Значи физички доктор гледа психички стравови и паники пошто не се гледаат секогаш треба да кажеш. Е сега дали паничен страв и психичка неспремност се поистоветува до желба за некој...
Јас на пример се тресев во салата. Не можеа да ме смират. Од страв. Како лист, ме држеа буквално. И што требаше, да ме извдадт од сала оти јас психофизички не бев спремна за царски? И не бев. И овде пишував. Ама тоа е страв, а не дијагноза. Нема родилка која не се плаши.
Имаше ти избор за природно и сосила те пикнаја на царски? Не... Значи за кај што има можност за избор правиме муабет
Доктор е обучен да препознава кога психичката состојба не дозволува да се има безбеден природен пораѓај. Наше е да избереме доктор на кој му веруваме, не е наше да одлучуваме дали треба операција или не. Замисли нестручна трудница која не е гинеколог, не е акушер, во паника која влијае на рационалното расудување, да се прашува дали треба операција или не. И не мислам воопшто дека ја затупевме. Баш треба за некои изјави што се пречести околу пораѓајот ко "страв е индикација за царски" или "бебето ќе се угуши во вагинален канал" да се зборува за нив, да се упростат, да се објаснат, за да се сфати некогаш колку се апсурдни и неточни. Ваквите стравови се резултат на незнаење, на неразбирање на пораѓањето и не треба да се негуваат неточни стравови кои можат да резултираат со операции кои воопшто не требале да се случат. Не смее да се романтизираат операции и да се претставува царскиот ко полесна опција.
На тој што му е страв од природно, ќе му биде страв и од царски, не може да си анксиозен за едното, а за другото да си супер спремен. Јас умирав од страв и се онесвестив додека ме боцкаше анестезиологот, исто ќе беше и за природно верувам. Сега ми е страв за втора бременост со царскиот, дали е се во ред, дали е заздравено, дали ќе имам последици...
Ама за царски ти не соработуваш.Лежиш и чекаш бебето да го извадат.Ако ти се влоши психичката состојба ќе те заспијат.Таа на бокс ако не соработува ,го ризикува животот на бебето.Мора да диши,да дава напони,да биде присебна.
Точно. Јас имав на ум за царски дека мое е само да се опоравам од операцијата и да се посветам на бебето
Во Мк имаме мн поголем број на царски одколку во др држави, сакате да ми кажете дека сето тоа е со индикација, нема ич врска потплаќањето доктори? Што сме ние различни од други жени па толку индикации да имаме?
Немав, ни првиот пат ни сега. А сакав. Точно, ама не може секоја втора жена да е психички дијагностицирана и ај на царски. Никој не спори кога има било каква индикација, ама не може да се остави да биде наш избор. Еве мене да ме оставеа, ќе ризикував и ќе одев природно. Ама за мене одлучи гинекологот. И првиот пат и сега. Не може да споредуваме 7 реза со еден надворешен рез. На прв изглед велиме исто е, ама не е, и не може да биде. Патем ни пораѓајот царски ни природниот има врска кој каква мајка е. Јас и двете царски ги родив, ама еве се сметам дека сум за нив најдобрата мајка. Пораѓајот има врска со жената единствено, а целта е да се помине што побезболно и без последици.
Има. Еве јас не се плашев. Не се плашев од природно, не се плашев ни царски кога завршив. Не се плашев ни кога требаше прв пат да станам царски. Се е до како ќе си го програмираш мозокот.
Точно, јас и на првиот царски направив белја, среќа анестезиологот и сестрите реагираа цело време. Сите машини што ми мереа функции свиреа постојано. И сега имам ист страв, и не е обичен страв како што е нормален кај повеќето, ама на докторите им е посигурно на царски да делуваат на мене.
Специјални снегулки сме. На докторот му е секако полесно да сече, побрзо ќе заврши и нема да се замара повеќе со пациентката. Поминале нашиве покрај primum non nocere и Хипократова заклетва.
А зашто да нема мантуб? Ако имаат нормална бременост и да немаат анксиозност и ете алергии ко што спомна Ана, зошто да не бираат? Зошто да немаат право на избор кажете ми? Запознаени со добри и лоши страни и зошто да немаат право да одберат мајките како ќе се породат? Еве ја ќе ви кажам имам минимум 5 познанички, без никакви индикации што се решија за царски. И? Што толку вам ви пречи тоа?
Кај нас им е полесно само, надвор не сакаат оти со природен пораѓај процесот го водат бабиците, доктор доаѓа на крај. Знам, не спремаа две, јас за царски, другата за природен. Докторот се појави кај мене кога требаше да ме сече, кај нејзе точно кога се пораѓаше, кога бебе излегуваше. Цело време со нас си беа бабици.
Знаете што? Уште ова ќе го кажам па што сакате мислете. У право се кога велат жена на жена колку може да и штети ниту еден маж не може. Подржуваме избор за брачен сопатник од ист пол. Подржуваме абортус. Подржуваме транс џендер. Подржуваме се. Ама не- ако иде царски по НЕЈЗИН избор не е мајка, специјална е, нежна е, не знамтишо! Искрено ќе ви кажам, мене ова ми е на исто ниво ко на некоја да и речеш секс не е секс ако нема машки полов орган. Остајте ги жените да бираат како ќе раѓаат, дали ќе дојат, колку ќе родат, со какви ќе бидат ... НИВЕН ИЗБОР! И никој нема право да каже какви се.
Е па гледаш колку е индивидуално? За мене царски беше единсвено што можев со главава да го процесуирсм а да не ми се превти утробата и да не се излудувам психичкии со несоница со недели. Кога немаш избор е друго, мораш да се помириш и да поминеш. Ама кога имаш, искрено камен од душа ми падна кога ми дозволија. Тогаш некој мир ми ја обзеде душата и знаев дека се ќе биде добро. Насмеана влегов во сала, уште понасмеана излегов. Јас од искуство ќе кажам за мене царски беше полесно и секогаш ќе биде. Не мора и не може да ги делиме сите истите чувства. Фала богу имав избор благодарение на кој немам траума и едвај чекам уште едно бебенце. Браво. Еве ова твоево нека стои за крај. Заслужено.
@Honny за ова со психички спремна дури и во странството кај што сме јас и ти не поминува сегде, нели зборевме тука дека не баш секоја болница дозволува. Од три во кои бев на разговор една ми дозволи, и на таа една докторката лом ме направи зошто царски, било себично од моја страна, немало детето да заплаче, куп работи ми изнакажа. И не знам зошто упорно споредуваме сите царски со природен кога секоја жена, секој пораѓај, секоја ситуација се различни. Мене ете после царскиот таква психа ме мавна, нејќам да чујам за второ дете, не ги трпам овие болки по втор пат ... значи јас веќе психички не сум ни за царски ни за природно спремна а најмалку за бременост. Туку за друго дојдов и многу ми е итно! Поминаа 10 дена од царскиот. Два дена немав никакво крварење и денес одеднаш како река. Умирам од страв, се јавив во болница ми рекоа прати дали се зголемува/намалува Кои се вашите искуства? Нормално ли е да прекине крварењето па нагло пак да дојде? Болки немам никакви.
Кај мене беше така, речиси и да немав и после наеднаш прокраварив. Пак ќе се смири и пак ќе има повеќе. Мене ми рекоа ако мириса на мртво месо, ако не престанува, да одам. Ама се смирува.