Тие што сте биле царски, кога почна да ви доаѓа млеко? Или нема врска царски или природно, хормоните се исти? Едно глупо прашање: Кај некои жени стрии се јавуваат после пораѓај дека се собира кожата. Од ваше искуство дали поголеми се шансите за стрии по царски или по природен или начинот на пораѓај не е никаков фактор?
Мене почна да ми доаѓа после 3 или 4от ден кога си дојдов дома. Стриите по пораѓајот ми се појавија ама не многу, бели се и веќе и не се познават, сега пак сум бремена и немам стрии.
Да, го доев до 2 години. @kikikikirika кон 5ти ден добив млеко, пред тоа малку колострум само. За стрии не е фактор каков е пораѓајот, мене не ми се направија после царскиот.
Не е фактор начинот на пораѓај, најмногу зависи од типот на кожа. Зависи како почнал пораѓајот ако е итен царски на веќе започнат природно може да се смета исто како природно, а ако е закажан царски најчесто му треба на телото повеќе време да препознае дека нема повеќе бременост и да почне да лачи соодветни хормони. Но и тоа е индивидуално од организам до организам, кај некои природно дошло после 5 дена кај некои царски по 2 3 дена
Пораѓај царски 4/5ден по некоја капка млеко. Стрии имав 3/4 другите сите ми се направија после пораѓај дури бев на болница.
Нема врска тоа, јас доев и со двете добив вториот месец и тоа различни пораѓаи, еден природен, еден царски. @kikikikirika мене на 3ти ден ми дојде и со двете, со првото природно породена, со второто царски. Првото ми стимулираше од прв ден, а второто прв пат ми го дадоа 3ти ден. А млеко ми надојде одеднаш и со двете. Од издишани гради, одеднаш Памела бев
И тоа е лошо, ама па со тек на време гледам пак се попуни ми се и не се како издишан балон. Првата година беа катастрофа, а после полека ми се оправија. Сега 4г се поминати од доење и океј ми се. Се враќаат полека полека, се додека не отидам на 3то и истото да ме снајде
Само Виоплекс спреј за рани прскав првите неколку дена додека го дотрошив шишето, крема никаква не сум мачкала.
Викаш ќе се вратат во некоја нормала? Имало надеж. Првите неколку месеци ми беа како балони, сега веќе 10м после пораѓај (уште дојам) ми се станати како палачинки некои, дури и ми бегаат од маицата.
Дааа, има надеж. Мене и ехо првата год кога ми направи матичната се чудеше зошто нема масно ткиво, кожи само. А на последново ехо после 4г од доење, се попуниле Многу ми беа смешни во купачи, само ги пикав тоа кожинките внатре Сега го немам тој проблем, нормално изгледаат