Со обични. Над папок. И дома со такви продужив скоро месец дена. Земи си поголем број зашто тие што ми беа точни ми се ролаа надоле и пак на рана стоеја.
Мрежести имаш и во Дм, 4 пара во кутија. Можеш и обични гаќи со висок струк. Мене ми беа точни тие што си ги носев од пред бременоста, тие од бременоста сите ми беа големи кога излегов од болница и ми паѓаа надоле.
Еве година после царски, резот уште се познава. Темно розе боја. Само на еден дел е зарасната. Вака ќе остане секогаш?
@nevermet18 @TeddyGrey во болница од родилки слушам дека не требало памучни за да не се спурело доле, само така улошките.... Кога и како да се понашам со раната? Ќе смеам да се бањам, кога ќе има контроли, дали под сведување смее ..?
Уште следен ден ќе мораш да се избањаш Раната ќе ја тапкаш со памучна крпа нежно. За дома ништо не ми дадоа да ставам , освен крема за лузни. Во болница нема ни да можеш гаќи да облечеш , зошто на визита ја проверуваат влошката . Затоа си само со влошка барем првите два дена , потоа си облеков мрежасти никој не ме проверуваше.
За излегување дека праша. За во болница мрежести или улошка. Најмалце ќе се спури во памучни. Кога би носела мрежести гаќи, панталоните би ја допирале раната.
Шо ќе ти се спури? Носев гаќи од прв ден. Ми кажаа само да не носам само за визитата, иначе можеш. Сегде различно кажуваат за раната како што читам. Јас се бањав одма следниот ден. Ми рекоа постојано да се бањам/туширам, после туширање да ја прскам Виоплекс спреј за рани (3 пати во ден се туширав). На контрола бев на 40 дена кај матичниот гинеколог. Конци не ми вадеа, сами паднаа.
Кога го имавте првиот вагинален преглед после царски? Со вагинална сонда ја проверуваат внатрешната рана?
На интензивна проверуваат влошка. Во соба не. Гаќи обични си носев бабински памучни до над папок. Да напоменам дека јас 24 часа бев на интензивна. Во соба се искапив и си облеков обични гаќи со обична влошка.
Зависи каде, мене сите 5 дена ми проверуваа влошка во соба на визита. Мрежести носев јас таму, после дома обични повисоки.
Ја бев 6 саати на интензивна, никој не ме погледна освен што ми пуштија едно пакетче крв да примам. Секое сабајле на визита ме проверуваа колку крварам. Сабајлето се истуширав, и носев по 2 Вир влошки, една хоризонтално една вертикално.
Женски може и со 3 ноќи после царски Во Систина да ме пуштат дома? Јас се осеќам добро, бебе е добро, неам живци да седам уште... Плус сакам и ќерками да си ја видам
Ако е се во ред со тебе и бебе ако не треба да примате некоја терапија нема потреба да ве држат Јас исто понеделник навечер беше кога бев на интензивна, и веке четврток си заминав по моја инцијатива
Ај ве молам за одговор. 1. Породена сум царски но малку јадев т.е почнав од денес по малку, не сум била по голема, иако имав нагон денес и го испуштив свесно... Гасови имам, се празнам. Дали ако одам по голема и треба да напнеш малку, може да е тоа опасно за раната да се отвори? 2. Денес ми извадија фластерот, сефте ја избришаа, дознав дека не сум шиенс туку лепенс по новите методи. Колку е добра оваа рснс, на што да се пази пошто во болница морам да се грижам за себе и не знам да не претерувам....
Немој да се стегаш кога ти се оди по голема нужда. Јас дека слабо јадев кога родив и имав страшен запек што ми завршуваше со клизма По новите методи е подобро да си лепена ( јас сум шиена) освен бебе ништо друго потешко да не креваш првите два месеци. Плакни се со вода само и уживај со бебе