Докторката даде дозвола за се после 40 дена. Почнав да вежбам на ден 41, Елена Бубало има постнатална програма, а и претходно вежбав кај неа. Мислам дека вежбите имаат ефект ептен и не се тешки за почеток. И битно е да не се оптеретува стомак со обични стомачни. За односи уште не, бидејќи најверојатно имам бактериска инфекција со оглед на крварењето од скоро 40 дена, и сега следат куп вагиналети
Da ostanuva luzna no so tek na vreme samo kakao mala bela linija kaj mene e taka a kaj drugi neznam neka si dadat svoe mislenje
Жени ја на 7ми ден сум од царскиот, искрено не било толку тешко првите два дена ме исплашија ама сега сум добра фала богу.Брзо закрепнав, нормално си ги извршувам секојдневните обврски, болки воопшто немам. Е сега јас бев во Чаир оперирана, ме пуштија дома и тоа што ме загрижи е дека не ми спомнаа ништо за конците. Знам една сестра слушнав рече немаш конци надворешно и тоа беше тоа. Ама јас гледам дека имам две кончиња од страните на раната, треба ли да ги вадам, ќе паднат сами? Знае некоја?
Штом не ти рекле ќе паднат сами или ќе се апсорбираат. И кај мене беше така за првото, никакви конци не ми извадија.
Супер, фала ти. А после колку време почнавте гаќи да си носите. Јас не можам баш на раната ме стегаат. Да земам со висок струк или некое друго чаре?
Ти реков дека не е страшно како што изгледа. Штом не ти рекле да одиш за вадење, значи не треба ништо.
Мене ме пуштија без конците, ми ги извадија во болница (лево и десно имав на краевите). Ама јас во Ремедика бев. Нека каже некоја што родила во Чаир. @Bubce38
Мислам дека секој доктор има различна техника на шиење. Чим не ми кажаа ништо значи не треба ништо, внатрешен шев имам.
И јас имав 2 кончиња на краевите и на месец дена од пораѓај отидов да ми ги сецне докторката пошто страшно ме нервираа, ме боцкаа кај што ме допираа на кожата. Тогаш и ми го направи првото ехо и ми рече дека сум супер. Ако не ми се измешале брзините мислам така беше, а може и многу порано да ми ги сецна. Сепак ми ги тргна пошто ме нервираа.
Внатрешно бев и јас, на раната немав конци, само на краевите од раната лево и десно по едно конче. Уште во болница ми ги тргнаа тие, на 5ти ден. Затоа викам некој со искуство од Чаир да каже.
Сигурно било порано, брзо се распаѓаат иначе.. Синчево во март го оперираа и на горната рана на стомакот бевме да ги вадат имаше така лево и десно од раната (тие беа сина боја и беа како пластични), а доле на тестис беа бели како конец меки и тие сами се распаднаа, баш му ги следев, за рок од 2 недели паднаа. @Saf ако се такви јаки како пластични, тие ќе треба да ти ги извадат, ако се меки, сами ќе паднат.
Јас сум еве пред пораѓај, земав на НББ од Сара Фешн специјално за трудни, супер се многу еластични и не се скапи по 220 ден
Не бе порано од 1м мислев дека си била, дека макс за 2 недели и паѓаат ако се такви што паѓаат сами @Saf прашав една другарка породена царски таму, рече сами и паднале
Мајки што крваревте подолг период, како се одвиваше крварењето и каква боја? Многу чудно, после пауза од 7 дена јас пак почнав да крварам, пообилно од почетокот, со темна накај кафена крв.
Нешто пиате за болки? Јас еве 3ден скоро при станување боли и во движење по малку, цело време се обидувам да движам, ама тешко е станувањето или уште е рано