Дечки, еден месец од царски. Денес првпат осеќам болка ниско доле внатрешно. Не е прејака, ама не е ни мала. Прв пат ми е вака, прво викам промена на време, па сеа ме фати шубе. Не е постојана, малце ко да сецка, и особено на седнување како притисок нагоре осеќам. До сега ни првите недели не ми било вака. Каква ви беше болката вас? Вака ли е на промена на време? Или ептен е тазе?
Кај мене е таква, еве три години. Ама не е мала, без бруфен не се преживува некогаш. Некогаш е средно и може со лежење да помине. Некогаш е како што ја опиша а некогаш е тапа и доста јака.
Мајки во пон ќе одам да ми закажат царски рез втор, како одлучуваат кои ден ќе ми закажат не ми е јасно. Малку сум во паника…
До веќе породени со царски рез. Јас се породив со царски пред 12 дена, во четврток ми го извадија конецот. Др ми рече да не мачкам ништо. Но да си прашам дали вие сте мачкале (мислев јас на кантарионово масло), и заборавив да прашам дали смеам мидер да носам
Не мачкав ништо, мидер после 2 ипол- 3 месеци само ноќе(ако не го заборавам) што искрено не дека има ефект, ама ај дека сум го купила да не ми е џабе
Мене ми дозволија појас за стегање над раната да носам, мидер после месец дена. За раната ништо не ми дадоа.
Мене докторката ми рече со ништо да не ја покривам, само памучно да носам. Дури откако ќе ти ја провери раната, конците и ќе ти потврди, можеш да носиш нешто. Но ми рече мидерот нема никаков ефект, освен моментално дур го носиш. После 3 месеци можеш да вежбаш.
Многу доктори решаваат да те чекаат барем до 38 недела. Секако до тогаш ќе те следат на ctg. Ако има простор ќе одиш до крај и штом реши докторот дека веќе нема чекање, ќе ти закаже термин. Ако не треба да се брза, ќе ти закаже кога тој е слободен. Која недела си?
Овулација да не ти е тоа? Неможе до толку рана да боли... Имам рана и од слепо црево оперирана на 17г, имам и од царски рез, знае тапа незгодна болка од промена да време да имам, ама до толку за бруфен да пијам не.
А мидерот за што ви е? Јас се мислев за свадба една вечер дали смеам да носам, ќе бидам 2 месеци од операција. Раната надворешно е скроз заздравена.
Да можеш, јас сум во Германија и тука не дозволуваат да се носи никаков појас или мидер под 12 недели, затоа што раната надворешно зараснувала за 6 недели, но внатрешно и било потребно 12 недели
На промена на време ме боли само, сега гледам дека не сум напишала. Кога е исто времето подолг период немам болки. Пример во лето не ме боли воопшто. Деновите кога имаше дожд ме болеше.
Демек за побрзо да се врати стомакот Јас еднаш го облеков кога се породив и никогаш повеќе, многу чудно ме болеше раната со него.