Majki, dali e normalno posle carski rez da se krvari posle 40 den, ne krvarev voopsto mnogu, mnogu malku, i na 20 den kako da dobiv, i sega denes pak, dali e mozno 2 pati da dobijam
Презадоволна сум генерално од се. Сестри има постојано, менуваат постелнина, влошки, постојано даваат кога и да побараш. Постојано прашуваат дали имаш болки и постојано те проверуваат. Елма откако се породив само два пати дојде, ама се погодија неработни денови и е прилично зафатена. Инаку е доста достапна што и да ја прашаш. Чистеа секој ден. Што и да ти текне друго слободно прашај
Јас и по природен и по царски пораѓај добив многууу брзо. Едниот после 40 дена, другиот после 2м, незнам само кој кога беше. Најверојатно на 20ти ден нешто си се дочистила, а сега ти е мензис. Ако личи на мензис тоа е, ако е свежа розева крв не е убаво.
Кај мене приемот во болница беше 8 наутро. Ми рекоа од 19 h претходниот ден да немаѓ ништо јадено и од полнок да не пијам ни течности
Здраво, да ве замолам за препорака за гинеколог за царски при бременост со миоми на матка без разлика приватно/државно? Ви благодарам
Од што зависи терминот за царски договорен? Развојот на бебето или фиксно чекаат после 38-39 недела. Пример ако е некое бебе недеча две е напред со мерки има шанси за порано пример 37?
Од докторот. Некои чекаат до 40та и се водат дека што подолго е внатре тоа подобро, ако се постелка и плодовата вода добри. Некои уште во 38ма пораѓаат затоа што тоа се смета за безбедна недела. Во 37ма само со јака индикација, скоро членката @Bubce38 ја породија во 37ма ама со многу дијагнози кажа дека е. Без идикции не верувам пред 38ма да ти закажат. Не е битна килажата на бебето туку развој на белите дробови.
Да, мене у 37+3 ме породија. Иако др прво беше категоричен дека може да издржеме бар до 38+1, Сепак се одлучи за порано ем заради дијагнозите кои ги имам, ем виде нешто сомнително на доплер @Ljubova Јас си имав узвиено у глава дека "морам" пред НГ да се породам. Се имав јавено и у Систина и во Санте ( кај докторите кои ми ја водеа бременоста). Не сакаа ни да чујат за пред 38ма. И моето беше понапредно, плус имав и зреење примано
Нема врска килажата, мене ме чекаа до крај а се знаеше дека е крупно, над 4 го родив. Ако нема ризик за здравјето на мајката или ризик по бебето пред 38ма не го вадат. Ама имам впечаток на дека во приватните во 38ма закажуваат а на државно чекаат повеќе, може грешам.
Со шеќер сум а денес и праќав табела на докторката, пред јадење просек 4.5 по јадење 1 саат 5-6. Со урината не знам пто ќе се прави. Плус со срцето. Сестра ми е со царски ама без индикации дека второ, 39 ја породија. Ама некако многу далеку ми се гледа со оглед на тоа што имам индикацииз си викам ако тргне природно Немаме работа паметна па само глупости мислам.
Јас сум со синчето царски а дега сум бремена 30та недела и сакам да пробам природно,а за ако сакам царски докторот ми рече можам уште 38ма недела да те породам но за природно сум повеќе ама и страв ми е бидеќи во вторава бременост ми излегоја хемороиди така да на два ума сум но имам уште време
Колку ќе ти бидат разлика првото и второто? А зошто хемороиди спомна? Поради напнување се плашиш да не имаш проблем со нив? Не ми текнало дека тоа може да е проблем, а хемороиди имам од првата бременост... И мене интерсира искуство за природен пораѓај после царски ако сака некоја да сподели. Исто, нели велат дека со второ најчесто полесно и побрзо се отвараат за пораѓање, дали тоа е случај и со нас што сме биле царски со првото или само за природен важи?
Разлика ќе бидат 4години и 9месеци а за хемороите за напнување мислев,нека пише некоја членка искуство.
Искуство немам ама од напонот може да се влошат доста хемороидите, зависи во која состојба се сеа. Гинекологот што ти вика?