесува кон друга жена. Браво за тебе.
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.654
    Допаѓања:
    39.913
    Пол:
    Женски
    Освен провокацијата, ништо од ова што го наброја немав со вториот пораѓај. Буквално сама се породив
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Ели, не е фер, но не е фер и што постојано се набројуваат сиииите негативности од природен, се повеќе и повеќе жени се решаваат да одат без медицинска причина под нож и тука мислам дека големо влијание има и форумот. Затоа отидов до крај, (иако до сега со години се воздржував), но ајде да се дискутира отворено. Ако веќе знеме колку лошо поминала некоја на која и пукнала матката и вагината, па дајте отворено да збориме и една операција кои ризици ги носи. Знам дека не е убаво, кога се работи за најубавата работа- бебе, ама не е фер и од останатите членки што им се одврзал јазикот премногу. Немав намера да вознемирам никого, сметам дека сите што го преживуваат царскиот треба да ги знаат ризиците (кои не се чести, но треба да се знаат) и затоа да се користи само во исклучителни ситуации.
    Ова неможам да го негирам, не сум дојдена да се инаетам, системот ни е толку трул така што природен пороѓај ќе биде само кај онаа што имала среќа и успеала набрзина да се породи или да се породи дома. Нема да навлегувам во деталите, и нашиве болници ме нервираат со нивните системи и бирократии.

    За вториот дел незнам зашто се браниш, никој не ја оспорува твојата улога како мајка. Сѐ на сѐ пробав да ти укажам дека наведување одвратни и несакани случки од природен пороѓај и инсинуирање дека сите се такви, апсолутно не е во ред. Исто како моето што не беше.

    Како и да е, алал на твојата позитива, и пак ќе ти речам со лесно нека е.

    @Tea SK ако не знаеш да користиш форум, најди си друга занимација.
     
    На kikikikirika, Yowannty, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  4. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Смирете топка луѓе, што е битно кој како ќе се пораѓа? Само не солете памет ни едните ни другите зошто не природен или не царски. Секоја од нас има право на избор и може како сака да се породи. Никоја од вас нема исто тело за да споредувате одма со негативности што ли може да и се случи ако одлучи поинаку од вашето мислење. И да, овде повеќето сме првородки и онака ни е се хаос во глава па уште и вие фалите со мрчењево. Ај релакс малку тие што сте родиле и не солете памет на тие што топрва треба да раѓаат. Пак ќе кажам сите сме различни и никоја нема исто тело како некоја друга, секој си е посебна приказна за себе. Со среќа и со лесно на новородките и сите до една да се пофалиме набрзо како сме поминале на породување :*
     
    На Ljubova, Matea94, marijamarkoska и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Јас не бев спремна ни за едното ни за другото.. Контракции имав,се отворив до 6 прсти ама се упрпав за бебо..Ми беше страв дека нема да соработувам и ќе го угушам.За панични напади и да не зборувам..За царски па воопшто немав ни читано и искрено на болница кога бев немав којзнај какви потешкотии ама кога си дојдов ме удри памет да читам форум да не треба да правам нешто што не знам,едноставно искуства и начекав хорор и премногу се исплашив. Ми стана јасно дека поголеми се ризиците за мајката,дека полошо е за бебчето,ретко кој се нафаќа на природно за второ а јас ова искуство и ова опоравување пак нема да ги одам..
    Дали е кила,дали е дијастаз уште не сум сигурна ама имам болки околу папокот на секое станување,болки во кичма од епидуралот,раната нонстоп тегни штрека чеша,стомакот надвиснат над рана,болки на допир и дали се адхезии не знам ама на секое мокрење мене ме боли резот.
    Само сакам да споделам искуства и сум 100 паѕи пишман што не пробав,до сега ќе бев бомба..Да не кажувам па за одложениот bonding moment со детето,неспособноста да го крениш во раце,да не можиш да извршуваш никакви обврски повеќе од 2 недели (јас не бев способна и само спиев) мажот ми го гледаше детето..Тоа ми беше најтешко од целото опоравување.
    Благодарна сум за бебчо што ми е здрав и жив ама во исто време ми е жал што го скратив од бенефитите што можеше да ги има ако се породев природно. Реално и за мене ми е жал. Лута сум што ми дозволија..
    Ова е мое искуство,ви посакувам полесно да си поминете!
     
    На Kitten, Annath, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.811
    Допаѓања:
    18.623
    Пол:
    Женски
    Зошто тогаш се пишува за екстремно тешки природни пораѓаи? И тоа е без осет, има жени кои сакаат природно.
     
    На Ognena*, Trpkovska и tambelina им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    9.900
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е и тоа без осет.
    Жената влегла во тема царски рез да праша за искуство, со став дека ќе се пораѓа царски, вие ја убедувате за природно и и правите фобии.
    Јас си имам позитивно искуство и си направив убав муабет со жената.
    Не ми е јасно, што имате вие да ја убедувате и да пробувате да и мењате мислење, па уште и со мене се објаснувате вака можело од царски, така можело.
    Кој што сака нека си прави, негово тело.
     
    На Honny и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.793
    Допаѓања:
    202.759
    Пол:
    Женски
    Ако треба родилките сами да одлучуваат како ќе се пораѓаат, немаше да постојат гинеколози и гинеколошко-акушерски болници.
     
    На Ognena*, An-na, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Мене за жал ме оставија сама да одлучам..Многу сум лута ми иди да го отепам..Трн во здрава нога,ми се чини живот ми скрати..Може ќе соберам некогаш храброст и ќе го тужам..
    Тешки да ги знаев сите маани и придобивки,да ми се врати времето би прочитала и сериозно би размислила...
    Него имам прашање..До кога ќе боли местото и раната на допир? Како иглички да ме бодат на секој допир а 2 и кусур месеци поминаа. Можам да очекувам подобрување некогаш или да се помирам дека никогаш нема да биди исто?
     
    На Annath, tina2018 и tambelina им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.910
    Допаѓања:
    116.729
    Пол:
    Женски
    Да се помириш :)
     
    На Oneo и LazaLaza им се допаѓа ова.
  11. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Имаш иста мака? Не знам дали би можела искрено :@
     
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    9.900
    Пол:
    Женски
    Мене после месец дена ми пројдоа болките целосно. Не би знаела искрено да ти одговорам, жал ми е.
     
    На Be-yO-nCe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.811
    Допаѓања:
    18.623
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам само факти. Треба да ти е фобија со здрав разум да си избереш царски затоа што не знаеш телото како ке ти реагира. Не е ни нормално доктор да одобри царски по желба ама за пари и моралот и етиката ја забораваат.
    Мене така со боцки ме болеше месец два. Потос таа болка премина во тапа болка при работа. Ке земам садови да мијам и за кратко раната боли боли. Сега по 2,5 години боли само на промена на време. Некогаш и при работа боли ама ептен ретко.
     
    На tina2018 и tambelina им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Извини, знам дека ти е тешка темава, те читав како се осеќаш.
    Немој да ме сфатиш погрешно, но и сама пиша дека се бориш со анксиозност и панични напади и си помислила дека нема да можеш да го издржиш пораѓајот и дека евентуално нема да соработуваш со докторот.
    Зошто си ја мачиш душата се уште, се каеш, се преиспитуваш? Си донела на свет здраво бебенце кое ти го прави секој ден поубав, остави го тоа што било позади тебе и не мисли повеќе.
    Не се преоптоварувај со тужби зашто верувај докторот се има покриено добро ако навистина немало индикација за царски. Само ќе си ги фрлиш парите и ќе губиш време по институции. Штом одлуката била оставена на тебе, ти си одлучила дека така е најдобро за двајцата/двете. Исправно или не нема да дознаеш никогаш зашто не знаеш дали би успеала природно затоа те молам ако треба побарај и стручна помош да го надминеш ова и не се измачувај повеќе.
    Инаку, мислам ретки се жените што не се преиспитуваат дали царскиот бил вистинската одлука, дали телото ги издало, дали докторот... Се тоа се прашања на кои сега можеби и нема да најдеш одговор. Пробај да поминеш преку ова и да се помириш.
     
    На Ognena*, Ljubova, majavel1 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.654
    Допаѓања:
    39.913
    Пол:
    Женски
    Докторот не ти е крив ти што си се одлучила за царски, извини вака
     
    На Oneo и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  16. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Мислам тоа нема да ми е толку проблем,гледам немам промена при работа не осеќам притисок никаков само како да ме тегни понекогаш..Ама ова што ме пецка аман веќе ми е страв да се допрам до кујна а повнатре ми се елементите и се нервирам ептен сум нераат.. Осетот се враќа малку по малку ама јас не ја оставам раат..Ја масирам по 2 пати денот,мачкам масти лепам лепенки за да ублажам нешто па ќе видиме.. Оболев психички ме убива што се нешто боли пецка тегни. Стварно не очекував и баш од тоа романтизирање на царскиот како се по 2 3 дена или недела топ мислам дека полесно одлучив..Срамота е што не се кажуваат последиците што се осеќаат долго време...
    Пошто царски е само вадењето,друго царско ништо нема.
    Попредвидливо е да,знаеш како ќе течи пораѓајот ама па телото е комплексна машина,не може да се предвиди твојот опоравок.
    Боље би сексот да ми се расипе и да ме боли при однос отколку константно да живеам со болка.
    Мој совет до сите што имаат добро поставено бебче,никакви индикации и психички проблеми да си одат природно пошто ова е фрустрирачко до немај каде.
    Ако сепак сте одлучиле за царски ви посакувам полесно да поминете од мене,пошто во вц може да биде болно одењето и со царски..Вашето ќе помине кога ќе зарасни епизотомијата,за моето никој не ми гарантира и не знае од што е :party:
     
    На Annath, tina2018, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Знам дека не ми е крив,лута сум што немав поддршка никаква туку ме оставија сама во соба со паничен напад и ми рекоја кажи што сакаш за пола саат да си го испланирам денот. Никој не дојде да ми објасни,да ми каже дека супер се отварам едноставно да ме охрабри а затоа платив во приватна болница.
    Барем парите си ги повратив од осигурање,тоа да не ми е криво :D
     
    На Annath, Kitten, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам,работам на ова..:hug:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.654
    Допаѓања:
    39.913
    Пол:
    Женски
    Значи ти си го одбрала она што мислеш дека е најдобро за тебе и бебето. Никој не може да претпоставе како ќе му тече породувањето, ама сите се надеват на најдобро. А што ако не си соработувала со докторот и акушерката доколку си одбрала природно? Што ако добиеш некаков напад? Луѓе кои не страдаат од панични напади добиваат во одреден момент, а не па некој што страда од ова. Јас во стоматолошка ординација добив паничен напад, а никогаш пред тоа не сум имала, едноставно се исплашив кога ми земаше мерка за забите, мислев воздух немам, мислев до тука е, едвај дишев. Како и да е, сакам да ти кажам, не е битно како си се породила, битно е да биде се во ред.
     
    На joy1 и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    7.981
    Жени, сте слушнале ли за некој нов метод на царски рез, француски?
    Имаше на телевизија ама не успеав да фатам за повеќе детали.