Ве боли ли кичмата? Еве 7м после царски, неколку дена ме боли ужасно многу. Не знам на што да ја препишам оваа болка. Едот: не е баш кичмата, погоре некаде е.
И тоа страшно. Ама јас си имам проблеми и од порано, но посленцарскиот ми е влошено. До пред некој ден имав огромни болки.
Da na ciklus mislam, snosti se napiv blokmax malce me prebole ama osejkam od kaj desnata strana kako malce da mi e potecenno, a da odam na kontrola kaj doktorot sto me pravese carski ili na dr mesto ?
Болката при најмал допир над рана ја снема ама уште осеќам болка на притисок. Раната си боцка како игли и при најмал допир сеуште.
Девојки, ве молам за препорака за царски каде и кај кој лекар? Станува збор за високо ризична бременост со миоми на матка. 90% од докторите кои ме виделе досега (бев на патолошко боледување) ми рекле за царски, па сега овој доктор каде што одам од 9ти месец ми вика природно. Инаку сум 36+6 и ептен денес паники ме фатија дека е веќе касно за закажување
Јас кога имав царски со мене лежеше девојка со големи полипи и царски рез и правеше Снежана Стојковска тогаш беше во ремедика сега е во Систина.
Здраво девојки, породена сум пред месец дена со царски, пред околу две недели ми се појави минијатурно дупче на раната(речиси невидливо) во близина на конецот, за денес да приметам дека станало отвор од скоро 1цм од кој тече некоја течност без мирис. го промив со хидроген пероксид и прскав со спреј viraplex инаку немам никаква болка, температури или знаци на инфекција. Дали некоја од вас имала слично искуство и како го решила? Се изначитав свашта а докторката неможам никако да ја добијам Секое мислење е добредојдено
Истото ми се случи, се извадив од памет ама испадна не е страшно. Бев кај докторот што ме породи и ми кажа дека тече течност од масното ткиво, не затворила убаво раната. Одев 3-4 пати да ме третираат, ја чистеа и чекаа да залепи убаво пак и после 3 недели скоро се затвори скроз и не течеше веќе. Најдобро и ти да одиш да те видат.
Мајки да ве прашам како оди закажување на втор царски рез во Гак? И некоја да сподели искуство со втор царски во споредба со првиот.
Другарки со 2 царски викаат после 2 било полесно ама не верувам баш, малку ми е фуфка зошто знаеш што те чека
Колку време без храна и вода е пред царскиот, а колку после? Ај за храна ок, ама за вода како ќе издржам не знам
Во четврток во 18 ч последен оброк. Во петок во 09 сабајле царски. Вода по царски веднаш. Јадење прв пат во недела. Коа ќе ми текне колку бев гладна ми се плачи
Јас како што читам во секоја болница е различно. Мене ми беше закажан во петок царскиот, од среда требаше да се спремам, среда течна храна, супа или нешто лесно, четврток цел ден ништо, петок во 9 се породив. Во недела за ручек прв пат ми донесоа јадење. Инфузија после царски 24 часа ми течеше и ми даваа вода и сок од боровница или јаболко.