Недела во 18ч последно јадење. Понеделник во 8 ме примија, во 11:15 ме направија царски, после тоа само вода и бистар сок. Јадење после 3 дена
Мене во Ремедика ми дадоа јадење уште вториот ден, а првиот не ни бев гладна нешто многу. Втор ден одма си јадев доручек, ручек, вечера
Нас ни рекоа втоеиот ден да ни донесат bake rolls нашите и ни оставаа вториот ден "сирењаци". Мене не ми се ни јадеше, не чепнав храна додека не дојдов дома. Вода мора одма после царски, и сокови ќе можеш.
И јас после царскиот не осетив глад. Незнам, валгда не ми се мислеше на јадење тогаш. Принудна диета, јас се радувам да ослабам некое килце. Инаку и мене ми фуфка бидејќи знам шо ме чека. Ама сепак се надевам на некој магичен пораѓај за 2 саати од типот уште не влезена во болница ќе го родев.
Ја бев на незакажано, т.е ме сметаа за итен царски, иако не беше толку итно, немаше компликации. Ме оперираа во 2 попладне, сабајлето во 8 пред операцијата доручкував, ми рекоа дека нема проблем. Вода пиев од 11 некаде па до 1 по неколку голтки колку да не ми се суши грлото. После операцијата пиев многу течности (ми рекоа по 4л на ден да пијам), а за јадење, во тек од 5 дена во болница, вкупно 1 бејк ролс, 1 пудинг и 2-3 пати од болничката храна јадев.
Недела до 20 часот последен оброк полесна вечера, во 22, чаша вода и апче, утрото во 7 да биде царски требаше. Арно ама водењакот пукна ноќта во 12 така да се помислија заради јадењето да почекаат ама сепак решија, во 03 ноќта бев породена. Јадење и пиење одма после царски смеев, баш прашав а и носеа од одма поручек, ручек вечера. Ова во Германија и морам да кажам дека таму се поедноставно е. Бебето ни минута не ти го земаат од старт, трет ден си дома. По 6 сати од царски станување и онака ти вадат катетер. Така да мора да станеш.
Леле кај те прочитав супер инфо. Значи и за царски не се седи подолго од 3 дена? Баш се мислев ако завршам пак така, како ќе издржам 5-6 дена сама во болница. Ај кажи ми, што следи после 30та недела? Требаше на 3 недели на контрола, ама на 4 ми закажаа ради празници немало да работат. Сега во 30та имав и прво цтг. Дали се прави цтг при крај секоја недела? Последни брисеви накај 34-35та прават? Иначе првото царски ми е. Во Грција исто одма почнуваат со оброци, гладна воопшто не ме оставија. Стануваат брзо и вадат катетер. Ама 6 дена бев на клиника. 5 дена по правило, 6 ме оставија ради бебето.
Ако нема компликации после царски третиот ден утрото ве прегледуваат и ве пуштаат. Цтг и општо термините ми ги закажуваа на 2 недели, скроз до крај така теравме и да, брисови тие недели отприлика. После 30 гн уствари ништо посебно само што лежев по пола сат на Цтг секој термин. Ајде со лесно, во сигурни раце си.
Уф тоа јадење ли беше? Супата ајде така така, тоа пирето го пробав и го оставив. Е тек менито кога го даваат друго е
Не е, се изнервирав само. Прегладнета, едвај чекаш храна и ти носат инстант пире без сол. Стварно се изнервирав, супата ме спаси. А вториот ден нарачав пилешки прсти и салата за утредента, ако веруваш ги сонував и доаѓа таа од кујна ми вика Извини, сум направила грешка, мораш и денеска на течна храна, од утре можеш да јадеш што сакаш Мене многу ми беше мака за храната, а дома па ич не ми се јадеше, одма ослабев.
Сакам уште нешто да нагласам за јадењето после царски, како што пишав погоре ноќта се породив бо 3, во 8 утрото ми донесоа доручек, јас не сакав, ич не чувствував глад толку рано и плус возбуда од цела ситуација и ми рекоја пиење морам многу и да јадам барем едно јаболко(имаше во доручекот покрај лебчето) за побрзо опоравување и заради терапијата против болки прилично јака даваат (оксикодон+ ибобруфен+ парацетамол) и заради доењето. Значи гладување не смееше. Ручек во 12 истото, морав да каснам, пак ми рекоа дека треба да внесувам храна. А за столицата да не е тврда добивав еден прашак се меша со чаша вода, за да имаш потечна столица и да се испразниш без напнување во секој случај јас тек дома третиот ден се олеснив, дома си е дома. Претпоставувам Македонија заради тоа не даваат храна и прават чак и клизма пред пораѓај, од пусти страв да не на некоја и се приоди по голема, па да треба да и дадат лопатка или да ја придружуваат до WC. Полесно им е не јади да ти речат. Може грешам ова е само моја претпоставка.
Јас нешто друго имав, не ми текнува само што Ама не бев и гладна многу, па затоа не се сеќавам Само се сеќавам на еден доручек житарки со јогурт, а јас интолеранција на лактоза имам... Го изедов и после ми пуцкаше стомакот, грчеви..Јас после и дома немав апетит, ми се јадеше само многууууу благо, ништо друго
Нејадењето е општа препорака пред било која операција. Секако е со спинална, но никогаш не се знае како може да заврши. А зошто се чистиме со клизма не знам, ме замисли сега. Веројатно и за тоа има причина.
За пред операцијата да јасно, желудник мора да е празен да не дојде до аспирација. За после викав јас, после нема потреба од гладување, и од клизма нема потреба посебно пред царски.
Се пријави ли во болница?Време ти е. Најди болница во близина, можеш и да ја разгледаш ако сакаш.Јави се и закажи термин за да се пријавиш.Ќе ти кажат кои документи ти требат.Може и таму да ти прават цтг.Околу 35 г.н имаш за стрептокока брис ама ако сакаш и се плаќа приватно, касите не го преземале повеќе.Повеќе сум да се пријавиш за да си зафатиш место. Не му ја мисли веќе се ќе биде во ред, уживај со Ирис уште малку, после мама ќе е често со бебето.
Се немам пријавено, планот ми беше следна недела после празников, да отидам до една клиника овде што ми е блиску. Ма да не знам дали има гинеколошки оддел, имаат ли сите или не мора да значи? Или да ги контактирам онлајн? Да не има посебен контакт за пријавување трудници или на официјалниот линк на болницата да пишам меил? Бабица исто не најдов. Се јавив на две-три беа зафатени ми рекоа и се откажав од други повици. Се нервирам кај докторов ништо не ме информираат. Значи сама ќе треба и да си побарам брисеви да ми испитаат. Да не памтиш колку кошта, да имам на ум?