Ovde kako sto slusam na site ni davat minimalno uste 10’dena da se bockame inposle da prajme proverka na dedimerite pa ako pak se visoki da prodolzime
Јас крварев околу недела, потоа уште недела жолт исцедок. Ова за после царски. Не ми спомнаа ништо. После неколку недели најнормално ми почна и менструацијата.
Јас претходниот царски не примив ниту еден клексан ниту во болница ниту после. Не се пораѓав во систина, ама мислам тоа не е битна болницата во контекс на муабетот. Претпоставувам има по што одлучуваат дали треба кли не треба да се прими
Овде ми дадоа лист со што и како ќе добивам терапија после царски, последици. Пишува дека ставаат инекција против тромб. Ваљда е така. Денес ми дадоа и брошура за пораѓај, има за прирпден, па со провокации, царски. И се е спомнато, сите можни компликации, колку и да се ретки. Човек да се откаже од царски дури. Наспроти природниот. Но еве кога се мора. Баш ми требаше уште да читам, особено за тромбови.
А после исто така може. Леле не ме читај паника левел 100 сум. Подобро да не пишувам да не паничам и други, сериозно.
Така треба. Цела бременост зборев зошто никој од матичниве ниту приватните не даваат листа со важни информации. Прегледи, анализи, дозволени лекови, храна, ризици од различни типови на породување. И онака на преглед се е набрзинка. Баш ме интересира дали во странство даваат такви листови? Јас примав Фраксипарин еднаш на ден додека бев во болница и толку. За дома не ми кажаа да користам.
Во странство ова. Инаку овде те следува Школа за родители, одеш со партнерот, ама јас не одев, второ ми е и еве сега ми ја дадоа брошурата. За секој пораѓај е до детал објаснето. Плус кога ми закажа матичниот царски, ми дадоа да потпишам некои изјави нели, и плус ми објасни се и добив лист од спремање до крај што ќе примам и кога. Од таму знам дека ќе примам лекови за болка, антибиотик и инекција против тромб. Добив и насоки за доење, исто тоа го има и во школата. Во болница се имам, па дури и влошки. Можев да дојдам буквално само со влечки и паста и четка за заби.
Не сум др. ама најверојатно станува збор за клексан/фраксепарин. И тука после разни операции даваат да се боцкаат пациентите. Не му се секирај
Во систина на испис имаше и документ со ддмери и хемостаза колку ти се? Зашто јас цела бременост сум со клексани, а колку што ми кажувале луѓе породени во систина на никој за дома не им дале да боцкаат, а мене јани уште на последната консултација ми рече после пораѓај сигурно ќе треба уште 7 до 10 да примиш. Со првото па незнаев што е тоа клексан, се породив на ГАК и после пораѓај 20 ги примав
Јас имав исто резултати со хемостаза ,ама тоа на прием што ми правеле.Трансфузиологот ми пиша нека ти направат на испис и прати ми да видиме. Ама недел беше , требало налог од претходен ден, не ми направија. Јас бидејќи знам со првото во Ремедика ставав клексани, недела по пораѓај на сите даваа, ставав исто дома мислев така треба , заборавиле во извештај да пишат Кога ги завршив му пишав на др. дали да продолжам, ми рече кој ти рекол нем потреба дома да боцкаш клексани. И сеа ве читам за тромб и си викам да не направив беља пост породилно што боцкав Пред 5-6 дена проверив конечно хемостаза и се беше во ред , за разлика од претходно
Баш напротив, не се секирај чим си боцкала превенираш настанување на тромб. Кај нас што не боцкаме има ризик. Ама чим докторите одлучиле дека не треба, значи нема простор за паника. Јас после првиот пораѓај во Чаир се боцкав уште 1 недела некаде пампроверов Ддимери и беа околу 1800, но со консултација со трансфузиолог не продолжив да се боцкам туку постепено си се намалија. А сега, исто така и јас мислев заборавиле да пишат па го прашав докторот , ми рече чим не е наведено во отпусно значи не треба.
Јас бев на тој курс за Родители ама за царски буквално ништо не кажаа, 10 термина само за природен. Среќа во болницата ми објаснија докторите за анестезиите. Денес одам да ми испитаат тромбоцити и да ми најдат термин. Немам страв ич засега, освен од тоа да не почнам да повраќам од анестезијата. Земав од тие специјалните појаси ама на ова жешко уште тие ми фалат. Ќе чекам некој ден да залади.