Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    @JuLleE по 24 часа официјално ме станаа и ми извадија катетар, ама станав и малку по 8 часа од операција од кревет до количка за да ме преместат.
    Утре ќе ти е најтешко станувањето знаеш, ама мора да се издржи првиот пат, после е се полесно.
    И мене ме фаќа така некогаш криво што не можам природно, ама тоа е..
     
    На fana и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.127
    Допаѓања:
    40.491
    Пол:
    Женски
    Јас се породив 9 вечерта, веќе утредента во 12 ме станаа. Не се секирај и ти ќе се вратиш за некој ден во нормала. Тешко ќе е првото, второто станување. Ама колку побрзо и почесто стануваш побрзо ќе помине.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.767
    Се породив на полноќ, наредно утро станав.
    Инаку се сеќавам после природен, станав од бокс и пешки до соба си отидов, баш како ништо да не било :D.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @JuLleE породена сабајлето, ме станаа следното утро. Цимерката породена на пладне, исто ја станаа следното утро.
    Ваљда да пројде ноќ.

    Инаку, со природниот пораѓај кога станував од бокс тргнав пешки, па ме враќаа на количка, а можев.
    Прво станување во соба скоро одма, мораше со сестра да биде до мене, по протокол, а немав реална потреба за помош.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.852
    И овде од бокс сами си одат во соба.
    Две бевме што се пораѓаме, јас царски, она природно.
    Еве ја трча цел ден.

    Жени, ако немате реална потреба раѓајте природно.
    Главен хејтер на царски сум :bandit:
    Ама може и до мене е, ме ужаснува помислата што сум сечена долу, јас од вадење на заб драма правам, не па ова(facepalm)
    А кога ќе ми текне дека одат на операција зарафи естетика :worried:
     
    На kikikikirika, le.soleil, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.007
    Допаѓања:
    117.357
    Пол:
    Женски
    Коа ќе му текне шубаво си јадеа природно породените а мене лиги ми течеа за едно залаче ми се плаче....
    Ама .. природно да родам јас нема шанси друштво.... А така е напикано во канал со главче надолу за мерак....
    Немам контрола над себе си за таков голем залак.
    Посебен левел на психа си треба за тоа и им се восхитувам :bow:
     
    На Didi***, JuLleE, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.852
    Посебен левел на психа за царски треба мајка.
    Три пати не сечат за да вадат бебе, плус операција е.
    Кој што сака нека каже, помачно е царски. Од секој аспект.

    За храната, мислам не знам што повеќе ме боли, желудникот или раната.
    Раната боли само од десно, ќе видиме сега со станувањето како ќе е.

    Инаку и јас бев идеална за природно, бебе наместено, мало, а широка карлица.
    Ајде бидна, завршив работа :)
     
    На simplegirll, ivance.., fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prvaB

    prvaB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Ме станаа после 6 саата, ми извадија катетар и ме станаа. Мислев дека ми се кршат сите коски,додека после 4 саата од царскиот ми дадоа да јадам и тоа тврда храна па шо убаво се изнајадов :D. После првото станување намерно почесто станував за да ми биде полесно. За болки ми даваа само бруфен од 600мг и тоа по 4 пати дневно и за вежбање ми рекоа после 12 недели можам да почнам. Телото само ќе си каже. Јас кога излегов од болница и кога дојдов дома си реков оваа рана никогаш нема да ми помине.. 2 месеци сум веќе породена раната ми е бледа црта.. ^_^
     
    На eli25 и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.607
    Допаѓања:
    76.837
    Пол:
    Женски
    Кој како... Јас со првото природно породена во 6 сабајле бев, прв пат со помош од две сестри (под раце ме носеа во вц на 2 чекора) станав во 9 вечерта. Дури и тоа станување ми беше трауматично, они ме тушираа, јас мижев зошто ми се темнеше пред очи ќе паднев и се живо ме болеше. После 2 дена бев во кревет и во кревет ми носеа јадење, неможев да кренам глава. Додека после царскиот уште втор ден станав скроз сама, сама се туширав, катетар сама побарав да ми извадат :D Болеше рана, ама па не ми беше страшно... многу брзо се опоравував и секој ден бев се подобра, за дома на 7ми ден да летам и сама се да правам :?:
     
    На steela.honey, Lady D ❤️, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.140
    Допаѓања:
    124.500
    @Yowannty не се сеќавам како ми препорача докторот за вежбање , јас почнав подоцна , пред годинка на синко. Има мајки и порано што почнале ама не успевав да најдам време бидејќи не сакав дома туку со тренер.

    Јас сум Фанче тип, јас не сум за природен пораѓај :x Да не и ги повторувам зборовите , се си кажала , комплет те разбирам @fana .
    Уште кога ми кажа докторот дека имам навистина индикација за цезареа, да немам грижа на совест , му реков не се секирајте , немам грижа на совест :angel:
     
    На JuLleE и fana им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.852
    Станав и поминав одлично.
    Дојде физиотерапет, вежбавме, станав и се истуширав дури.
    Боле, ама се трпи.
    Полесно од првиот царски.
    Извадија катетар и бебка е до мене.
    Џабе толку се плашев.
     
    На ivance.., lilyen, Anturium и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Ivanaahhh

    Ivanaahhh Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    После царскиот станав за нецели 24 сати без никаков проблем
     
    На steela.honey и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Жени пред 8 недели породена, денеска почна да ме боли лева долна страна над ципата при движење, како да имам запек или гасови е болката (претходно сум имала таква болка) ама немам ни тоа ни тоа. Исто и при одење во вц имам болки и некој притисок, се шири и во левиот колк и грбот. Да напоменам дека бев на контрола на 6 недели, раната е супер заздравена и докторот ми дозволи нормални активности и односи. Вчера имавме односи и сега ми е страв да не направив некоја беља, да не се отвори внатрешната рана или не знам 300 филмови си направив. Можно ли е такво нешто после 8 недели од пораѓај?
     
  14. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Сум заборавила да пишам во искуството со царски, дека после 1 ден добив дијареа од антибиотикот (инаку ми се случува тоа кога пијам одредени антибиотици). И на сета мака, сакаш нејќеш ќе стануваш за у вц 20 пати и оро ќе играш :D . Сум пцуела се по список, ај што е мачно идењето и вц него мора да се средиш и да се измиеш после, и се туширав по 100 пати. Сега ми е смешно ама тогаш не ми беше хаха.
     
    На JuLleE, Freckles. и V.N. им се допаѓа ова.
  15. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    После 10 саати станав така нешто и одма ме префрлија во соба. Сабајлето ми извадија катетар ,веќе другиот ден се правев сама и дома исто така како да не бев оперирана. Одмарајте повеќе, јас премногу се исфорсирав а воопшто не е мала работа царскиот. 2 месеци глава не кренав. Сите сме различни ама сепак..
    Имав и јас третиот ден ме фати. Си се тешев барем дека нема да ме боли се при прва столица.
     
    На JuLleE и Forbidden им се допаѓа ова.
  16. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    А бебето ти го носеа? Мене не, дур не ми земат крв пак и да проверуваат црп. И уште тоа фалеше за плачки :D
     
  17. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Да цело време беше со мене освен за терапија зошто и тоа примаше антибиотик.
     
    На Forbidden му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Кај мене првото станување беше песна, можев и сама да одам и низ кревет цела вечер се превртував арно ама ми ставале инфузии првиот ден.
    Второто станување од интензивна до соба ми беше хорор, нормално не можело да ставаат инфузии поради бебето што ќе цица и ги прекинаа, криво ми е бебчо што се врзал околу врат со папочната, без болки стигнав скоро до цели 9цм и таман тогаш ми ставиа и епидурал, на крај царскиот ужас од болки бил и баш ми е криво :sweat:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    8.376
    Пол:
    Женски
    Прашањево не е за во оваа тема ама овде те начекав.
    Дали имаше примено клексан тој ден кога беше пораѓајот? И колку саати имаше поминато од клексанот до епидуралот?
     
  20. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Последно примив клексан вечерта во 23ч. Наредниот ден ме задржаа кога имаше поминато 12часа и царскиот беше во 16:45 часот. Анестезиологот ми рече доволни биле 12 часа да бидат прекинати клексаните. Јани ми рече 24 часа, така испадна кај мене порано и фала богу немаше проблем.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.