Колку кошта не знам јас го фатив последниот воз ама околу 30-40евра рекоа тогаш. Па др бе информираат ништо само прашуваат дали имаш најдено болница или кај ќе се пораѓаш. Па јас мислев сите имаат за пораѓаи ама немале.Имаат веб страни види си .Може да имаат за пораѓај ама детско да немаат.Со првото не ми беше битно,ама за второто ради инсулин мораше да барам болница со детско.Јави си се уште сега оти термини за 2-3бедели даваат.
После колку време лузната бледнее (бледее, избледува, избледнува?, преуморна сум, не знам како точно да кажам ) ? Едно време ми се чинеше дека е посветла, но во последно време е потемна.
прво здраво и живо да е бебенцето, а оти ти е втор царски знајш како е. Првите 2 недели е тешко. Да поминеш лесно и побрзо дома.
Незнам кога точно ми избледе, ама многу малку се приметува како тенка бела линиичка (ништо не мачкав). Имам рез горе од слепо црево и тој повеќе се приметува од царскиот (тој ми е црвен), ама за тој бев шиена надворешно и може затоа
Можеби е до техниката на сечење и шиење на докторот. Мојава старосватица два пати сечена во Чаир, резот ѝ е огромен, модро-црвен. Првиот пат кога го видов беа поминати две години. Многу грда лузна. @fana кај тебе каков е, ако се сеќавам добро во Чаир се породи?
И до кожата е, не е само до техниката на сечење и шиење. Не секој организам е ист, не секоја рана исто зараснува. Некои се склони кон формирање келоиди.
Точно…пример јас…претходно бев правена операција на ингвинална кила и цела рана ми беше со келоди..намерно бев сечена подолу, за ако некогаш царски се пораѓам да можат на истото место да ме сечат…и од докторката што ме пораѓаше прв пат го слушнав поимот келоиди, ми вика гледаш како ти е раната цела задебелена, ме прашуваше дали како мала лесно ми остануваме лузни при паѓање ама јас искрено не се сеќавам..келодите ми ги среди при царскиот рез ама од едната страна пак ми се направени….очигледно сум склона на тоа
Дали во државна и Чаир мерат карлица пред пораѓај? И колку често е индикација за царски, дали даваат да пробаш природно па ако не оди царски или директ на царски праќаат со тесна карлица?
Мене ме правеа царски. И повторно царски одела уште десет пати. Ова беше пред 5 год. Се нормална бременост , мојот гинеколог иако важи за најдобрите во мој град (мада и нема др) ми правеше контроли но на секое мое прашање не добивав одговор. Таков си беше човекот. А мене прва бременост, страв во коски. Па уште и ме уплашија од анестезијата ќе сум умрела нз шо. И решив природно. На 04.10. станав сабајле ( а терминот ми беше после две недели) и бев мокра на гаќите и пижамите. Беше дојдена моја другарка со двете дечиња и она се уплаши вика дека се пораѓам ова пна дали имам болки а јас ни б од болки. Ајде право во болница на породилно. Ми вилат ако не ти е термин не доаѓај. Втф. Им викам абре луѓе вода ми тече. Дојде еден доктор стар со бела коса да ме прегледа и ми вика нема нишш оди дома. А надвор додека чекал мм една жена му рекла дека стварно сум имала среќа што ми се паднал тој доктор. Ок. Одам дома пак ми течеше вода по малку не застануваше. Преспијав и утре сабајле пак вода и отидов кај мојот гинеколог. Тој почна да се дере зошто кај него сум оотишла сум требала одма на породилно и му кажав што ми рече тој од породилно. И ми вика боже боже какп може такви неспособни да вработуваат , па нели знае он дека чим водата почнува да тече почнува и пораѓајот. Дека не сум смеела повеќе од еден или два дена така да бидам оти можело да дојде до компликации. Одам јас пак на породилно ме задржуват фала му на мојот гинеколог. Ме држеа пола ден и цела ноќ договорено за природно. Почна да се разденува веќе и иде таа сестрата да ми даде некаква инфузија ја прашам што е тоа ми вика ова е за царски нешто нз шо може и анестезијата не памтам. Викам абе како така не сакам царски , дигнав узбуна и ајде кола и во др град. Во Струмица. А претходно бев таму да се договорам со еден доктор, моја братучетка се ппраѓала кај него, вика ќе му даеш пари и како царица ќе те гледа. И кај него договорена природно. Отиовме таму ме облекоа се, и почнаа да ми стават провокации оти немав болки. Леле луѓе па подобро да умрев тие беа неиздржливи болки. А немав јадено 2 дена не ми дадоа ни вода да пијам. Од 9 или 10 сабајле до 8 навечер 4 5 провокации ми ставија а јас не мрдам повеќе од 4 прста. Молев за малку вода абе не дават и не дават. Па ги молев само малку да си ја навлажнам устата. И тоа не бива. Јас вриштам , плачам на цел глас, тој ми вика што се дереш има и др тука, па ме однесе да ме гледа колку сум отворена, е незнам како вас ви беше ама мене тоа многу ме болеше. Тој докторот е еден висок маж па и силна голема рака цела ми ја бутна внатре и со таа иглата ми го пукна водењакот. Сестрите се дерат да не сум ја извалела пижамата демек јас сакам да ја извалам. Од многу болки, нејадена непиена и неспиена два дена, почна се да ми се темни. А никако не се отварам. Ми викат ни случајно да не сум седнала. Почнав мнооооогу да вриштам и ме заклучија во една соба. Арно што беше тел во мене. Почна ептен да ми се врти , да ми се темни , немав сила да стојам , му пишав на мм доаѓај одма ќе паднамм а овие не отварат врата. Дојде он дојде докторот и јас се онесвестив. Памтам само многу луѓе во собата и последно што памтам е ламбата во собата за операција. Значи ќе те умрат ама пари мора да земат. Ме породиле во 8ипол со царски. Јас бев во кома до 2 часот вечерта , тогаш се разбудив незнаев ни кај сум ни ништо , ме виде сестрата и одма го донесе син ми и ми го стави в раце. Јас не бев свесна што се дешава од што бев изморена и само го погледнав детето и пак кома. Дошол докторот се дерел како така ми го оставаат детето, што ако падне а јас ништо не сумм слушнала. Ова ми го кажа цимерката со која лежев. Јас и она бевме заедно во соба со тв, сестрите ни ги гледаа бебињата, и она му дала пари на докторот. Мм му дал околу 200 300е , не се сеќавам и тоа он сам си ги барал тие пари. Сабајле во 7 ме разбудија , ја молам за вода , таа сестрата ми се дере ма каква вода нема вода овие денови ајде станувај. Проба да ме скорне ама јас немав сила и продолжив да лежам. Арно тие др сестри го гледаа бебето јас не бев за ништо. Да знаев дека толку лесно ќе биде со царски, никогаш немаше да се нафатам на природно да ме малтретираат. Ме задржаа уште 3 дена, рацете ми ги направија модри патлиџани , немаа поим како да стават игли. Ме болеа ненормално рацете. Цимерката ми беше со природен ми викаше тебе само за парите да не ги изгуби тој затоа толку те мачеа. Она можеше да јаде и да пие и од жал на 2 ден ми остави еден јогурт оти виде дека не ми дават овие и си отиде. Јас земав да пијам па ништо послатко не ми било во животот. Кога дојде таа сестрата таа гадната, ми го зеде јогуртот и ми се развика. Јас почнав да плачам и му кажав на докторот дека ногп лошо се понаша и не ја сакам веќе. И повеќе и не ми се појави. Болки имав минимални , почнав да станувам да се движам, проблемот ми беше што имав голема кашлица бетер од бронхит и страв ми беше дека конците ќе ми се скинат ама ми кажаа да не се плашам нема такво нешш да биде. Со болки во рацете , изтоштена, неизбајнета оти таму нема купатило, има али многу е гнасно а и нема туш, гладна, жедна, ослабена повеќе од претходно, со плачење си отидов дома. Да знаев дека така ќе биде одма ќе се согласив на царски во мојот град. Јас бев ласерски залепена и само два конци од страна , проблеми немав ниту ме болеше дома. Сега со второто во Германија ќе се пораѓам и одма си барав царски. Не секоја жена може да ги издржи тие болки, ете така умираат жени на пораѓај.
Жалосно .. но ти повеќе си страдала од негрижа и непрофесионалност на медицинскиот персонал и во двете болници. Провокациите се многу тешки ми имаат кажувано,но не мора да значи дека и не се издржуваат. Недај боже на ниедна вакво искуство..
Да, зависи и до организмот. Мојот организам не издржа. Да не беше маж ми да го фати за врат тој докторот јас мртва ќе бев заборавена во таа собата. И затоа више нема шанси да пробувам природно, ако треба ќе лажам , ќе се фрлам низ џам, ама не одам природно. А после царскиот немав проблем, ни болки на раната, ништо. Се супер ми беше
Ме потсети на мојот пораѓај. Јас пак немав телефон и немаше како да му се јавам на маж ми, сакав да му се јавам да ме носи во Систина па ќе се задолжуваме ќе земаме кредит отпосле за пораѓајот, немаше кој да ме погледне, никој муабет не ми прави, толку ужасно нешто немам доживеано во животот, толку лошо и одвратно и никако не се понашал никој со мене во животот. Без врски бев и немав среќа еден саглам да се погоди дури поужасно од ужасно ми веше првиот пораѓај Додека пак вториот пораѓај во Германија немам зборови, љубезни кој од кој, тука не ни има врски, а со мене се понашаа како на филм, преубаво искуство што дури спремна сум за трет за четврт пораѓај хаха анестезиологот ми држеше за рака цело време и ми правеше муабет додека пак тој во мк ми рече да не го прашувам ништо да молчам кога го прашав каква анестезија ќе ми става. Поубаво искуство сум немала по болници од вториов пораѓај во Германија, блазе си им на сите што пораѓаат и излегуваат неистрауматизирани од болница и дај боже секој лош збор кажан на родилка секој потег тродупло да им се врати на сите ужасни искуства што ги имаат предизвикано, џабе е и пријава е се ќе си продолжи тоа така засекогаш нема ништо да се смени, само врски пари или преселба или да не раѓа човек иако сака или отсакал од претходното искуство