Имам две спонтани породувања после прв царски . Но разликата меѓу царскиот и првото спонтано породување ми е 5год. Сепак и после 5год постоеше истиот ризик, мене така ме информираа и пред првото па и пред второто спонтано породување. Јас имав подршка од гинеколог кој го водеше породувањето. Пак да напоменам бев известена за можните ризици и компликации . Одлуката е твоја но секако во консултација со гинеколог . Со лесно едит:во државна бев .
Tret carski rez,prviot pred 9 a vtoriot pred 8godini,tretiot pred 2dena,prvite dva so celosna,tretiot so spinalna.mislam tretiot najlesen do Sega em si gi vidov bliznacinjata koga se rodija,eve vekje stanuvam se dvizam,carskiot voopsto ne e lesen ,no vo moite slucai bese nezibezen
Значи читам 2-3 страни наназад и не ми се верува што пишувате сите. Споредувате царски и природно, како повеќе боли... глупости големи. Темава е во бременост, бремени читаа а вие пишувате што можи да се случи. Уплашете ги сите, уште не породени Јас од лично искуство ќе си кажам за мене. Прва бременост, сакав и очекував природно да се породам. На преглед во 39+3г.н. контрола имав и цтг. На цтг бебето не даваше никаков знак, сестрата и докторката се погледнааа и вика сестрата овај апарат не е во ред. Го кажала тоа за да не се исплашам јас и онака имав висок притисок. Докторката ме викна на ехо и вика подобро царски да го извадиме,доста чекавме. Јас се изнаплачив, зошто царски а го чекаме за природно, плус и се намести бебето. Океј бебе извадија со царски, не плачеше, после некое време почна. Значи штом извадија бебе и гледам дека не плачи, заборавив на се. Не ми беше битно како се роди, колку сум сечена, кога ќе се опоравам. Само чекав да заплачи моето бебе и да ми кажат дека е се во ред со него. Ви раскажувам за дојдам до главното што сакам да го кажам. Не е важно природно или царски, најважно е таа мала душичка, тоа бебенце да е живо и здраво. Друго се поминува и се заборава.
Здраво женски, дали ви се случувало после царски препотување, буквално се пресоблакам неколку пати ноќе, а немам треска. Ми кажаа дека поради млекото ама сакам да слушнам и искуства. Чудно ми е што само ноќе се дешава, преку ден најнормално. Може и после природен е исто, ама ај дека сум царски пишувам овде.
Од хормоните е. И од доење. И може да смрдиш многу, да не ти е мисла. Ке се среди се. Проблеми со царски може да има со раната или крварење.
Извини што влетав во муабетов, но дали има секоја од нас право да одлучи како ќе се пораѓа во државна болница? Пример јас сум бремена со второ, 2,5 години поминаа од првиот царски. Дали можам да одлучам јас дека пак сакам да биде царски?
Не ме фаќај за збор, ама колку што имам разбрано од трудници, ако првиот пат биле царски и вториот одат царски, немам искуство, само познавам мајки така што прошле
@nevermet18 не заборавив Бев вчера конечно. Ми кажа за кичмата со здравје да си го носиш пошто како што се правела рана надвор така и внатре при боцкањето можно е да се повредило некој мускул што имал многу добро памтење,ми кажуваше со медицински термини и не запамтив. Ми рече дека катастрофа сум сошиена внатрешно и дека ми имаат зафатено и дел од абдоминалниот ѕид. Имам како грутки на краевите од раната иако надворешно изгледа перфектно. Раната нормално зарасната со фасцијата и тоа ми прави ограничување на движењата тегнење и болка и морам да ја ослободам. Ми покажа техники на ослободување што треба да ги правам 20 дена врз раната. За болките во стомакот ми кажа заради ослабен абдоминален ѕид дека се и за тоа ми даде вежби. Исто и за половината и грбот. Пак да сакаме царски кога нема причина..Телото ужас,огромен дисбаланс со навидум една танка линивка ама за внатре никој не кажува што се може да се случи..
Јас дојдов во темава за да прашам дали е малку касно договорен царски во 39+2, тие ми пишуваат 5 страни наназад дека треба да раѓаме природно ја одследив темава зошто реално многу малку има корисно да прочиташ за побрзо опоравување, заздравување на рана, преврски ,одржување итн. Јас очекував дека овде се пишува се во врска со царски, не битно од која причина сте биле на царски. За природно или царски има друга тема, ама батали. Иначе за опоравувањето ќе кажам заклучив дека многу зависи од карактерот, а не од царски или природен. (Нормално ако е без компликации) Имам една другарка само еднаш издржа и никогаш повеќе нокти да и стават оти "екстремно" боли УВ ламбата, кога и ја плетеа косата плетенки, не можеше да издржи и се напи апче за болки, дека фризеркава многу ја тргала Сама на себе си се смее и вели, она како и да раѓа ако "преживее" секако ќе се опоравува цел живот, небитно царски или природен и има вистина, тој што е научен да се жали, ќе си најде мака во се, ќе се жали и штркот да му го донесе
Да ве прашам дали знаете после колку време би се средиле ддимерите после царски? Јас испитував пред една недела се извадив од памет 2200 ми беа па се боцкам 2х0.4 според трансфузиолог. Па да знам кога би завршило веќе ова боцкањево....
За опоравување е битно како ќе те сошијат. Ти не се секирај, во странство се сите стручњаци, овде ретко.
Во Систина идам кај Нинослав пишува само контрола за недела дена, па да прашам што да очекувам, дали би имало подобрување за брзо
Па за десетина дена би требало да се средат. И јас се боцкав после вториот царски, се средија за кратко време.
Да се надоврзам бидејќи и јас ја отследив малку темава после дискусијата од пред некое време, а читајќи наназад и не е прв пат да има такво дискутирање меѓу членки. Почитувам сечие мислење и избор но стварно не гледам поента да се убедуваме и осудуваме, едноставно не е корисно за никого особено за нас трудници што тек не чека операцијата (плус има тема што е посоодветна за дискусијата). Јас лично морам царски ама воопшто не ги осудувам жените што сакаат да се пораѓаат царски од немедицински причини како во твојот случај. Мило ми е што живееме во време кога медицината е толку напредната што имаме избор за тоа како ќе се пораѓаме и ако некоја смета дека царски е правиот избор за неа кои сме па ние да ја осудуваме? Баш ние жените знаеме низ што поминуваме и наместо да се поддржуваме повеќе, пробуваме да наметнуваме свои гледања и да се осудуваме. Јас лично во фамилија имам жени што морале со царски, жени што ми кажаа дека после искуството што го имале воопшто не би помислиле да се пораѓаат природно пак и обратно, жени што се породиле природно и би сакале така и во иднина. Индивидуално е. И сите они родиле супер бебенца независно дали царски или природно. На крајот и тоа е најважно, да родиме живи здрави бебиња, а ние вака или така ќе издржиме се. Тука треба да си помогнеме и да се поддржиме, затоа големо фала до членките што споделуваат совети зашто стварно се добредојдени.
Ме насмеа со другарка ти Јас имам кума која неможев да ја замислам на природен пораѓај, зошто она од обични гинеколошки прегледи рипаше викаше, а па тек пораѓај. За на крај да станам сабајлечки на роденденот на моето синче на 12ти Април (термин и беше неа на 22ри некаде), и да ми јават дека се породила природно и многу лесно Јас имам и природен и царски, некоја споредба којзнае каква неможам да направам дека сепак се два различни пораѓаи, но можам да кажам дека после царскиот многу подобро се чувствував и побрзо се опоравив. Боли раната да, ама ниско е доста, секој ден е се помала болката, веќе 7ми ден дома се си правев сама Ништо не ја мачкав, си се туширав и вода и низ неа поминуваше, после со тапкање ќе избришев. Сега 4г се поминати, белегот скоро и да не ми се познава. Инаку вака од искуства сум читала и сум слушала дека и до 40та ги оставаат со закажан царски, ако меѓувреме пукне водењак и се добијат болки, нормално ако има индикации или ете договорен царски, се оди царски. Мене второто ми е итен царски во 40+ недели.
Мила тука во Македонија најчесто ги закажуваат околу 38 + некој ден ако све е како што треба. Меѓутоа мислам дека све е индивидуално и највеќе докторите се водат по состојбата на мајка и на бебето (созреаност, на постелка, килограми и напредување на бебето, кол. На плодова вода и сл.). Сепак на крај ке си видиш во договор со докторот што ке те пораѓа тој наубаво ке знае кога е најдобро за вас двајца или пак бебуш сам ке си одлучи кога да излезе. Мене првото со царски ми се роди во 36 недела (поради пукнат водењак), а второво здравје планираше докторот крајот на оваа недела 37+1 сум поради големината на бебето 4кг и димензии што одговараат на 40 недела, и ми бил тенокот ѕидот на матката кај првиот рез. Инаку ја супер поминав со првото, сега се надевам и со второ исто да биде. Поздрав и секое добро.