Of lele... Jas maka nemav posle, osven sto anemicna bev mnogi i seuste sum... Ama poleka se oporavuvam... Znam drugarka edna majka i so nea se macela 15h... Na kraj so vakum edvaj ja izvadila i glavceto i bilo so krug od vakumot :/ Jas ic ne se plasev od priroden poragjaj, ama od vakum uplav imav... Srekja uspeav bebe od 4400 so malku secnuvanje da rodam, pa zatoa ne se se plasam za vtoro, se nadevam deka nema da bide povekje od 4400
Јас се породив царски со општа анестезија. Да треба пак , пак би исто. Раната боли корне првите два-три дена, после стивнува. Мене ме станаа на нога уште во шок соба. И подобро е така, на сите што планираат царски ги советувам, што побрзо станат, тоа подобро, се разбира под надзор. Некако ми се врати циркулацијата, ми се избистри главата, после секое станување беше се полесно. Немав никакви главоболки од анестезијата , ми рекое многу течност . јас првите 24 часа испив 7 литри течност . Ја имав таа среќа цимерките во соба ми беа со царски, но претходно пробано со природно, на едната папчната врвца му се замотало околу врат на бебчето а на другата бебето не се спуштало ,па на крај се напило плодова вода. кога раскажуваа што се поминале мојава операција испадна лесна. Но нема правило некогаш природниот пораѓај може да оди како по книга, а царскиот комплициран.
И јас сум породена со царски (точно пред месец дена). Споро се отварав и по моја иницијатива ме породија со царски. Лежев во шок соба 20 саати, притоа не ми дадоа вода никако да се напијам, а горев за вода. Кога ме симнаа во болничката соба не станував уште два дена, на третиот ден приквечер ме станаа. Првото станување после царски ми беше ауууф...ми се вртеше свест, ушите ми зуеја, ме болеше главата, раната бев бледа како крпа и на крај ми рекоа да легнам повторно бидејќи сите се исплашија (хемоглобинот ми беше 83). Утредента повторно станав, се прошетав до вратата на собата, после некое време и до WC-то и потоа веќе беше полесно. Но кога би бирала повторно би одбрала царски наместо природно со прокации (затоа што прво ми пуштија провокации преку инфузија, болката беше огромна а на ЦТГ не покажуваше контакции и за еден ипол ден само 4 прста). Позз
Јас сакав и си замислував природно породување,каде после сите маки и болки ќе го видиш најубавото суштество и ќе те погледнат најубавите очиња.Но домашниот есап не излегува точно на пазар,не за џабе така рекле старите.Имам пишувано и на оваа тема и во породилни приказни.За мене царскиот го поминав мн лесно ама шокот беше голем и од него не можев да се опоравам.Едвај не спасија живи и мене и синот.Појдена на ЦТГ и обична контрола завршив на хитен царски со одлепена постелка и лакуни.А со школска бременост.Од преглед до операциона сала буквално како партал ме влечеа за блуза по ходници и лифтови по пат во лифт крв ми вадеа притисок мереа инфузија приклучуваа а никој не ми кажува зошто.Ме однесоа во една соба ме мереа уште некоја инфузија ми приклучија,катетер ми ставија и ме одвезоа во една соба со 10-ина маскирани доктори.......Следно што се сеќавам е како добивам шамари и вика некој по мене а јас очи не можам да отворам кога ги отворив слушнав добро е се освести,и на секое мое замижување добивав шамар им беше страв да не паднам пак во шок.Следно што приметив е дека немам стомак а никој ништо не зборува и не кажува за син ми.Тоа беше уште поголем шок.Ме натераа сама да се преместам со влечење од оперативниот кревет на еден со колца,па со тој ме однесоа горе кај родилките и од тој кревет пак сама со влечење се преместував до тој кревет што е во собата,а од сестрите слушаш ајде полека можеш а тебе те болат дури и влакната на глава што ти стојат.Добив уште неколку инфузии и на секои 10-15 минидеше или сестра или доктор ми се качуваа на стомак и ме притискаа незз зошто,болки беа невидени и последниот пат ја молњв сестрата да не го прави тоа со солзи во очите од болка и сетив ми испадна нешто одоздола го кренаа чаршавот и го викнаа докторот и тој вика супер е излегоа.Незз ни што излезе ни прашав сама да не ме допираат пак.Ме тераа сама да го кревам задникот ми менуваа едни попречни ги викаат бидејќи ненормално крварев.И после некое време дојде една сестра со едно бебе во раце и ми вика ова ти е синчето.А мене кај тешко уште потешко ми падна бидејќи не го чуствував како свое.Ама дента ми го донесоа уште 3-4 пати и се зближивме.Сабајлето после визита ме станаа и после тоа уште 2 пат сама си станав,и веќе 2 ден бев како нова сама шетав низ ходник,во вц дури и кага ми паднаа марамиците клекнав си ги зедов докторот баш тогаш влезе и се чудеше и малку ме искара.Рече дека супер напредувам.Царскиот го поминав супер би родила уште 2 сигурно ама шокот и траумата ми беа големи.Се извинувам за предолгиот пост ама ми се вратија мисли и мораше да пишам.Позз до сите мамички и трудници сите господ да ги чува,само храбро и без страв дали вака или така бебето мора да излезе.
Да тоа ми беше муабетот, секако првото со царски го имав затоа што мораше, и супер поминав, после 2 дена станав и се ок, само сега се прашувам за второ кога е најдобро.
Јас сум порпдена со царски прв пат пред четири години, и тоа мораше поради тезова презенрација на плодот ( после 12 саати мачење за природно, при самиот крај бебето заглави со носот нагоре во некоја коска) и тогаш опорувањеро ми беше долготрајно и мачно. Повторно се порпдив пред две години со царски унапред закажан на државна болница и тоа со препорака на лекар да е царски ради претходен царски, имало ризик да пукне раната на матката и ризочно било, затоа и пред термин закажано ми беше, а поминав прелесно за разлика од прв пат, утредента веке сама си станував, преслекував дете и по 4 дена дома ко дојдов ко нова бев. Сега за трето ќе треба да се породам со 2 години и 4 месеци од претходно раѓање, и иако матичниот ме убедува дека можам природно јас не ни помислувам на таа опција. Е сега ме искараа дека многу брзо сум забременувала и еека оваа третаба осовено ризична била со толку брзопосле два реза, ама тоа е што е, да не чува господ уште малку и да е во ред само.
Леле мамички јас многу лошо поминав со царски ..Незнам зошто но многу тешко се опоравувам, а кога ќе ми текне на првото станување во болница таа болка додека сум жива нема да ја заборавам. Кога си дојдов дома цела недела неможев ни гаќички да си облечам па со плачење и срам не срам свекрва ми и мајка ми таа недела и тоа правеа покрај тоа што ми го цуваа детето. Јас станував само за во wc едвај а никако неможев да си го шетам синко да го пресоблечам памперс да му сменам...многу се нервирав и дури сеа после 2 недели станувам и не ме боли раната, затоа и во болница и сеа се прашувам кој ова го нарече царски?? Незнам како е природно ама барем опорувањето е полесно. Додека јас едвај станував првите денови во болница тие што беа природно си шетаа бебиња низ ходници. Знам секој различно искуство има но моето е вакво за жал. А бев со спинална и одма си го видов бебчето и за време на операцијата баш како царица али затоа после тоа...како грешен ѓавол
Нема врска дека царски рез е царска работа... Еве скоро 8 месеци се поминати, мене уште ме нервира раната. Некако кога ќе ја фатам како тврдо да ми е под неа, а стомакот над неа уште ми трне. Од десната страна дури и ме боли стомакот... Не е болка, колку што е како грутка воздух да имам. Како бодеж кога ќе се умори човек пример од трчање... Си направив филм дека нешто ми е... Нормално е сето ова, нели... ?
Abe edna ranicka od 5cm slepo crevo, pred 5 godini pravev i na promena na vreme me bode nesto kako so noz, pa mozebi ti e toa... Deka ranata od carski e pogolema, baska 3 sloja se seceni... Jas mislam deka da naboluva po malku e normano..
Здраво! Сакам само да ве прашам дали кој сака можи да се породи царски, пример небитно ли е за години
Немој царски, верувај многу потешко е..Јас си платив за царски, а видов многу маки и еве и после скоро месец дена уште имам последици и болки, а викаат дека раната на секоја промена на време боли...Знам дека е индивидуално али претпоставувам дека прашуваш за царски затоа што се плашиш од болката од природен пораѓај, како што беше случај со мене, али никогаш повеќе царски затоа што подобро болки 1/2дена отколку болки со месеци, години...
Да, прашувам за тоа што сакам царски и во приватна болница. Сакам во Плодност. А за какви исклучоци мислиш Kitten
Јас се породив приватно, не барав царски ама го добив мораше така. На никого не би му препорачала царски, побарај си епидурална и оди на природно.
И јас отидов на приватно, но природно да се породам. Исто, завршив на царски. За второ, пак би се обидела природно. Царскиов и после 8 месеци го осеќам, баш погоре пишував, додека природното породување после месец дена си речиси ко нов. Едно е да те сецнат епизиотомија и да те сошијат, а друго е мускулно ткиво да ти исечат. Првите месец дена не можеш да се искашлаш, насмееш, не можеш да станеш од кревет.. Речиси ко да немаш стомачни мускули... Епидурал и спонтано породување. Дефинитивно.
Во Плодност можеш ако сакаш да се породиш царски, пороѓајот е со спинална значи свесна си цело време, прават мал рез (околу 10 сантими) и ласерски се затвора, наводно нема лузна после тоа. Баш денес разговарав таму, многу се професионални и цел тим работи и пред и после пораѓај со трудницата, ама јас ако е возможно би пробала природно прво.
Па постојат одредени здравствени состојби кога неможе да се даде анестезија на пациентката. Нормално ова се поретки случаеви но сепак постојат.
Se porodiv so carski rez pred 3 nedeli.Ranata ne zarasnuva bidejki fativ infekcija od enterokok.Dve nedeli se bockam po dvapati na den so garamicin i toaleta na rana.Ima li nekoja od vas vakov problem.Ke poludam od nervoza, najubavite denovi na klinika gi pominuvam.