Какви болки имавте после царскиот? Ве болеа ли препоните и јајниците како некој притисок? И стомачните мускули 0... мислам никогаш нема да се опоравам.
И дали кога станавте прв пат беше како да ве влече нешто надоле?? Испаничена после царски, утешете ме
Мислам кога ме станаа се ме болеше, се чувствував како воз да ме згазил. Во понеделник се породив а во петок не пуштија и со две бебиња за две минути дома ми помина болката, сакала не сакала.
Ме станаа после 5 часа од операцијата, ми го извадија катетерот и ме станаа. Мислев ќе се скршам. Вечерта сама станав за по вц, и од утрето почнав намерно почесто да станувам иако многу ме болеше ама за побрзо да ми помине.. Јас за 3 недели веќе почнав да се враќам во нормала. А сега има поминето 6 недели и раната веќе ми е зараснета, сеа наредна недела сум на контрола.
Јас не можам да станам кога ќе станам осеќам дека надоле ме влече нешто и дека ќе ми испадне стомакот надвор и ми е страв да се помрднам. Не мислев дека толку е тешко и плус болки на секое мрдање...
Со секое станување ке биде полесно! И јас сум нежна како тебе знам дека е тешко но верувај ке биде подобро. Болката со време ке ја снема.
И јас бев така на почеток Се нервираше сестрата со мене . Денес чинам ти е прв ден , подоцна ќе биде подобро. Сега сите ме тешат дека со втор царски е полесно, ама којзнае….
Прв ден ти е. Со секое станување ќе станува полесно. Мој совет е само да внимаваш да не кивнеш, е тоа боли поише од сега што те боли. Кога ќе сетиш дека ти доаѓа, затнувај нос уста и не кивај некое време. За другото не се секирај. Ќе помине за некој ден.
Eeee chekaj.....posle 10 Dena mene mi pomina mozhev da funkcioniram najnormalno isto Kako da ne bev so carski.....
Мајки се породив 06.06 во пон кога да очекувам да не пуштат прашувам сестри доктори никој не кажува ништо? Склет ми е не ми се седи веќе
Се зависи од тебе и од бебка, од тоа каква ви е здравствената состојба како се опоравувате. Јас царски се породив на 26ти во 19:30ч а веќе на 29ти после визита ме пуштија,додека цимерката ден пред мене породена ја задржаа уште 2 дена. Ти посакувам бргу закрепнување
Породена сум пред 3 недели со царски и знам низ што поминуваш, мислиш никогаш нема да престане да боли ама секој ден е се подобро. Вимавај со кашлање, кивање и смеење поши стварно боли ама за 10 дена ќе бидеш топ во смисла скоро ич да не боли. И уште нешто, грбот исправај го кога стануваш немој да си подвиткана и пробај да дишеш нормално. Ти посакувам брзо опоравување