Се породив со царски во Април, сега сум пак бремена, 7 недела, и веќе неколку дена раната ме боли,како што боли обично на промена на време, како да ме жари, незнам дали е од бременоста.
Мами, денес правам 15 дена од царски, редзот не ме боли но над редзот како кожата да ме боли ме пече не знам како да го опишам тоа чувство, дали се соочил некој со истово?
Jas imam bebe od 10 meseci a veke sum bremena 5ti mesec. Na posledniot pregled dr me prasa dali me boli ranata bidejki toa bilo sosema normlano, srekja jas ne osekjam nikakvi bolki nitu na promena na vreme niti pak od bremenosta do sega. Bez gajle, normalno e
Зошто да не, и братучедка ми скрос иста ситуација, првото царски, второто природно 3 и пол години покасно, проценаа дека сосема е зарасната раната, нема ризик, здрава бременост, и стварно помина во најдобар ред
А знаеш случајно дали самиот пораѓај тргна природно или со провокации? Јас многу имав желба да пробам природно после царскиот ама сега веќе ми е страв. Пријателка скоро проба да се породи природно, надмина термин, болки никакви, никаков знак за пораѓај. Кога ја прашав докторката дали би пробала природно со мене ми рече дека нема никаков проблем и после една година ама услов е да тргне работата сама, никакво форсирање. Работата кај мене е што долго време (околу 2 години) се мачам со црни мисли, не сакате да знаете до која крајност одам, па многу ми е страв да оставам едно дете дома и да пробувам природно. Секако има време да одлучам ама сценарија имам триста.
Сам почна без провокации, надмина термин, мислам на 40+3, пораѓајот и беше ист како прв пат да се пораѓа, никакви последици од царскиот.
Не не не мора толку вешти проценки. Да не им текне да ме шибнат на бокс, не знам да се справам со таков тип на непредвидлива ситуација, ќе се пореметам психички. Ќе си закажам царски јас.
Дали ве водат како високо ризични бремености затоа што сте останати бремени брзо после царскиот? Мене памет ми извадија, ми рекоа дека е голем ризик што сум останала бремена толку брзо, 8 месеци останав после втор царски, сега сум 8 недели, ама дека е поголем ризик сега да абортирам зашто раната не смеат уште да ја чепкаат, дека можжат да предизвикаат големо крварење.Ми рекоа дека би требало да заздрави додека стигнам до пораѓај. Кој доктор ви ја следи бременоста, одите ли на ГАК?
Јас после година дена од класична миомектомија, ист рез како царски останав бремена и се породив со царски на закажан термин, во ГАК кај Тофоски. Само што влегов во 9ти. Природен пороѓај кај мене рече не доаѓа во обзир. А цела бременост си функционирав нормално, до последен ден на работа одев. Раната од претходно ме болеше и ме чешаше на промена на време, ама па тоа и сега ми се дешава, оти двапати едно врз друго сечена и местото ко ќе си го пипнам ко да не е мое
Да, високо ризична ме водат. Истите муабети од гинекологот, плус ми кажа дека внатршно крварам и да лежам цело време. Тоа во ниту еден момент не беше/е опција за мене. Бев кај друг гинеколог ми кажа дека нема крварење, но исто напомена да мирувам. По три дена паника, се одлучив дека ќе си терам исто, односно си го кревам цело време детето, активна сум и одам на работа, иако можам да бидам ослободена со мерките. Но ова сум јас, чисто ти го кажувам зш опција да живеам во константен страв не е за мене. Во Гак бев за прв скрининг само зш нејќев кај матичниот, за да не ме паничи пак. Инаку се породив во Чаир и планирам за некоја недела да одам таму да ме водат, ако се нафатат. Има на форумов позитивни искуства од членки кои исто забремениле брзо.
И јас од тие причини не сакам да седам дома, мислам дека ке полудам од нервози и црни мисли, на работа барем ми е полесно, побрзо ми минуваат деновите.Детето не го кревам веќе, моето е поголемо 4 годинки ,тежок е.Секое одење на лекар ми е стрес огромен ама тоа е,да биде само се во ред ке издржиме.
Нема дома да раѓаш, не паничи. Ке имаш цел тим до тебе. Доктори за секој природен се спремни и царски да одат. Значи и кај прв втор трет природен може да се случи сешто и да мора итен царски да се прави. Затоа и има доктор на пораѓај. Бабица може комотно да те породи, на државно бабица пораѓа, доктор е тука за контрола повеќе. Со лесно бременоста, имаш време да се спремиш психички и за природно. Кај мене малтене беше итен царски, иако одевме на природно. Царски не ти бега ама ако сакаш природно биди храбра и пробај. Нема да те остават така, имај верба малку.
Верувај дека се ми е јасно ама сега малку сум исплашена и не размислувам рационално Првиот пат си ја терав бременоста без никаква мисла, само облека и опрема за бебе си разгледував, а сега е скроз различна ситуацијата. Дефинитивно ќе пробам природно доколку се укаже шанса, да почнат болки или водењакот да пукне, како и да е ќе разговарам со гинекологот секако. Премногу е рано за да мислам на пораѓајот ама секакви мисли си пролетуваат.
Moja drugarka za 3ıpol god 2 deca rodı, ı pak e bremena so 3to 5 mesec sıte carskı.. Doktorıte ı velat se e vo red..
Јана, немој да се плашиш и да мислиш на лошо. Јас со првото бев со итен царски, ама со второто докторот што требаше да ме породи ме прегледа, ме гледаше и на ехо и ми кажа дека имам можност природно да се породам, ама ми потенцираше дека бидејќи со првото сум завршила на царски дека имам избор, ако сакам јас лично дека може да изберам царски. Јас огромна желба имав природно да родам, па отидов на таа опција иако на крај пак со компликации завршив на царски. Затоа, мој совет е да се опуштиш и да уживаш во бременоста. Кога ќе дојде времето, со докторот кој ќе одлучиш да те породи ќе разговараш отворено и ќе ти каже кои се опциите и можностите. Со лесно