Мене стомакот одма ми се врати, чак и дека послаба од претходно дури и помал ми е. Не ми текна на тоа ич. Јас мислев да носам за на хаљина, да се осеќам поубаво, зашто ми е мек.
Нема врска мислам мидерот... Јас не носев, а не ми остана стомакот. За брзо и ми се повлече, немам ниту кожа збрчкана, ништо. А во 3год шо се вика родив 2, едно природно нели, второто царски. Со првото бев 30+ кг Ама пазев после и храна, не вечерав и вежбам (со забушавање чат пат).
Ова со кожата ме интересира, како? Значи стегната сум, послаба сум сега и од пред бременоста што бев, ама стриички си имам на стомакот и малку кожа ми висе. А не се поправив многу, само 9кг цела бременост качив.
Мене во бт со полна 37нед ме закажаа втор царски во ден кога докторот беше дежурен. Бидејки сама си го одбрав тој доктор со консултација дека е се во ред ми го закажа и ми потенцира дека ако имам болки или пукни водењак да му звонам ке дојди тој. Со лесно и убави мисли
Најмногу е до генетика и еластичност на кожата. Јас 20 кг се здебелив за првото, огромен стомак, а немав стрии воопшто, ни вишок кожа и ми се повлече после царски. Ако треба да се појават стриите ништо не помага. Добро е што избледуваат, за некое време нема да ти се видливи. Сега за ова сум постара и посува кожа имам, веќе и еластичноста не е иста, почна да ме чеша кожата, ќе видам баш до крај дали ќе испука.
Како што ми стои и мене царски ме чека иако има уште време да се сврти. Нарачав појас, не мидер и бабицата ми рече нема потреба, но ако не е премногу стегнат може после еден месец да го користам. Мене прашањето ми е, дали ви остана белег од шиењето после царски?
И јас да си го споделам искуството со царски рез. Се породив пред месец дена - непланирано завршив со царски, што значи дека не знаев скоро ништо околу тоа што следува после операцијата. Ме станаа после 12 часа и очекувано многу болеше. Следните денови во болница станував со сила и се движев. Имав премногу гасови и не ми се веруваше дека може толку да болат. После третиот ден за среќа се намалија. Инекциите што ги ставаа во болница за контракции беа болни. Сега раната речиси да не се познава (лепена ми е) бидејќи имам потемна кожа. Внатрешно осеќам дека уште не е заздравено целосно, ама се надевам оди кон подобро бидејќи можам да се движам слободно и осеќам дека тој дел е зајакнат. После 10 и 20 дена осетив некоја сериозна разлика. Местото околу раната ми е сеуште отрпнато. Имам дијастаза 3 цм, без разлика што цел живот вежбам многу (освен во бременоста). Првите две недели ме фати постпородилна депресија, се здробив од плачење, најмногу затоа што не бев функционална да си го држам и кревам бебето, а второ затоа што се осеќав дека изгледам одвратно. Качив 18 кг во бременоста, претходно бев слаба и навежбана, па кога се породив стомакот ми беше како на кенгур, плус имав вишок кг (на испис имав ослабено 8кг). После еден месец можам да кажам дека имаме премногу очекувања, баш поради Инстаграм и гледање слики дека се пораѓаш и за 3 дена немаш стомак (може е така за некого, ама тоа се ретки исклучоци). Плус нормално е да боли, сепак операција е. Треба време да се собере стомакот и кожата. Кај мене се собираат сеуште, пред породување ми беше огромен, а и носев големо бебе плус. Најважна е поддршката од дома (партнерот), затоа што првите две недели после породувањето се најтешки. Ова е мое искуство, верувам дека за сите е различно.
Се губи со тек на време кај повеќето. Кај мене се 6 години од царски рез поминати, не се гледа воопшто сега белегот.
Стрии имав и мачкав Rilastil (и за веќе излезени стрии има, не за превенција таа) и тие ми избледија, може мааалку белички некаде да се познаваат. А кожата најверојатно генетика... Јас со првото многу се поправив (30+), па ослабев, со второто 17тина ставив, ама 9-12 минус бев одма по пораѓајите и со двете (4400г ми е првото и 3800г второто, плус вода, постелка), а кожата ми е супер, дури како да не сум била бремена никогаш ми е стомакот. Височка сум јас, 180цм и сега со 67,68кг. По папокот само ми се познава дека сум родила Кај мене и време има поминато (4ипол г од второто), ама од старт немав кожа..
За стомакот немам, ама затоа нозете... Позади колено тој дел (незнам како се вика ), вени, стрии колку сакаш Е тие беа црвени жар, избледија ама пак премногу се познаваат. Плус имам испукани вени, испакнати нанадвор... особено десна нога
Ај некоја нека ми пише искуство од Чаир со царски рез. Кој доктор ве пораѓал, како оди процедурата, за колку време станавте, кога ви го даваат бебчето и слично. Ви благодарам. И што треба да носам од дома за мене и за бебето?
Илиевски ме породи. Точно процедурата не ја знам. Јас со години одам кај него на прегледи, другар ми е појќе од 20 год. Така да ние бевме договорени дека ќе ме пораѓа он и никој друг. Јас лично станав 4ч по царскиот. Болки немав никакви, следниот ден веќе шпартав низ одделение. Бебето ти го даваат да го гушнеш веднаш штом се породиш. Потоа те средуваат и веднаш го носат горе. Следно видување ви е тек после 24ч затоа што во Чаир после царскиот лежиш долу на интензивна тие 24ч. Јас носев * лименки кафе , цигари и грицки * полнач и слушалки * средства за личнна хиг *влечки и пешкир За бебето памперс Што друго и да ти треба ќе ти донесат твоите