Јас не го чистев секако иако имаше пигментација, сама по себе исчезна. Ништо посебно не правев. Претпоставувам дека на тоа чистење мисли.
Сама се губи. Абе многу се замарате да ви кажам Освен стриите кај што се појавиле кои избледуваат со тек на време ама не се губат друго се може да си дојде и ќе си дојде на место. Сепак 9 месеци се формирало дали папок, дали линеа нигра неможе за 9 дена да помине
Ме насмеавте со коментарите Не, не мислам на пигментацијата, туку на црното внатре што се собира во текот на бременоста. Барав стари коментари да видам што сме користеле тогаш со генерацијата, од вазелин не сум била задоволна, ми било предложено средство за вадење шминка како ефикасно. Па ете може и на друг ќе се најде информацијава.
Јас не се гледам, за да не најдам нешто. Ме гледаше денес патронажна и кажа ок е, ама црвена е малку оти се преклопува стомакот и се потиш, па кажа измеѓу да ставам газа. Јас имам органски конци, сами паѓале, освен нешто краевите, ама заборавив што, ќе ја прашам патронажната. 6 ден ми е, и функционирам со Налгесин. Среќа е што можам да станувам сама, и за разлика од првиот пат сум далеку подобра. Еве ме, сама со две деца сум пола ден, маж работи, мајка ми на пазар ја пратив. Освен бебето и што си зимам за јадење, се останато други работат. Добро избришав прашина денес. Прашав за излегување, вика заради тебе е, кога ти ќе можеш. Кога почнатвте да излегувате? Луѓе на месенџер гаќи бирам и еве пак не ми купија Пола ми е испазарено пола не. Не планирам да влечам ќесиња, ама да си влезам и одберам барем. Ќе ме скренат, сериозно.
4 дена поминаа од царскиот и на краевите ми се појавуваат болки и внатрешни и надворешни. Значи само на краевите. И јас имам од тие органските конци. Нормално ли е? Инаку и мене ми е страв да ја погледнам раната, патронажната рече добра е.
Да нормално е, јас прашав, оти мене ме болеше едната страна повеќе и ми кажа бабицата дека царскиот го работат двајца и зависи кој повеќе влечел. Нормално е скроз, и тоа де краевите. Таму не разбрав имало нешто врска кинците оти се крајни. Мене денес многу ме пече, намалив со Налгесинот, плус од што се преклопува стомакот, малку црвена ми е. Ама сосема нормално е. Ти иде патронажна, така да не се плаши, ќе ти ја следи. Не ти дадоа, не ти спомнаа што е не нормално? Мене на отпусното ми пише.
Ми рекоа нормално е и толку. Тоа што ме плаши е дека дури ме шиеа слушав како доктор објаснува на колешка што прв пат шие, значи се учи на мене. Језиво... И на бабицата моја и пишав сега вика нормално е и за жал може да трае со недели. Отпусна уште немам, до понеделник ќе сум тука.
Па ти си уште во болница. Не се плаши. Мене почна главата да ме боли, чудна главоболка, почнува од грбпт па нагоре. Не е класична. Се си мислам од анестезијата е. Туку за болки ми дадоа налгесин форте. Читам упаство и вика не одат во комбинација со овие за протув тромб што се. И сега не знам дали да ги пијам.
Со сите за болка има контраиндикација за крварење особено со ибупрофен, затоа повремено само и по потреба.
Каде крварење? Они и во болница ми го даваа, и рекоа да не трпам болка да пијам и до дома, ама на 6 саати. Јас најмногу по два пиев, вчера еден, денес сум со два парацетамола. Буквално трпам болки, среќа мајка ми ги врши домашните обврски па само седам и лежам. Еден да можам во денот да пијам би било добро. И отприлика кога се смируваат болките од царскиот? Денес ми е 7 ден.
@JuLleE тоа е контраиндикација ама не мора да значи дека ќе се случи, сите примаме лекарства за болка после царски заедно со терапија против згрутчување на крвта. Не ги пиј само во исто време со инекциите, нема да има проблем.
Повеќе се за царски. Некои не ни сакаат да слушнат за природно. Ама ако ти имаш желба најди си доктор кој би пробал. Кажи каква желба имаш и дали може да се оди природно.
Дали тој потечениот дел над резот, гледам на англиски го викаат и "shelf"(не знам дали и кај мене е баш тоа) се повлекува како минува времето?