Ништо не боли и ништо не осеќаш. Мене ми беше страв од самото боцкање, дека во кичма те боцка. За време на самата операција ништо не почувствував, си слушав музика на радиото, ми збореа сестри/акушерки итн. Ни бебе осетив, ни ништо. Сето го памнам како низ магла, ми го покажаа, па мајка ми ја видов во ходникот ми рече "леле сине и ти стана мајка", ја нишо не одговорив оти не знаев кај се наоѓам. Ме пушти за релативно брзо време. Додуша едната нога почна да ме пушта можда пола саат саат после операцијата, а другата ми беше укочена и ме фати страв дека ќе останам парализирана. И таа ми се откочи после престојот во шок соба. Мајка ми ја пораѓале три пати со целосна и сите три пати ѝ рекле дека е многу страшно и ми рече фала богу шо веќе скоро воопшто не ги прават со целосна анестезија.
Јас првиот царски бев со епидурална,све осеќаш што работат само не боли,еден дел ме заболе нешто притискаа,осетив како го вадат бебето.Втор царски бев со спинална,со таа не осеќаш ништо буден си,ама не чуствував ништо што пипаат и прават,за серклаж бев со целосна,таа ми е некако најјезива,те гасат како на копче буквално,само ми рече сега ке заспиеш и толку,шкрап,се разбудив после во шок соба.Сега за трет царски ако можам да бирам би одбрала спинална,целосната ме плаши,што ако не се разбудам,со спинална барем гледаш што се случува,2риот царски ми беше многу комплициран ама мислам дека од што бев свесна се изборив да преживеам,а од целосна ми е баш страв.
Ај јас денеска сум изгледа со сите дијагнози после царски Боцкање во стомакот осеќате? Јас мислам ко да ми се распарала матката, некое чудно печење на десната страна внатре во стомакот и сега си мислам што ако ми се одлепи/одпара некој слој како ќе знам?!?! Па внатрешни крварења, па чуда, па заборавени ножици...денес тоа ми е на репертоар
Јас бев со спинална. Убодот со игла буквално не го ни осетив, дали дека имав веќе породилни болки или не незнаж, ама мислам дека и без болки не се осеќа којзнае колку. Немаше цела минута што почна да делува и после не осеќав никаква болка. Само чувствуваш дека го вадат бебето, и го теглат лево десно хаха. Е сега јас додека ме шиееја имав момент на тресење на целото тело и анестезиологот кој ми стоеше до глава ми кажа Не се плаши тоа е од анестезијата ќе помине о стварно за ептен кратко помина. Исто после некаде 2-3 часа од пораѓај почна цело тело да ме чеша, ја прашав сестрата ми кажа дека минело веќе дејството па затоа. Сето ова што го напишав сега стварно не беше страшно или загрижувачко, така да без грижи. Да треба да бирам повторно би одбрала спинална бидејќи одма си го гледаш бебето. Со лесно и без грижи околу тебе имаш буквално 10 души што си ја знаат работата.
И јас имав таква болка тоа е од фасцијата обвивката на мускулите што е шиена ќе помине не се секирај. И јас мислев ми се одлепув атакво чудно грдо чувство ама не. Смири се се ќе биде вл ред.
13+4 Nokeska nemozev da spijam, pa nekoe vreme sum zaspala na grb taka i se razbudiv. Sega polovinata me boli, se nadevam ne e atetno po bebusot da spijam na grb
Ви благодарам многу на одговорите ме смиривте малку оти од вчера од болницата си плачам. сега се замислив , може ќе е подобро спинална ама страв ми е да не испаничам оти тоа е посилно од мене неможам да го контролирам, а додека целосна ќе ми биде подобро ама страв ми е после да не ми се појави тешка кашлица како првиот царски. Многу ми беше тешко со кашлицата. Инаку утре ќе е пораѓајот wish me luck
Со лесно да поминеш, не грижи се таму си во сигурни раце нема да те остават така. Мисли дека конечно ќе го гушнеш и запознаеш бебето и тоа ќе те смири
Ти мене ли ме менуваш на темата? Ножички Истата болка ја имам се уште, на десната страна. Вчера малку повеќе се прошетав и синоќа ме болеше раната. Не пиев ништо, се трпеше, ама боли. Две недели поминаа.
Какво паничење, не им е нив прв пат да влезат во операциона сала, ич не се секирај. Кога ќе те наклукаат со триста инфузии пред операција, внатре кога ќе влезеш ќе не знаеш за себе. Ќе ти биде се рамно. Јас барем така се осеќав, уствари никако не се осеќав, како со гума да ми ги избришаа чувствата. Само гледав околу мене, слушав, а не осеќав ништо, ни страв, ни паника, нит па среќа кога ја извадија ќерка ми. Сега кога ќе помислам на целата процедура, се ми е како во магла. Којзнае со што се ме наклукале. Докторот му рекол на маж ми, браво многу сум била смирена, сум соработувала. Аха, викам нека ме издрогираат уште со нешто и песни ќе им пеев таму. Уште нешто. Они те пратат во секоја секунда, закачена си на рацете и те пратат на монитори. Знаат и пред тебе дали ќе испаничиш.
Ооо мене супер ќе ми биде да ме издрогират и да си лежам укезана али не сум во мк и тука се многу против лекови или такви дроги за смирување во бременост , анестезиологот ми кажа дека целосната анестезија лошо влијаела на бебето и затоа со спинална. Али ќе пробам со спинална, јбг једном се живи, да видам како е
Според тоа што го видов кога се пораѓав јас, подобро е и за мајката и за бебето спинална. Целосна анестезија ставаат само во екстремни случаеви. Иако не си во МК, сигурна сум дека царски рез и таму не прават туку така само со анестезија и ништо друго од лекови. Сигурно си има и таму процедура и во инфузијата пред операција пуштаат по нешто. Ич не му ја мисли, ќе помине дур да трепнеш. Операцијата трае само 20 минути. Мисли си на бебето. Кога ќе го слушнеш како плаче само таму ќе ти бидат и очи и уши. Со лесно.
Имал некој искуство со температура, неколку вечери по ред качувам 37 со 4. Рана во ред, крварењето во ред е, немам болки освен оваа температура. Се е нормално освен температурата. Паѓа од парацитамол. Пак тест за корона, пак негативна. Чудно.