Овие државниве се аман....Петок сабајле породена ама четврток попладне последен оброк, прво јадење бисквити во недела (ми се чинеше јадам прасе )
Супа од петел и тоа мајка ми скришно ми донесе. Катастрофа. Па ме прашва дали се прочисти? Бубрезите. Да.
И во Плодност е исто, не е само во државна. Последно јадење требаше да ми е во среда, четврток ништо само течности, петок се породив. Храна добив прв пат во недела за ручек. Инфузии постојано да се исчисти спиналната побрзо и течности, друго ништо.
И во Чаир, породена во петок, прв оброк недела сабајле, 1 варено јајце, 1 јогуртче и кришка леб... Леле како сум јадела
Зарем ви се јадеше после царскиот? Јас од еден куп сокови, води, јогурти...БОЛКИ не ни паѓаше на памет јадење Уште врв беше кога на ГАК ми донесоа мислам ајмакац се вика или така нешто онаа бела каша, до дома додека не дојдов не памтам дали нешто каснав од таму
Гладна прегладна бев. Последен оброк ми беше во сабота навечер, јадев лесно нешто, лубеница мислам. Во недела сабајле ме примија, навечер се породив. Цел ден во недела не ми дадоа ништо, само инфузии. Јадење дали вторник беше дали среда. Од болница излегов со 20 кг помалку.
Па ти бре манекенка си излегла. Јас ја немав таа среќа Уште 3-4 месеци луѓево ко ќе ме видеа не беа на чисто дали сум родила или не
Јас бев троцифрен број, бебе над 4 кг, плодова отоци. Инфузии само и јогурт доење. Аха да. Со троцифрен отидов во сала. Дома се си вратив.
Како бе без јадење, во вц не одевте? Мене ми рекоа не те пуштаме од болница дур не отидеш бар еднаш во вц, па макар и чепче да ти ставиме. И така ко попче си јадев се што ќе ме послужат и покрај тоа што не ми се јадеше. Ремедика ова.
Мене во четврток ме примиа во саб сабајле двопек и чај ми донесоа.И тоа ми беше најубавиот двопек во животот од шо бев гладна.После надокнадив со кафенце,салатка,мевце,торта
Ние ќе јадевме може, ако некој ни дадеше. Никој ништо не ни даде. Ти кажувам мајка ми скришум ми донесе супа. После супата одма отидов во вц.
Со царски никаде не даваат одма јадење, да не сфатиш погрешно. Јас не памтам точно кој ден јадев прв пат ама цел оброк имав четвртиот ден. Првиот ден само течности, вториот мислам супа, третиот одвратно пире што не го изедов и перек и четвртиот ден нарачував од мени А цимерката природно породена одма јадеше што и душа сака.
Ете така, ќе плачеш ќе плачеш за вода и јадење и кога ќе видиш дека џабе е , ќе престанеш и мене ништо не ми дадоа 3 4 дена ни вода ни јадење а додека братучетка што се породи во систина уште другиот ден почнаа да и дават јадење
Знам знам ама мене не ми даваа ни да пијам...ајде јадењето настрана..првиот пат се напив вода недела навечер, а не бев пиена од четвртокот вечер...а овде читам секаде давале пиење дури и форсирале..многу неизедначена практика
И мене не ми оди во глава. Некои веднаш стануваат, јас мислам многу легав. Општо за сите операции е така. Ако не одиш по голема значи цревата не се активирале и не знам што прават потоа. Прдење е знак дека се е супер.