Ич, ама пред царскиот добив инфузија со фамосан и реглан, така нешто, и после операција ни даваат. Се намалува притисокот од спиналната затоа имало гадење, ако не се подготви телото предвреме. Мене ми се забрза пулсот од возбуда, ама одма ми ставија нешто
Првите пати ко ме стануваа се гушев, без воздух бев и се закашлував. Се породи? Немам видено, да е здраво и живо. Како сте?
Супер сме машала, и кај тебе со лес, и станвав сама од втор ден и се. Само денес си го видов резот и мн голем ми изгледа, некоја утеха? Јас ситна сум се тешам дека до тоа е...
Мене ми рекоа кога ќе го вадат бебето може да имам нагон за повраќање, дали поради тоа што го вадат и желудникот се поместува, цревата, не знам, и баш сестра ми држеше такво легенче до глава, ама немав нагон. Ама штом спомнуваат веројатно е нормално...
После тоа вака коа се распрашував по колешки викаат кај 50-60% како несакан ефект има гадење, ама баш за тоа и идеме нејадени, со празен стомак на пораѓај... 50-60% а тука глеам никој не се пожалил
Ништо страшно не е мајка, ти се случи тебе ? Немаше јас што да исповратам, дента пред царски само ручав во 3 часот, и тоа не ми дадоа којзнае што, супа двопек, и после немав оброк, а царскиот следниот ден во 09ч беше, немаше што да повратам изгледа, жива гладна бев тие денови
Јас бев на консултација кај анестезиолог што е задолжително тука при ставање анестезија и тоа со повраќањето ми го кажаа. Дури и детално ме испрашаа во која положба повеќе ми се повраќа. Исто ми кажаа за главоболка, отежнато дишење и дека постои ризик од траен инвалидитет. За последново лекарот рече нити му се случило такво нешто ни па знае некој таков случај, но негово е да ми каже.
@^Jasmine^ обично е 10 сантими кај сите. Избледува со тек на време не се грижи, кај мене по толку години ништо не се познава. Ми е мило што сте добро, уживајте.
Во споредба со на другарка ми мојот е од крај до крај, ама можи врши улога и тоа што сум доста слабечка, со тесна карлица... Дај Боже да избледи, макар што ова е убава лузна, спомен за живот ♥️♥️♥️
Избледнува. За година дена ќе ти биде како лузна од гребаница, побледа линија од кожата, ќе видиш Живо и здраво да ти е бебче мајка