Благодарам. И мојот втор ќе биде после 2години и 5 месеци, но незнам уште како ќе биде породувањето, 34та недела сум сеуште не сум била на преглед во болница, ќе се пораѓам во Кавадарци.
Жал ми е што така си поминала. Кај мене и одвнатре се е супер, различни доктори потврдија ама пак болки имам. Матичниот кажа дека за бременост е спремна матката. Кај мене друга е маката: вежбам и тоа со тежини и се е во ред. А на промена на време болки невидени, и апче ми треба често. Или ако седам во една позиција долго време.
На прегледот после 40 дена ви беше ли зарасната раната? Кај мене внатрешно не беше заздравена, ми рекоа за еден месец пак на преглед, ама само си одложував поради разно разни причини... Во последно време сѐ појаки болки имам, дури страв ме фаќа. Наредна недела се надевам ќе отидам кај матичниот да ме види пак.
Поминаа 5 месеци од царски, страшни болки имам во грбот кога ќе работам. Сум имала и предходно, ама сега се многу појаки. Можно ли е да е некоја последица од царскиот, или од самата бременост?? Дали може да се снимам дека дојам?? При снимка би се видело ли ако е некоја последица?? @Be-yO-nCe ти какво испитување правеше за болките?
Истиот месец коа престанав да крварам по неколку дена добив,сега пред 1 недела веќе втора менструација имав
Јас бев кај киропрактичар,снимка не направив никаква и ми рече и последица од бременоста и епидуралот. Телото оди цело нанапред во бременост и ќе треба време дури се врати,плус јас имам мн ослабен абдоминален ѕид што уште повеќе притисок и болка ми прави.За стомакот ми даде вежби ама јас сум снимана не можам да ги пратам тука,го чекам да ми прати вежби за грбот и ќе ги ставам на темата.Ми рече дека со редовни вежби можи мн да се подобри состојбата така да има надеж
Сакам да ве прашам после царскиот каква долна облека носевте.Неможам да си најдам гаќи со висок струк а да ми бидат комотни
Девојки ѕ месеци после царски рез се супер до сега денес прв пат имам силно пржење болка во десниот дел лд раната и местото (резот) е црвен и надуен. Дали некоја од вас имала такво нешто?
Majki koga se vadat koncite posle carski rez, utre mi e 10 den dali mozam utre da mi gi izvadat zabiraviv da prasam vo bolnica
Колку време осеќавте болка(тие што осеќавте) над раната при допир? Скоро 3 месеци уште како со игли да ме боди. Раната исто ја осеќам уште како пресна и уште ме наболнува на допир..Внатрешно е баш како жила,многу тврда Да напоменам осетот ми се враќа полека полека и отрпнато е само на средина одма над раната..Знам досадна сум ама ова веќе неподносливо е..Да се јавам ли на лекар?
Бев пишала пред некое време дека ме заболува раната во одредени ситуации, веќе 10.5 месеци после пораѓај ќерка ми е се потешка и овој период мн бара да ја држам во раце, секојдневно осеќам тапа болка и тоа секогаш кога ја држам повеќе пати во денот, дали е нормално после толку време или да си закажам преглед,некоја мајка да сподели искуство.