Како што ти објасни Јованити, и јас го имав истиот прашалник и стоеше опција за стерилизација. Не знам само дали во Мк ја има како опција, ама би требало. И мислам дека е безбедно, ама разговарај со гинекологот. Сестра ми овде сакаше, ама како посебна интервенција оти роди 3 деца природно. И рекоа само после 35 година. Јас не би, не оти планирам да раѓам, ама ако останам трудна пак, знам оти ќе си го родам. Иако не ни помислувам на трет царски. Јас вчера излегов. Бев до ДМ, до маркет и од кола само одев некои 100 метра. Дома се движам. Раната ја осеќам како да боцка. Ама ок е, сакам и морам, само постепено, полека да се враќам на старо. Овде ме советуваа 6 недели максимална нега и внимавање. Јас си ги слушам. Колку и да можам. Туку, од кога почнавте да возите кола? Јас возев до пораѓај, а сега не сум почнала, а сакам од наредна недела.
10 дена од кога излегов од болница почнав да возам Полни две од царскиот имаше Ама колата има и лесен волан и се, па затоа и спремна се осетив, ја знам колку ми е лесна колата...
Јас на двете недели од царскиот почнав оти веќе болките ми беа минимални Носи земи од нашколо деца бебе во кола ајдеее
Три ноќи останав у болница после царскиот. Четвртиот ден ме испуштија и одма седнав на волан. Од Ск до дома јас си возев , 160 км Маж и мајка го "пазеа" бебето И продолжив да си возам. Скоро секој ден "мораше" да идам до аптека , маркет ... Ме караше докторот после тоа Требало да се мирува бар две недели. Ама јас сум си усиена глава. Нема разбирија со мене. Фала богу добра сум
После 10тина дена, две недели отприлика. Се осеќав дека можам и претходно ама ко што викаш се припазував.
Речиси никогаш на форумов не влегувам во дискусии, туку напротив го користам за споделување информации и искуства, но овој пат чувствувам потреба да се изјаснам. Моето искуство: прва бременост, уредна, како по книга, чекаме контракции или било каков друг знак за да почне пораѓај. На 5 дена пред термин од други здравствени состојби - воопшто не поврзани со гинеколошки проблеми мене ми преопрачуваат доктори специјалисти царски рез за да превенираат понатамошни компликации кои можеби би се случиле од природен пораѓај. Јас тие 3-4 дена не можам да се соземам и да го прифатам царскиот рез како резултат на околината, на сите негативни статии на македонски и странски сајтови, сите лоши коментари.. За мене дури и ризикот од природен пораѓај беше прифатлив само да не сум со царски.. Нејсе, одам на договорениот термин за царски и погодете што? Бебето ми починало за тие 24 часа додека јас сабајлето отидов во болница. Ми направија итен царски со целосна анестезија и кога се разбудив докторите ми ја соопштуваат веста. Тогаш не ми беше важно како сум породена. Оваа тема ја читав да видам други мајки како закрепнувале, каква им е раната, колку долго имале болки итн. Убаво би било таква и да остане. Лесно е да мудруваме и да се правиме доктори, ама ајде да бидеме повеќе од тоа и да си помагаме, ако немаме убаво што да напишеме подобро е воопшто да не пишуваме. Edit: на убаво напишано не мислам само на позитивни коментари и искуства, туку на убав начин - какво и да е искуството, советот и сл.
Drugarka mi so podvrzani jajnici ja rodi kerkata. Navodno dr Dimitrova i rekla deka se napravilo novo kanalce kaj jajcevodot. Ova se slucuvalo mnogu retko.
Можно е секако. Како и при другите видови контрацепции, па и тука можни се отстапки. Не постои метод кој штити од бременост 100%. Всушност постои, немање секс воопшто. Ама тоа не е опција. За мене лично кондомот е крал на контрацепциите и ништо друго не ми е прифатливо.
Zdravo sakam da prasam vaka pred 1 mesec sum porodena sakam da prasam dali moze hematon da iskoči na imtimniot del kaj što sum sečena stranicno
Женски, на 4ти малце по полноќ на 3ти се породив со царски. Со близнаци, нормална бременост, освен фемибион не користев ништо. Успешна операција, живи машко и женско бебе, еден ден во инфенктивна, па ме донесоа кај мајките, рана ко рана боли многу, па помалку, ама се трпи. Уште сме тука, денес близнаците излегоа од инкубатор, родени се во 35 недела и нешто па денес 36 направија. Како било, почна десната нога премногу да ме боли. Од кај раната до коленото. Значи раната нема врска, болка како слепо црево, како напади, многу неподнослива и јака. Кога одам да мокрам болката е 10/10 ми доаѓа да плачам, да врескам од болки. Мојот праг на толеранција на болка е огромен што значи дека чим не можам да го поднесам ова тогаш болката е преголема. Кажав на гинеколог, на сестри, на сите тука, крвна слика ми испитаа, се испитаа, неколку доктори ме погледнаа и ништо не знаат од што е, од операцијата е ќе помине. А болката е огромна, не можам повеќе да трпам кога гледам дека не поминува. Искуство некое нешто? Помош?
рентген да ти направат да прашаш? Или што треба да се направи тие треба да знаат не смее да се игнорира биди упорна што чекаат можеби не е ништо ама можеби е како ќе знаат без рентген или ехо или што и да треба
Zdravo sakam da prasam vaka pred 1 mesec sum porodena sakam da prasam dali moze hematon da iskoči na imtimniot del kaj što sum sečena stranicno
Те боли класично или те гори, како да жеже, пече? Да не е кичмата да ти прави проблем на нерв на ногата?
Првиот преглед по царски абдоминален или вагинален е? И за депилација уште не сум отишла страв ми е од раната помина месец и пол. Дали да се поминам дома со вит крема па после да се депилирам ептен се мислам Низок ми е резот многу