Кога има индикација, нормално дека ќе си одиш на царски рез. Гинекологот ти кажал дека е така најдобро, така и ќе направиш фала Богу. Тоа го зборам цело време на темава, дека лекарот е тој што ја носи одлуката, во комуникација и соработка со пациентката. Ко за медицинско лице, поим си немаш од струката. Инает и горчина? Ајде бре.
Искуства секој може да си сподели, ама не се релевантни индивидуалните искуства, релевантно е општо процентуално колку е ризичен царскиот спрема природното, и факт е дека царскиот секогаш ќе е поризичен од природното безразлика што некоја таму една поминала преубаво на царски, а друга некоја не можела на газ да си седне еден месец после природен. Ништо не значат два случаи. Жени без осет се жени што и покрај тоа што докторот ти вели дека бременоста ти е супер и можеш да се породиш природно, некоја ќе ти рече - ќе ти се загуши бебето во канал. Е тоа е негативна енергија еден тон и пробување да се биде поголем експерт од докторот.
Еве сама така се претставуваш со напишаново и со навредиве. Очигледно е дека си огорчена, а знаеш зошто си ? Дека си немала избор при пораѓај, си морала ради индикација царски, па сега која сум јас да имам избор?! Те разбирам, ќе ти помине со време.
Дечки стварно е офф топик ова во темава и мислам дека многу членки што се пред пораѓај а мораат со царски не им е убаво ова да го читаат Јас сум сеуште во рана бременост но поради аномалија на матка 90 процентна е шансата дека ќе морам царски (иако секад сум се надевала на природен пораѓај) и стварно не ми е убаво ова што го читам наместо искуства на жени што го прошле тоа...
Не сум јас огорчена, не се секирај ти за мене. Бирај си ти царски, слободно сечи се колку сакаш. Мене друго ми беше поентата, ама не знам зошто го извртувате напишаното.
Јас не сум се пораѓала природно не можам да споредам ама ниту на најголемиот душман не би му посакала да мора да се пораѓа царски. Нормално е дека ќе збориме од свое искуство, моето беше лошо и уште трпам последици, можеби и вечно ќе трпам а можеби и матката ќе ја изгубам од операцијата што така лесно дозволуваат да биде избор. Не сум против избор, нека биде ама жената да биде детално информирана кои се предностите и ризиците од двете опции. Ама до буква информирана. Јас бев со близнаци, извесно беше дека ќе бидам со царски ама до последен момент се надевав дека ќе бидам од оние среќници што ќе им почне процесот и ќе се заврши природно набрзина. За жал тоа не се деси.
Jas pak, poznavam dve, bash vo Avstralija, koi se resile dobrovolno za carski, ednata od strav od bolki pri porogaj, drugata poradi traumatski priroden porogaj prviot pat.
Потврдувам и јас Вториот царски ми беше далеку полесен од првиот, на 4 ден јас бев како да немам правено никаква операција. Е третиот си беше своја приказна. Со лесно и не се секирај, во најмала рака знаеш веќе што те чека
Епа ете не сакале епидурал. И? Јас треба да застанам и да му ја мислам зошто се решиле за царски, а не природно? Битно во муабетот е дека и во странство, може не секаде, IT'S A MATTER OF CHOICE.
Јас сум со првото природно, со второто царски. Брзо закрепнав од двата пораѓаи. Лично, зашто јас супер пројдов, да имам да бирам за трет, искрено не знам што би одбрала. Веројатно, со докторот ќе одлучам, по негов предлог и направен преглед. Телото супер ми соработуваше двата пати, за царскиот папочната врвца беше цела умотана, губеше тонови бебето при напон. Фала Богу што го има. Сепак, желба ми беше за природно поради првичното убаво искуство. Не си земав на срце туѓи искуства, баш затоа што се туѓи.
Дали има некоја членка што подврзала јајници после трет царски, како оди тоа, и дали навистина штити од идни бремености?Треба ли сам да побараш или докторите прашуваат?Се мислам и за вакво нешто.
Пред царскиот, кога ќе имаш разговор со доктор и анестезиолог и кога ќе ти ги објаснуваат ризиците, ќе пополниш прашалник околу алергии и такви ствари, таму има и прашање дали сакаш стерилизација. Ако нема секако можеш сама да си побараш. Процедурата е многу кратка, некои 10тина минути екстра, можеби помалку. Ќе те штити понатака од несакани бремености.
Напротив, многу нападно ти беше прашањето, јас само кажав за два случаи кои ги знам. Зошто одлучиле така, не знам
Тој што е анксиозен ке доживее паничен и при царски. Другарка ми на сред царски од паничен почна да им се угушува на докторите, притисокот плафон...не е заебанција луѓе, операција е ..освен .ако не морате ,расчепете нозе и раѓајте природно.
Јас сум со првото царски, сега сигурно ќе бидам пак, и размислував искрено за ова. Затоа што две дечиња ми се ок, таман и кога веќе ќе биде операција да биде и ова одеднаш... Само сакам да чујам искуства, последици дали има итн... за да напраам муабет со докторката од сега ми е рано, 10та недела сум, само да сме живи и здрави и да истераме до крај, па тогаш веќе би разговарала..
Јас треба да се породам со трет царски,со тоа што третата бременост ми беше многу брзо после 2рата,не би сакала пак да ми се случи,ни на сон веќе,е сега незнам дали е ова подобра опција или спирала.
Ако мислиш да не раѓаш повеќе подобра опција ти е врзување на јајници, еднаш засекогаш. Јас грешка направив што не се врзав и сега сум цело време со спирала На секој 5 години треба да мислиш, еднаш на неколку месеци на контроли дали е во ред да не не е поместена итн