Добро не реков ништо лошо, тие што мора царски мора... ама има мајки и кои немора инсистираат на царски рез со мисла дека е многу полесно, а мене една рана од слепо црево неможев од кревет да станам,а не па царски (каде каде потешка операција). Знам мајка пријателка од страв царски отиде и после ми плачеше колку е тешко, падна во депресии дека неможе бебето да си го држи убаво дека неможе да станува, многу тешко и помина тој период... а башка па и бебето со грчеви, полуде жената... ама фала богу сите после некој период ке се добро... Тоа ми беше зборот, не дека ако докторот рече царски, неможе мора природно не реков ништо такво... има мајки со мали бебиња па се мачат и завршуваат на царски, не е само до дупката доле, зависи од напонот, положбата на бебето, колку и тоа самото бутка.. башка има и мајки плацентата е на отворот на матката и тие мора царски...
На приватно не ризикуваат докторите, не ги мачат родилките, може и јас ќе родев природно, видоа тахикардија кај детето, не реагира на контракции, пројдоа 12 саати од провокација и решија да ме породат царски. Не споредувајте со нашите баби, други времиња биле, друг квалитет на живот, други болести. И царскиот не се вика така затоа што родилката како царица ќе се осеќа, туку да го спасат детето на кралот, а родилката била "колатерална штета".
Сведок сум а сигурно и вие колку мајки се решаваат сами на царски . Од проста причини мал мал степен на толеранција на болка . а царскот е лесна работа да да . Операција е сепак која може да носи последици. заздравувањето е каде каде по болно . Нели пошто е операција. Кога си највеќе потребна на бебето ќе неможеш да станеш првите денови од кревет без помош да си го земеш детето . неможеш да се накашлаш пошто те боли раната . Вежбаш преместување од една страна на друга . ќе станеш да се движиш а се те боли . Додека при природниот пораѓај можеш одма да станеш . Барем кај мене така беше . На пациентката што беше со мене во соба при царскиот и ја потсекле и бешиката . Беше 10дена во болница . кај мене мораше царски затоа што иако бев целосно отворена немав напон и колку и да напнував немаше да бидне ништо . Бебето се поместило незгодно со главчето кога бабицата гопукна водењакот . Се заглавило. Операцијата помина добро , за мене болно искуство . Осеќав се . И не ги разбирам тие што викаат со царскиот си царица . Не се мачиш нит ништо . Маката е после ...
Jas plativ na GAK za carski nekade pomalku od 700den plus drugi troskovi imav za bebceto.Inaku prviot pat imav strasni bolki,kazuvav deka imav porodilni bolki no ete mi vikaa rano ti e sigurno se lazni,se smiluva eden doktor i ajde posle 10h pod hitno na operacija,sin mi se rodi 29 nedela.Imav bolki no ne bese nesto nepodnoslivo,ranata posle 1 nedela ne ja ni osekav osven strasnata glavobolka.Inaku imav celosna anastezija. So vtoriot slucaj,sega uste macam maki so ranata prvata nedela bese se vo red posle pocna da mi gnoe i eve posle 1 mesec uste ne mi e dobro zazdravena i cuvstvuvam bolka. Imase dosta slucaevi dodeka lezev sto pacientkite sakaa carski a nemaa potreba za toa i fakaa vrski,a isto i majki sto gi macea so casevi za da se porodat prirodno.
http://forum.femina.mk/members/macenceena.29686/ Како осеќаше се? А заспана? Искрено ја зачитав темава дека кога родив природно си реков ова уште ендаш никогаш ( и не, не забворавив како беше) и така читајќи за мене сите овие негативни кометари и искуства се од лошата постопородина нега на ГАК или Чаир. Или пак чекање, измачување па немање време за анестезијата да фати. Пак се сведува на лошиот однос на државниве клиники.
Ехеее порано и бабами се породила дома и свекрвами и многу други што познавам но тогаш било друго време немало ни хемикалии ни зрачења во споредба од сега кога се е озрачео и све полно со хемикалии и многу болести кој порано не ги ни познавале само чумата ја знаеле , зборот ми беше дали природно или царски ќе се породи жената и така и онака животот е секогаш во ризик бидејќи не е мала работа бебе од 50 см. да искочи од стомак а не па од вагинален отвор се ова го кажувам и сметам Божи благослов за да се донесе на свет детенце , добро е што и медицинава е многу понапредна за да помогнат на жени кои стварно не можат природно да се породат што во споредба од минатото таа жена ќе умрела од измачување и болки , а сега се сѐ завршува со оперативен зафат за да се спасат и мајката и бебето , но има и жени кои се пораѓаат лесно како песна без никаква мука .
Mamicki, mi treba sovet od vas.... Cela bremenost bev uverena deka prirodno ke se poragam no se iskompliciraa rabotite I Mora carski.....uzasno preplasena sum zgora Na se mi rekoa da odlucam megu celosna anestezija ili spinalna.Sto e najdobro so koja e bolkata pogolema...ve molam za pomos
И јас сакав природно, чекав ден и пол во болница со провокации, но не се отворив и мораше царски. Мене ме оперираа со спинална и тоа беше едно прекрасно искуство. Ако се соочиш со моментот дека тоа е тоа, бебе мора да излезе веќе, ќе си поминеш супер. Тотална не преферирам кај операции што можат со спинална, затоа што спиналната реагира на нервите во 'рбетот, а тоталната реагира на мозокот. Башка, не го пропуштив најубавиот момент - моментот кога ќерка ми дојде од оваа страна на стомакот. Реално, тоа беше еден од најубавите моменти во животов. После тоа, целото шиење, лепење, што и да правеа, јас бев насмеана и во екстаза... Моја препорака - спинална. А болката понатаму е таа - раната е иста.
@Kaetana случајно прочитав дека си со спинална и те молам кога ќе можеш да ми напишеш повеќе околу аплицирање, каде делува, како делува, самата операција кратко трае и што правиш во тоа време, нели си будна... се шо би можела да ми доловиш атмосфера, деновиве ме чека третиот царски а досегашните два ми беа со целосна, а за овој се подновиле во болницава со анестезиолози од друг град и ја нудат и спиналната како опција, па се мислам за неа... фала
Koga se poragav so sin mi zaradi toa sto ispadnaa komplikacii morase celosna za da ne bidam svesna.Se razbudiv posle nekolku h so ogromni bolki,mi dadia inekcii i se smiri bolkata. Vtoriot poragaj bev so spinalna,slusav se no ne se oseka,inekcijata vo rbetot koga mi ja stavaa nemav bolka kako osa da te stipnala,cela operacija bev svesna,ne osekav nisto sto pravea od polovina nadolu i kerka mi kako ja izvadija odma mi ja pokazaa (za zal po nekolku dena pocina taka da za mene toa bese edno mnogu loso iskustvo) Posle 2h pocnaa da mi se pustaat nozete i pred da gi dobiam bolkite dobiv inekcija za bolki. So dvete operacii stanav na noze posle 24h i oporavuvanjeto mi bese isto.Iskreno ti ja preporacuvam spinalnata zasto celosnata anastezija e mnogu stetna ne samo za mozokot tuku i za crniot drob,za srceto..i jas mislev i vtoriot carski da mi bide so celosna no zborev so anesteziologot i se dogovorivme za spinalna koga mi kaza sto posledici nose celosnata anastezija.Ne se plasi,razmisluvaj pozitivno deka bebeceto ke go vides za 5-10 min od koga ke pocne celata postapka i posle za 20 min si gotova. So lesno
Ajde i jas ke ti objasnam.Prvo te pregleduva anesteziolog na rbetot za kade najdobro e da te bucne.Ti si kolku moze poveke navednata na stopot za operacija,mene mi nacrta tocka (taka mi kaza) i na toa mesto da znae da me bucne.Znaci bev navalena a dve sestri mi gi drzea ramenicite vo slucaj da ne mrdnam.Prvo me bucna pa mi ja stavi tecnosta (bolka ne osetiv od bucanjeto,moze mala kako osa da te apnala),posle me legnaa i po 10 sekundi ne gi cuvstvuvav nozete.Za 1-2 minuti mislam bese pocnaa so rabota (mi stavia zeleno perde da ne gledam nisto) celo vreme nad glava mi bese anesteziologot i edna sestra.Doktorot sto pravese ne osetiv nisto,moze na kraj koga go vadese bebeto osetiv nekoe tegnenje no nikako toa ne bese bolno ni pak neprijatno.Za 5-10min mi go pokazaa bebeto i odma go odnesoa zasto bese predvreme rodeno.Posle toa ja vadat postelkata,ako ne ti bil puknat vodenjakot i ako ima tecnost ja cistat,ke te sredat i pocnuva sienjeto.Cela postapka so se vedanje na deteto,bucanje na anestezijata trae 30-40 min. Taka da za 1h ti si veke vo soba.Inaku si budna ne pravis nisto si go slusas muabetot na doktorite i sestrite,zasto mi bese mene golem pulsot od vozbuda,strav..pocnaa da me zezaat i me opustija,koga ke go vides bebusot za pomalku od 10min koga ke pocne intervencijata posle ke misles samo na nego,ni doktori ke slusas ni sestri vo umot ke ti bide samo toa malo angelce. Iskreno mi bese podobro od spinalnata otkolku od celosnata anastezija.Loso iskustvo e sto posle 2 den me pukna glavata od bolki pa mi dozvolia coka cola da piam i 3 vo 1 ness,mi stavia inekcii posle za glavobolka i pomina.So lesno
Искуството мое е речиси слично како на @MilaP (која патем е мајка-херој!). Прво, каде тоа ќе се пораѓаш мајка што тек сега ти нудат како „новитет“ спинална? Ќе пробам да ти го доловам најреално целото искуство со сите детали, се надевам дека ќе ти биде од помош за лесно да поминеш и ти и да се одлучиш со спинална. После втората провокација вториот ден, поминаа 6 часа а јас се имав отворено само 0,5 см. Одлуката бидна за царски. Ме земаа во сала, ме разголеа. Муабет со анестезиолог немав направено затоа што не беше договорен царскиот. Ме седнаа и ми рекоа ајде сега да се наведнам, т.е. да направам лак со кичмата за да можат да видат кај да ме боцнат. Исто, ме држеа за раце и раменици да не мрднам, и ми помагаа да се свиткам, затоа што со контакции и со стомакот тоа беше малце тешко изводливо сама да го направам. Анестезиологот ме боцкаше три пати оти не можеше да најде нерв... ама го слушав и соработував со него, искрено - едвај чекав да се породам! Ме погоди, и ми кажа дека за брзо треба да осетам топлина по нозете. Боцката не беше страшна воопшто. Ме легнаа, ме поврзаа со апарати за мониторинг на пулс и притисок нели, и ми ставија завеса. Анестезиологот дојде да направи тест дали функционира анестезијата - со коцка мраз ме поминуваше на рацете и на стомакот. Кај рацете чувствував ладно и допир, а на стомакот само допир. Со спиналната осеќаш се. Но нема болка. Нема осет за ладно, болно, топло и слично. Само механички активности. Јас почнав да осеќам влечење, тегнење... ама тоа беше повеќе како да ми го масира некој мевот... убаво ми дојде затоа што не ги осеќав веќе контракциите. Тимот беше одличен. Си почна со работа. Над мене цело време имаше еден дечко кој беше со мене уште кога влегов во сала. Ми рече да не се секирам, дека ова е рутинска операција, и дека се тука да реагираат за се што треба. Јас искрено бев многу смирена. Повеќе имаше среќна возбуда дека ете - конечно и јас ќе се породам и ќе си го видам детето. Во сала музиче во позадина, докторите си муабетат смирено, дури докторот што ме оперираше почна да си пее - што искрено придонесе за уште толку да сум си релаксирана. Сестрите исто ме муабетеа, беа и да земат телефон од кај маж ми за да ја сликаат малата... Ми кажаа да се спремам, дека за минута - две ќе ја вадат малата... Тогаш осетив топлина на раката која ми беше врзана до телото (ми го пукнале водењакот), ама како некој со леген да ме потури... Јас превозбудена... ја извадија малата, ја ставија да ја прегледаат, а јас вртам глава и гледам некое чуденце во креветчето легнато, мрдка... едвај чекав да ми ја покажат. Ми ја покажаа, ме сликаа, ја земаа... останав насмеана цело време после, си мислев на бебето, на тоа дека сопругот ја има сега видено, па што ли си мисли тој... па дека за брзо ќе помине и ова и дека за брзо ќе ја видам, држам... Докторот дури ми викаше на моменти „Каетанче, како е?“... јас пресреќна, „Супер!“ Осеќав дека сме при крај затоа што почнаа да ме бришат по раката, ме спремаа за во шок соба. Во шок соба бев околу час и половина, на секои 5-6 минути поминуваше некој да ме праша дали ги чувствувам нозете... откако ми пушти анестезијата ме вратија во соба... После тоа сигурно ми ставија некои аналгетици затоа што бев многу ок... и за два - три часа ми го дадоа детето да се „запознаеме“ подобро. Јас немав никакви главоболки, немав вртоглавици (освен првиот пат кога станав после операцијата)... а и немам проблеми со кичмата од спиналната. Ви посакувам сите да поминете како јас што поминав на царскиов. Не, лажам. Ви посакувам пред се природно породување, но ако не може, тогаш царскиот нека ви помине како мојот што помина...
леле @Kaetana читајќи те си правам филм и си се расплакав од возбуда!! Да доживеам и јас да го видам тазе извадено бебувчето па и да не сликаат... дефинитивно ќе изберам спинална, а новина е ова во Охрид ќе ви го пишам моето искуство, за брзо....
Vi blagodaram Na site navistina verojatno ke odam so spinalna I jas.Ke se poragam vo sante plus privatna e se nadevam barem ke me opustat.
Мешиња ,после колку време од царскиот рез можеш да стануваш ? И дали знаете колку време ќе ми остане бебенцето во инубатор родено во 35 недела ?
Зависи од болницата. Обично чекаат 2 дена па третото утро те стануваат. За бебчето не знам ќе оставам друг да те упати.
Posle 24h stanuvas so pomos na sestra,ke pocuvstvuvas mala vrtoglavica i bolka (prvoto stanuvanje e bolno no sekoe naredno e polesno),vtoriot pat stanuvas sama ili ako ne si spremna povikuvas sestra da ti pomogne povtorno.Jas i vo dvete operacii stanav prviot pat so sestra,a vtoriot stanav do krevet,pa sednav,pa stanav pak poodiv malku,znaci se odalecuvav od krevetot kolku sto bev sigurna deka ke moze da izodam.Kolku pocesto stanuvas tolku pobrgu ke se oporavis.Bebeto vo 35 nedela mozno e i da ne bide vo inkubator,mozno i e da bide toa zavisi od negovata zdrastvena sostojba i nikoj so sigurnost nemoze da ti kaze kolku vreme ke bide vo inkubator osven pedijatarot sto ke go prezemi novorodenceto.Sin mi roden vo 28/29 nedela bese so nedeli vo inkubator i pristapot do nego mi bese ovozmozen posle nekoja den.So lesno
Оф фала ти, јас мислев таму ќе го чуваат до 40 недела А за царскиот рез ми кажуваа дека цел месец ти требало да се опоравиш , па се мислев како ќе си го чувам детето така...