И јас да се вклучам.. Избрав царски од преплашеност и многу тешка и комплицирана бременост. Мачење не се тие 10 12 20 саати,мачење се 10 месеци болка при мала нужда заради можни адхезии од раната до мочниот меур,мачење е станување од кревет и тегнењето околу стомакот и кичмата. Мачење се 10 месеци болка на допир во долен абдомен. Матката ми е испревртена,раната келоид,стомакот едвај некако ми се враќа без да ми виси над рана а мускулите и цврстината мислам дека нема да се вратат. Би поминала пак за неа ама дека не сум истрауматизирана од царскиот како тие од природно па и не можам да речам.. Да осеќаш будна кај што ти буричкаат внатре а знаеш дека си баш на пола пресечена па не е баш пријатно. Никогаш нема да ја заборавам траумата кога прв пат видов огромна рана на стомакот. Размислете 10 пати пред да избрзате!
И пушењето не е убаво за бебето ама некои пушат. Не е убаво ни за бебето ни за мајката, ама пред царски умирале на пораѓај пораци многу компликации. Денес може да се спречи да има смртни исходи. А не по желба. @Yowannty нека ви каже какви последици има од царскиот. И на каков ризик била вториот пат.
Не е убаво едни те исти да филозофираат овде на форум па филозофираат.... Како прво:јас се породив царски Како второ:немам компликации Како трето:кажувам мое искуство а не на некоја. Како четврто:ризик постои независно како некоја ќе се породи. Како петто и многу битно:Господ да дава деца кај секој што сака независно дали се по вештачки или по природен пат зачнати,и независно дали ќе се родат царски или природно.
Одам на улица, се среќавам со другарка (не многу блиска) и муабетот тече вака: 1: Еј се породи? Ај честито… Како пројде? Јас: Па океј као на пораѓај (не ми се објаснува на секого што како) 1: Царски или природно? Јас: Царски… 1: Ејјј зашо бе? *** не е доволно што прашува царски или природно па уште зашто?! …… Следи второто прашање што СЕКОЈ МОРА ДА ГО ПРАША: 1: Аха… а доиш ли? Јас: Битно ли е? Важно е детево да напредува на овој или оној начин… …………….. Мислам дека е доволно што повеќето од жените се носат со психички препреки за самото породување, чување дете, доење и слично… Нема потреба да се правдаме, затоа што тоа индиректно се очекува од нас, буквално од секој втор што ќе го сретнеш на улица. Нема потреба да се убедуваме кој што како, секој може да каже свое мислење или искуство, но нема потреба да инсистира сите да го попримат неговото мислење, или пак да запаѓаат во депресии ако се породиле царски. Секое породување е индивидуално и уникатно искуство, држете се до тоа. Тука сме да си споделиме совети и поддршка наместо да се расправаме. Исто како да земеме да се расправаме дали некој дои, дава комбинирана исхрана или е исклучително на АД, знаејќи ги бенефитите од мајчиното млеко. Има секакви приказни и тоа е тоа. Уште додека бев во болница западнав во тешка породилна депресија што од моето лично разочарување, што од хормони, а и од ваквиве муабети.
Мене сестрите кога ќе ме прашаа како ми велеа ееее ќе го плукнеше бе чупе зошто царски..А кај беа кога паничев или после пораѓај може да се полни главата со што би би сценарија.. Јас уште имам постпородилна и покрај терапии..Тоа е
Јас станав многу безобразна ради вакви селски коментари. Прво многу ме мавна на психа, 100 коментари на ден за доењето, СТАВАЈ ГО НА ГРАДА, СТАВАЈ ГО НА ГРАДА, ќе го истетовирам мислам - на града е детето побогу, гледајте си работа сите. Одеднаш сите експерти и за доење, и за природно, и за царски и за све. Навистина секој пораѓај е различен и никој никому не треба да соли памет и ниедна мајка што ќе раѓа не треба да слуша совети и искуства кој како поминал, туку да работи на себе, својата смиреност, дишење итн. Исто важи и за доење и АД. Сите знаеме што е најдобро, ама некогаш не може да успее и никој не треба да се дрзне да коментира зошто вака или зошто така. Среќа моја и мм го имам да одвраќа на туѓи коментари. Он топик, скоро 2 месеци од царскиот, ок е заздравено, болки имам во грб на промена на време, ама дополнително прави притисок лошото спиење, држењето на бебето итн. Вежбање и односи ми дозволија точно после месец, после прегледот, како и да продолжам со сите други активности најнормално.
После колку време /денови од царски имавте течење, некогаш жолто некогаш (на ден два) малку розева крв измешано со бело. Бев кај гиникологот на ГАК што ме породи рече дека уште малку не е исчистена матката и ми даде капки кои ги испив 3 дена ама пак си продолжи течењето повремено... Не знам дали пак да одам.
@Community Мене после крварењето што траше 38 дена ми се стабилизира ситуацијата и за 14 дена добив црвеникава слуз, па после пак обична, и после некој ден пак слуз со крв. Направив брисеви и испадна Ешерихија коли во цервикалниот и вагиналниот брис. Не мора да значи дека е поврзано тоа со инфекцијата, не знам што да кажам. Пиев Панцеф па сеа не сум забележала таков исцедок.
Sakaaam da se porodam prirodnooo ama prvo bebusot e so lice nagore i vtoro imam secenje na septum i doktorot mi vikat gakvite matki znaat da ne prat dovolno kontrakcii za da se otvoris… i sega placi raduvaj se ke moram carski
Посакај и мисли само да е здраво и право ,а и ти жива глава да спасиш....а дали ќе е вака или така родено ич не е битно.
Моето прво синче беше свртено карлично и со лицето кон стомак,јас се запнав да раѓам природно,нејкев царски,се отворив до 9прсти,ме брцаа сто пати со желба да го свртат и џабе,болки имав ама нап недобив за раѓање и на крај пак завршив царски.Мој совет слушај ги докторите,ако ти викаат царски не си ја мачи душата,плус царски можеш да си одиш на закажано кога ке ти одговара и да се поштедип од трауми,што вика една моја блиска да се породиш ко госпоѓа
Крвариш или само исцедок? Јас еве околу 40тиот ден пак прокрварев обилно, а ми беше престанато скоро две недели. И мислев дури менструација дека е 7 дена како крварам има. Испадна дека не е, задебелен ендометриум и матката уште не била исчистена. Има некоја слично искуство стварно не знам што да правам више , еден доктор ми вика нормално е други ќе почекаме ќе видиме...
Со мрежасти после си купив високи гаќи дека немам и не носам такви Ама дома уште некој ден носев мрежасти