Многу долга рана... мојава 10цм е (ме копкаше, ја измерив сега), бебе од 3800г извадија и башка ме чистеа (мекониум многу од бебка). Итен царски со трчање во сала, за 7 мин ја извадија дека беше со паднати тонови, испиено и вдишано мекониум, а не ме исекоа многу и се чудев како успееа од толкацка рана да ја извадат... Имало сигурно некоја причина кај тебе, золва ми миом и вадеа и тоа надвор од матка и беше, матка не сечеа.. а раната огромна од крај до крај... Може и до кожата е нешто, еластичноста и сл Мене најмал проблем ми беше тоа, па и повеќе да ми останеше белег, живи и здрави битно. Порано ама се замарав за белегот од слепото црево, планирав и тетоважа да напраам таму Сега уште се познава тој (на 17г ме оперираа) и немам гајле
После колку време од царскиот ти го донесуваат бебето во соба и ако е се во ред со мама и бебе колку денови се лежи во болница? За Чаир прашувам.
Па вечерта после царски не, утредента, после 24 часа, вадат катетер и ти го носат. Мене ме држеа 3 дена.
Јас се породив сабајлето, вечерта кај 6 саат ми го донесоа на интензивна да го видам. 3 дена држат со царски ако е се во ред.
Isto za carski vo Cair prasuvam..posle samata procedura na carski, ne nosat vo shok soba ili? I kolku vreme lezime tamu i kade ne prefrlaat potoa..? Koga ni davaat torbica ili telefon da se slushneme so najbliskite? Prv poragjaj mi e, a se blizi za nekolku dena pa da se informiram. Sorry na latinica
Прв ден ме сместија на патолошка, тој ден пред прием земаат крв, ехо, цтг де по ред. Вечерта одиш кај анестезиолог за да те распраша околу предходна здравствена состојба алергии и сл. Сабајлето околу 5-6 те будат, правиш цтг, па клизма добиваш, па потоа одиш во преродилна. Таму една сестра запишува некои податоци околу тебе, друга ти става канила, трета ти става катетар. Колку и да звучи лошо катетарот сепак не го осеќаш како нешто болно туку е малку непријатно али и ептен брзо го ставаат така да дур де освестиш имаш веќе катетар. Потоа чекаш ред за сала... Кога одиш во сала анестезиолог те боцка со спинал кое исто така не енешто болно сл. како крв кога ти се зема го чусвтвуваш. Почнува породувањето... Јас искрено ништо не се сеќавам бидејки ми ставија и за спиење малце али. ич не се бунам околу тоа Се расонив убаво во шок соба, погледнав во саат и видов дека се на се сум била околу 20-30мин во сала. Цел ден си лежиш во шок соба. Јас искрено немав никакви болки до вечерта, кога почнав да осеќам болки бидејќи ставаат и ампула за собирање на матката. Ама ќе си побараш нешто за болки и ќе добиеш. Цел ден си без телефон, не дозволуваат телефон во шок соба, се дур не те префрлат а одделение кога и ти ја носат торбицата. Вечерта околу 10 ни ги донесоа бебињата на кратко да ги видиме  Следното утро околу 6 те будат и следува подготовка за прво станување од кревет. Не се плаши, боли точно, но не е нешто што неможе да се поднесе. јас сама си се исправив и чекав да дојде сестрата да ми помогне околу одењето до лавабо. Дур лежиш во шок соба мнооогу течности пиј, и така имаш катетар. Во соба мене многу доцна ме префрлија, некаде околу 4 следниот ден али тоа беше зашто ептен немаше место па чекав да се ослободи кревет. Обично помалце де седи во шок соба. Од кога ме префрлија во соба преубаво, неможам да се пожалам. И сестрите фини и све. Телефонот беше до мене, најпосле можев да се чујам со блиските. Бебето ти го носат најаднео средено и мирно си лежи до тебе во креветчето. Ти се чудиш што е волку мирно Во четврток ме примија на патолошка, петок сабајле се породив, сабота попладне во соба бев, понеделник околу 12 ме пуштија. Мислам дека се објаснив, ако имаш уште некое прашање слободно
Премногу ти благодарам на исцрпниот одговор, ми значи и верувам ќе помогне на многу кои за брзо ги очекува овој чин кој е бесценет, бидејќи ни го дава најголемото богатство во рака! Ете некои детали не знаев, сега ми се многу појасни. Мене секако требаше да ми закажат дека сум со близначиња (36+5), но ми рекоа понеделник на ехо и цтг па после тоа ќе видиме кога ќе закажеме... Од една страна сум со возбуда што/како ќе биде, а од друга едвај чекам да ги запознаам бебињата .
Нема проблем и мене многу ми требаше искуство од прва рака па затоа знам колку секое мислење ти е битно... Значи понеделник ќе бидеш 37+1, немора да значи дека тогаш ќе те задржат. Ако бебињата си се стабилни, со доволно плодова вода, уредно цтг, тогаш може за 2-3 дена да те викнат пак. Мене така ме викнаа во понеделник и се договорив прием за четврток да правиме кога бев 38+3. Кај тебе се близначиња, не би требало подолго од неделава да те држат непородена. Кој доктор ќе те пораѓа?
Па и јас според тоа дека се близначиња мислев дека порано, сега гледам на апликацијава сум утнала 1 ден, всушност понеделник ќе бидам точно 37. Требаше др.Неџипи, но на одмор е и се враќа во сабота на 2ри.., ми го препорача др. Трајчевски (ако дојде до пораѓај меѓувремено додека е на одмор), бев кај него на ехо, но не успеав да се договорам дека тој би ме пораѓал, туку како што го разбрав кој и да се падне . Ми ја препорачуваа и Скепаровска, ако не издржам додека да се врати мојот др., па ќе видиме што ќе кажат во понеделник Не сум сигурна за ништо уште а знам дека се ближи денот, стомакот нагло ми се спушти надоле овие 2/3 дена
Сите доктори што ги наброја се супер. Така да кај кој и да си, без гајле. Чим е таква работата може и Неџипи да го чекаат ако се е во ред. Како и да е, во понеделник ќе знаеш повеќе... Со лесно
Индивидуално е. Јас имав некое крварење на 40тиот ден и мислев дека е менструација, а како што читам скоро секоја била во иста ситуација, па ќе го помеша со мензис. Инаку, добив некаде после 6-7 месеци, раат