Не знам дали е нормално ама еве и кај мене е слична ситуација. Се породив пред 14 дена, а веќе 2 дена немам никакво крварење. Имам слушнато дека при породување со царски рез имало помалку крварење ама колку е точно не знам, ова инфо ми е од рекла-кажала муабет.
@IVA B @Ivana-Iva.94 двете ми се со царски родени со првот крварев и обилно и долго до 40 дена.Ми се дешаваше памперс да мора да носам,а со второво дали 2 недели крварев и тоа оскудно со секојдневна влошка можев да поминам.
Јас се спремам за царски и бабицата ја прашував баш за после, какви влошки, гаќи итн. Ми нагласи дека едно пакување ми е доволно заради што после царски помалку траело крвавењето. Ама ете сега погоре прочитав и кај некои треало пообилно. Ваљда индивидуално, да исконтролира лекар најсигурно ќе е.
И кај мене беше така, првите денови обилно крварење, веќе дома кога бев се намали како нормална менструација, па неколку дена прекина, па пак почна со жолтеникав секрет и на 40 дена пак одново крварење мислев дека добив. Се стабилизирав после 50-60 дена.
Јас само во болница потрошив 10 плус минус. Местев по две една горе една доле. Во едно пакување имаш 10 влошки. Барем на 3 4 часа треба да ги менуваш. Дома продолжив со истите ми беа најмеки ама намалено беше крварењето.
Мене за дома ми требаат во болницата имало наводно, ама ќе видиме. Иначе мрежести гаќи викаат најудобни биле, купив едно пакување кога го отворив баш мрежа како гола си призедов обични памучни само со висок струк, ако не погодив ништо ќе трча мм по гаќи и влошки фала на совет
Мрежестите ептен ми вршат работа, еве породена, држат влошка, не сметаат, барем за првите денови, потоа обични со висок струк.
Мене мрежестите ми зафаќаа на раната на тоа закоравеното и баш ми беше грозничко.. Одвај чекав да ставам памучни дома.
Иста бев и јас, екстремна анксиозност која ескалираше пола саат пред да влезам во сала да ме породат. Лежев на цтг, ми наместија инфузија и чекав 10 минути да ме однесат во сала и тогаш мислев готово ја не можам ова, ќе си одам дома. Ме фати паника, ми идеше да откорнам све и да си одам. Ама бев силна и се исплатеше, брзо и лесно помина се и за 3 дена си бев дома со бебе. Биди силна, разговарај за своите стравови со некој, тоа мене ми помогна. Кога ќе ги кажев мислите на глас, сфаќав дека звучат дури смешно и нереално. И пробај да правиш нешто цело време, дали по дома дали филм, серија, не дозволувај мислите да ти лутаат, окупирај си го мозокот со нешто и ќе помине. Со лесно и со среќа!
Јас бев кај др. Мимоза и добро поминав,др. Горан и др. Кате исто многу ги фалеа. Болницата е ок, чисто. Ме изнервира неприлагоденото мени што е верувам во сите државни болници е исто, на жени оперирани носат крофна и какао и ти кажуваат да не ги јадеш да сум порачала да ми донесат од дома. Јас на пример не сум од Охрид, па како да доаѓа некој секој ден да ми носи супа и сл... Прегладнета бев 5 дена. Од неонатална нега воопшто не сум задоволна, бебето 5 дена во болница со ептен изразена жолтица, на докторката денот кога си одевме и текна ајде уште 5 дена седете на сончање. После тоа ми кажаа дека тоа е пракса, нон стоп ги задржуваат родилките плус 5-7дена заради жолтица или инфекции.. Дополнително за доење никој ама баш никој не се најде да објасни нешто на првородките, тупни ги бебињата в кревет до мајката и ајде цицај го, ниту да им покажат како, ниту да им ги наместат бебињата..
Ni jas ne sum bila bebevo 9 ke prai. Doduse bev na 40dena me gledase na eho i mi rece posle prva menstruacija pap i brisevi ama jas uste ne sum dobila. Se mislam da si napraam dur ne sum trgnala na rabota posle ke treba da iskacam i se e pokomplicirano
Се породив на ГАК со царски, за конци ништо не ми кажаа, па и јас не прашав, сами паѓаат или ги вадат, и за колку дена?
Јас се породив таму со второ, некако бев подготвена и знаев што ме чека, не очекував услови и тинтрење како во приватна болница и единствено важно ми беше што побрзо да си заминам дома со бебето. Истото им го кажувам на сите што прашуваат за пораѓај, ако немаш големи очекувања и знаеш какви се условите во мк болници тогаш нема од што да се разочараш. Најважно од се е дека ќе станеш мајка, не се плаши од ништо, тоа е процес што мора да се помине, за неколку дека ќе си бидеш дома и ќе си создадеш атмосфера која ти одговара со бебето.
Кај мене сами паднаа за неколку недели, т.е кога бев на контролата после пораѓај ми ја пребришаа раната со бетадине и паднаа.
Напротив. Имам повеќе жени околу мене со по најмалку два царски реза, сите ми имаат кажано дека вториот пат полесно поминале. Се надевам дека е така, ме чека и мене уште еден царски понатака во животот.